Tag Archives: Картографија

Прослава на “5-ти Март 2012 година – Денот на европските геодети и Геоинформации” , а во чест на 500 години од раѓањето на познатиот картограф Герхард Крамер Меркатор

MERCATOR MAP

По повод одбележувањето на прославата “5-ти Март 2012 година – Денот на европските геодети и Геоинформации” со организирање на централна прослава во Брисел – Белгија, а во чест на 500 години од раѓањето на познатиот картограф Герхард Крамер Меркатор,
Комората на овластени геодети на Република Македонија како полноправна членка на Советот на Геодети на Европа со особена чест и задоволство, Ве поканува и Вие да присуствувате на пригодното одбележување на овој настан, којшто ќе се одржи на ден 01.03.2012 година (четврток) во хотел “ХОЛИДЕЈ ИН” – Скопје, со почеток во 12,00 часот.

Во склоп на овој настан за животот и делото на еден од основоположниците на картографијата ќе зборува проф. д-р Златко Србиноски од Катедрата за виша геодезија при Градежниот факултет во Скопје.

Согласно Програмата за континуирана едукативна настава за 2012 година ќе биде одржана и Првата едукативна настава со сопствена презентација од страна на м-р Хендрик Вестербек, претставник на Катастарот на Кралството Холандија.

АГЕНДА:
Четврток, 01.03.2012 год.
11,45 -12,00 Пристигање во хотел Холидеј Ин-Скопје (сала Милениум 2);
12,00 -12,15 Поздравен говор на Претседателот на Комората на овластени геодети на Република Македонија;
12,15- 12,45 “Герхард Крамер Меркатор – 500 години од раѓањето на големиот картограф” проф. д-р Златко Србиноски;
13,00-13,30 “Катастарот и геодезијата во ГеоИнформациските системи – предизвик за младите луѓе” м-р Хендрик Вестербек;
13,40-14,00 Делење на годишни Сертификати за посета на едукација за 2011 год.

Котизацијата за Овластените геодети за оваа едукативна настава е во износ од 500,00 денари.

Срдечен поздрав,

Претседател на Комора
на овластени геодети на РМ
…………………………………………………
м-р Борис Тунџев, дипл.геод.инж.

Поканата за 1-та едукативна настава за 2012 во .pdf можете да го превземете на линкот долу
ПОКАНА за 1-та едукативна настава за 2012 > превземи .pdf >

Повеќе за овој настан на Европско ниво на следниот линк
“Day of the European Surveyor and GeoInformation”

Современа мерна технологија во денешните инфраструктурни проекти

Geomatic

Филозофијата на геометрија во просторот – просторен инженеринг суштински останува иста, но денешнава современа технологија ни нуди огромни олеснувања, зголемување на продуктивноста и најмногу сигурноста во добиените резултати од терен и на терен.

Генерално, во контекст на темата примена на современата мерна технологија во инфраструктурни проекти при снимање на терен и обележување на проектни податоци назад на терен, можат да се издвојат неколку групи на инструментално-технолошки решенија.

Прво, најкласично но со свое достојно значење, се Тоталните станици – мерни системи кои врз основа на прецизно мерење на хоризонтални и вертикални агли и коса должина ни ги процесираат 3D координатите за деталните точки од теренот. Денешниве тотални станици ги земаат предвид сите теоретски претпоставки за точноста во процесот на мерење. Предвидена е компензација на отстапувањата по двете оски и автоматско корегирање на мерените големини со тие отклони, вградена е заштита од груби отстапувања од условите за мерење а мерењето на должините е со најсофистицирани електронски должиномери.
Врз основа на овие карактеристики, тоталните станици ни овозможуваат точност и сигурност на податоците и со дел од агловна секунда а за должините во ранг на милиметар.
Овие карактеристики ни дозволуват да ги употребиме во процесите на снимање и прецизно обележување на проектни карактеристики на терен.

Нешто понова технологија и во последно време се поприменувана е GNSS технологијата. Овој систем позиционирањето го врши со помош на сигнали (мерења) од системи вештачки сателити. Моќните GNSS приемници и уште поважно, софтверот со кој се процесираат податоците овозможуваат со оваа технологија да се прибираат и обележуват на терен просторни координати со солидна сантиметарска геодетска точност.

Во попрецизните инженерски работи, за снимање обележување и контрола на висински разлики се користат нивелири. Денешнава мерна техника го има усовршено нивелирањето и освен класичното оптичко отчитување на висински разлики и понатамошно пресметување, веќе се применува и техника на бар-код нивелмански летви на кои нивелирот дигитално ја отчитува отсечката, пресметува висинска разлика и ја меморира како вредност за понатамошно пресметување.

Најнов тренд во прибирањето на просторни податоци е методологијата на терестричко скенирање.
Овој е одличен начин за масовно прибирање на податоци за изработка на 3D модели за проектирање и контрола на градби. И оваа метода дава висока точност и во комбинација со моќен софтвер, милионите снимени точки се обработуват, прочистуват непотребните и се добива реален просторен модел.

Видео:
Leica 3D Laser scaner

Линк
Погледнете повеќе информации за Leica Geosystems водечкиот бренд за мерни технологии

 

Александар Тушев,
дипл.геод инж ,
25 Октомври 2010

Топографски карти како позадина на Вашиот рачен GARMIN GPS навигатор

Garmin_rasterMAP

Рачните GARMIN GPS/GLONASS уреди за теренска навигација се од голема корист, ако Вашата работа или хоби вклучува посета и движење по терени!
garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1Напреден, цврст дизајн, екран на допир или со копче за управување, можност за  Камера, инсталирани дигитални топо мапи, барометарски altimeter, 3-axis електронски компас, wireless data sharing, touchscreen, high-sensitivity GPS ресивер со овозможени WAAS /EGNOS, колор дисплеј, microSD™ картичка. Некои модели имаат и можност за Внесување на скенирани растерски подлоги! Импортирање на сателитски снимки BirdsEye™ Satellite Imagery дирекно во уредот!

GARMIN GPS навигација за секоја потреба … сигурно до целта!
www.GarminGPS.mk / 078 306 200 / info@garmingps.mk

Web публикување и администрирање со просторни настани – www.MKmaps.com – Магистерска тема

MKmaps

Магистерска тема “Web публикување и администрирање со просторни настани” 
Master Thesis “Web publishing and administration with geospatial events”

Ментор: проф.др Ванчо Ѓорѓиев
кандидат: Александар Тушев дипл.геод.инж
Реализиран проект, OnLine промотивна Карта на Македонија: www.MKmaps.com | www.welcome2macedonia.com

…..
Администрирањата со просторните податоци како дел од е-управувањата, одсекогаш преставувале дополнителен предизвик раководени од комплексноста во дефинирањето, димензионирањето и дистрибутивните условувања без разлика дали станува збор за отворени и/или затворени системски решенија.

Успешното управување и развојот на недвижниот простор, инфраструктурата и настаните поврзани со него, е базирано врз квалитетни просторни податоци и системи за чување и администрирање на податоците. Во многуситуации просторниот податок значително може да помогне во носењето позитивна одлука за интелигентно искористување на просторните ресурси.

Раководејки се од оваа констатација, предмет на оваа истражување ќе бидат просторните податоци и нивната дистрибутивност базирани врз WEB ориентирани решенија. Во тој контекст, а следејки ја комплексноста на случувањата во реалниот свет, истражувањата ќе бидат ориентирани кон балансот на ресурси и алгоритми за подршка на администрацијата со просторните настани. Ваков приод во суштина ќе има одговорност хиерархиски да ги рангира просторните функции по значај, ориентација и системското вклопување како интегрални решенија ориентирани кон управувањето и донесувањето на институционални и поединечни одлуки во бизнис и друг вид на економски и политички одлуки.

Поконкретно, цел на овој труд е да го покаже местото и моќта на ГеоПросторните податоци сервирани како информации во планирање и носење квалитетни бизнис или индивидуални одлуки поврзани со просторни сегменти и тоа пред огромниот број корисници на Интернет.
MKmaps

За да биде појасен ликот на продуктот “геопросторна информација” и основите од кој информацијата се произведува, во трудот ќе се афирмираат основните сетови на геопросторните податоци, технолошките процеси за аквизиција и обликување на податоците, стандардите со кои се регулира продукцијата на просторните податоци, претпоставките и реалната конструкција на економските фактори кои како иницијатива и показатели треба да ја дадат оправданоста/исплатливоста и конкурентноста на понудениот концепт во амбиенталните опкружувања.

……

Превземи ја темата во .pdf
Превземи ја презентацијата .pps

……

Содржина

Вовед

  1. E-општество
  2. Предмет и цел на Магистерскиот труд
  3. Досегашни истражувања и достигнувања во оваа област
  4. Концепт и методологија на истражувањата
  5. Очекувани резултати

Анализа на системска/корисничка основа за Webпубликување и администрирање просторни податоци

  1. ГеоПросторни податоци
    1. Препознатливи пакети геопросторни подадоци
    2. Продукција, дистрибуција и управување со геопросторни податоци
    3. Квалитет, Униформност и Стандарди кај ГеоПросторниот податокот
      1. INSPIRE иницијатива
      2. Актуелност на податокот и ISO стандарди во оваа област
  2. Информатичка платформа
  3. Трансформирање на геопросторните податоци во бизнис геоинформации
    1. Концепти за избор на репрезентативен податок
    2. Можности за бизнис примена на геопросторните податоци

Анализа при избор на оптимална технологија за Webпубликување и администрирање просторни податоци

  1. Формати на публикување
  2. Целни групи клиенти
  3. Потребни ресурси на серверска страна
  4. Потребни ресурси на клиентска страна

Web GIS проект –www.MKmaps.com

  1. Мисија на проектот webинтерактивна карта
  2. Информатичко-Технолошка основа на апликацијата

Заклучни ставови

  1. Инвестирање и развој на технолошки платформи за управување со ГеоПросторни податоци во нашето бизнис опкружување …

Трудот под наслов Data Quality of Global Map and Some Possibilities/Limitations for Its Wide Utilization for Global Issues е избран за труд на месец Март 2011 од FIG

Трудот под наслов ” Data Quality of Global Map and Some Possibilities/Limitations for Its Wide Utilization for Global Issues ” изработен од страна на prof.dr. Bashkim Idrizi од Скопје во коавторство со prof.dr. Pal Nikolli, prof.dr. Murat Meha i prof.dr. Ismail Kabashi е прогласен за труд на месец Март 2011 на светско ниво од страна на Меѓународната Федерација на Геодети(FIG), и е објавен на нивната web страна www.fig.net

А.Тушев, 19 Март 2011

Можеби ве интересираclose