Tag Archives: Web

Недвижности.нет – Web портал – Пазар на Недвижности

Nedviznosti.net

Недвижностите во модерното секојдневие најефикасно можат да се презентираат преку модерен и интуитивен web портал.
Nedviznosti.net е web платформа која организира и презентира понуда на недвижен имот за продавање или закуп. Податоците се организирани во база која овозможува селектирање по зададени критериуми, тип на имот, ЛОКАЦИЈА како најбитен фактор во секоја понатамошна аматерска или професионална процена на реалната вредност на одреден имот.

Ова е кратка најава за стартот на Nedviznosti.net  , повелете, користете го во текот на промотивниот бесплатен период.

Web публикување и администрирање со просторни настани – www.MKmaps.com – Магистерска тема

MKmaps

Магистерска тема “Web публикување и администрирање со просторни настани” 
Master Thesis “Web publishing and administration with geospatial events”

Ментор: проф.др Ванчо Ѓорѓиев
кандидат: Александар Тушев дипл.геод.инж
Реализиран проект, OnLine промотивна Карта на Македонија: www.MKmaps.com | www.welcome2macedonia.com

…..
Администрирањата со просторните податоци како дел од е-управувањата, одсекогаш преставувале дополнителен предизвик раководени од комплексноста во дефинирањето, димензионирањето и дистрибутивните условувања без разлика дали станува збор за отворени и/или затворени системски решенија.

Успешното управување и развојот на недвижниот простор, инфраструктурата и настаните поврзани со него, е базирано врз квалитетни просторни податоци и системи за чување и администрирање на податоците. Во многуситуации просторниот податок значително може да помогне во носењето позитивна одлука за интелигентно искористување на просторните ресурси.

Раководејки се од оваа констатација, предмет на оваа истражување ќе бидат просторните податоци и нивната дистрибутивност базирани врз WEB ориентирани решенија. Во тој контекст, а следејки ја комплексноста на случувањата во реалниот свет, истражувањата ќе бидат ориентирани кон балансот на ресурси и алгоритми за подршка на администрацијата со просторните настани. Ваков приод во суштина ќе има одговорност хиерархиски да ги рангира просторните функции по значај, ориентација и системското вклопување како интегрални решенија ориентирани кон управувањето и донесувањето на институционални и поединечни одлуки во бизнис и друг вид на економски и политички одлуки.

Поконкретно, цел на овој труд е да го покаже местото и моќта на ГеоПросторните податоци сервирани како информации во планирање и носење квалитетни бизнис или индивидуални одлуки поврзани со просторни сегменти и тоа пред огромниот број корисници на Интернет.
MKmaps

За да биде појасен ликот на продуктот “геопросторна информација” и основите од кој информацијата се произведува, во трудот ќе се афирмираат основните сетови на геопросторните податоци, технолошките процеси за аквизиција и обликување на податоците, стандардите со кои се регулира продукцијата на просторните податоци, претпоставките и реалната конструкција на економските фактори кои како иницијатива и показатели треба да ја дадат оправданоста/исплатливоста и конкурентноста на понудениот концепт во амбиенталните опкружувања.

……

Превземи ја темата во .pdf
Превземи ја презентацијата .pps

……

Содржина

Вовед

  1. E-општество
  2. Предмет и цел на Магистерскиот труд
  3. Досегашни истражувања и достигнувања во оваа област
  4. Концепт и методологија на истражувањата
  5. Очекувани резултати

Анализа на системска/корисничка основа за Webпубликување и администрирање просторни податоци

  1. ГеоПросторни податоци
    1. Препознатливи пакети геопросторни подадоци
    2. Продукција, дистрибуција и управување со геопросторни податоци
    3. Квалитет, Униформност и Стандарди кај ГеоПросторниот податокот
      1. INSPIRE иницијатива
      2. Актуелност на податокот и ISO стандарди во оваа област
  2. Информатичка платформа
  3. Трансформирање на геопросторните податоци во бизнис геоинформации
    1. Концепти за избор на репрезентативен податок
    2. Можности за бизнис примена на геопросторните податоци

Анализа при избор на оптимална технологија за Webпубликување и администрирање просторни податоци

  1. Формати на публикување
  2. Целни групи клиенти
  3. Потребни ресурси на серверска страна
  4. Потребни ресурси на клиентска страна

Web GIS проект –www.MKmaps.com

  1. Мисија на проектот webинтерактивна карта
  2. Информатичко-Технолошка основа на апликацијата

Заклучни ставови

  1. Инвестирање и развој на технолошки платформи за управување со ГеоПросторни податоци во нашето бизнис опкружување …

Web Mapping можност за презентација

MKmaps

Web презентација на просторни сегменти

Користењето на современата технологија овозможува се повеќе начини за публикување на просторни податоци со најразлична намена.
Еве една интересна можност за визуелизирање на просторни сегменти што може да се примени за најразлични корисни презентации.
Применет е збир од современи геоинформатички технологии кои обезбедуват квалитетни просторни податоци и едноставен, без никакви побарувања на корисничка страна, информатички код за публикување.

  • Во можност сме да Ви понудиме проект и технологија за прибирање просторни податоци и Web картирање по Ваше барање
  • Повеќе на www.welcome2macedonia.com | www.MKmaps.com

Бензинските станици на Lukoil Македонија, промо Мапа

 

“Web портали со Геодетска ориентација”

Дипломска работа – “Web портали со Геодетска ориентација”Mентор: проф.др Ванчо Ѓорѓиев
Кандидат: Александар ТушевВовед

Интернетот како медиум

Интернет от како медиум  во последните години доби ва висока популарност во секој сегмент од современото живеење . Тој тренд е во силен пораст и тоа е сосема оправдано ако направиме споредба колку брзо и едноставно ги добиваме информациите од интернет за разлика од сите други медиуми. 24часа на ден Web страните се достапни за секој што сака да добие актуелна информација.

Вовед
Интернетот како медиум
ГеоИнформациски Системи
Geo локации/сегменти и атрибути приврзани за нив
Web публикување податоци
Структура на системот за Web публикување
Web публикување Geo податоци
Структура на системот за Web публикување GeoData
Web портал   www.gizzo.mk
Апликација со повеќе елементи публикувана на Интернет сервер, достапна за сите Корисници
Заклучни ставови од темата 

 

Користена литература и податоци 
Библиотека на користени поими 

Развојот на идеата за пристап и пренос информациски пакети меѓу повеќе кориснички компјутери почнува во 1960тите години. Министерството за Одбрана на САД ( U.S. Department o Defense Advanced Research Projects Agency (ARPA) ) го развива и реализира проектот ARPANET – мрежа од компјутери со пристап до информации наменети само за воени потреби. ARPA формира и две мрежи со сателитски пренос на информациите помегу компјутери-корисници на различни просторни локации. Секоја од овие мрежи задоволува само конкретна  потреба за која е развивана и е достапна на потесен круг корисници.

Шема-Интерконекција меѓу компјутерски мрежи

Потребата за брз пристап до повеќе информации пред корисникот иницира развој на методологија за интерконекција меѓу поголем број компјутерски мрежи – Интернет. Интерконекцијата е овозможена по принцип на логичка(виртуелна) врска со дефиниран сет мрежни протоколи ( Transmission Control Protocol/Internet Protocol (TCP/IP)) кои нудат со впишување на текстуална адреса (word processors)да се воспостави протек на информации меѓу различни типови компјутери од различни мрежи.

Во почетокот  на 1980-тите користејки ги TCP/IP протоколите многу научни и владини агенции формираат компјутерски мрежи ( Computer Science NETwork, Department of Energy’s Magnetic Fusion Energy Network (MFENet), High Energy Physics NETwork (HEPNET), National Science Foundation NETwork (NSFNET) ). Интернет навлегува и во поголеми компании за нивни комерцијални цели, со што секојдневно се развиват технологии и правила за да се добијат поголеми бенифити од размената на потребни информации. Кон крајот на 80тите како склоп на сите дотогашни технологии и протоколи е креирана широка светска мрежа ( World Wide Web ).

Со глобалното распространување кон мрежата пристапуваат огромен број корисници од различни општествени сегменти па www го добива приматот јавен сервис, кој нуди информации од повеќе видови и различно потекло .

Денес, кога информацијата е моќ, интернетот е водечки медиум. Високото ниво на интелектуален и технолошки развој, трендовите на глобализација во економски и политички светски целини, наметнуваат потреба од брз пристап до актуелни, систематизирани и доверливи информации од многу различни точки на Земјината сфера. Се поголеми се барањата од милиони корисници за информации поврзани со барана Geo -локација Сообраќајна инфраструктура–најкраток пат до одредена адреса/локација, Туристички локалитети за баран регион, Вегетација и култури на замјоделското земјиште, Разместеност на население, Разместеност на индустриски објекти, Недвижности,  Оски на развој и просторни планови,   и сл).

Интернетот како систем за размена на податоци нуди можност за развој и креирање платформи кои пред огромниот број корисници ќе публикуваат Geo – информации.

….

Целата тема погледнете ја на овој линк 
http://www.tushev.gizzo.mk/wp1_web_gis.html

 

Можеби ве интересираclose