Tag Archives: Катастар

Имотен лист OnLine во три чекори – Катастар

imoten-list-online-katastar-georeport

Почитувани пријатели,

Од денеска, 29.12.2015 година, граѓаните,бизнис заедницата, нашите иселеници во странство ќе можат имотен лист, копија од катастарски план, геодетски точки,административни карти, WMS сервиси и многу други производи од катастарот, да ги порачаат и платат преку интернет и истите за неколку минути ќе им бидат доставени на нивнате е-маил адреса.

Подетално на http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/

 

Facebook статус г-дин Славе Трпески – директор на Агенцијата за Катастар на Недвижности на Р.Македонија

Имотен лист OnLine преку Интернет

katastar-skica-imoten-list

Граѓаните ќе добијат можност од дома преку интернет да порачаат имотен лист, кој веднаш во електронска форма или по пошта ќе им биде доставен на нивна адреса, вели во интервју за МИА директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

katastar skopje

Проектот за електронскиот шалтер на Катастарот моментно ги вклучува најголемите корисници на услуги од катастарот на недвижности, нотари, приватни геодетски компании и општини коишто имаат 24 часовен електронски пристап до услугите на катастарот.

Tрпески информира дека Катастарот досега впишал 95.656 легализирани објекти. Тоа, појаснува, значи дека толку семејства се стекнале со имотен лист за својот објект, што  ќе им овозможи наследување на имотот, продажба,  заложување во банките за кредити за нови инвестиции, како и да бараат од општините да им ги исполнат сите услови од комуналната сфера, да им се урбанизира локацијата, да им се изгради пат, да им се обезбеди квалитетен приклучок на струја, вода, канализација…

Поефикасни услуги за граѓаните од Катастарот на недвижности

slavco trpevski katastar georeport

Благодарение на реформите кои во изминативе години ги направи Катастарот на недвижности, пред се воспоставувањето на електронскиот катастар, поврзувањето со приватните геодетски фирми, со општините и дигитализацијата, минатата година Катастарот ја заврши со само 0.12 отсто нерешени предмети од околу еден милион предмети.

Ова го истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, во вестите на Алфа телевизија, кој додаде дека до Катастарот пристигнале преку 277.000 предмети.

Просечното време за решавање на предметите во кои се опфатени геодетски елаборати, како што нагласи, се решаваат за пет дена, што рече, е најдобро просечно време за решавање и во Европа во Катастерите каде што на едно место се и геодезијата и правото. Останатите предмети, нагласи тој, се решаваат во рок од два дена.

-Ова за граѓаните значи огромен бенефит, кратење на трошоците пред се, бидејќи до сега граѓанинот мораше да дојде до катастарот да го извади својот имотен лист и да поднесе барање, а сега тоа го прави до најблискиот, нотар, најблискиот геодет, односно до општината, нагласи Трпески.

Тој додаде дека од 3.Февруари годинава сите нотари ги доставуваат предметите во Катастар по електронски пат.

-Целта е да се скратат трошоците а Катастарот од друга страна да има професионални корисници, нотари, општини и геодети, со цел на едно место граѓаниот да ја заврши целокупната работа, рече првиот човек на Агенцијата за катастар на недвижности

Извор: Алфа ТВ

Меморандум за соработка меѓу Mакедонскиот и Српскиот Kатастар

АКН

Македонската Агенција за Катастар на Недвижности и Српскиот Републички Геодетски Завод денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе разменуваат информации и искуства со цел унапредување на соработката и учество во регионални проекти.

Според директорот на Републичкиот Завод на Србија Крејовиќ, Македонија има големи позитивни постигнувања во катастарското работење кои ќе ги користи и српската институција.

– Македонија отиде далеку во примената на новите информатичко-комуникациски технологии. Имате е-катастар и централна база на податоци, која што сеуште ја немаме во Србија. Кога ќе стасаме до тоа ниво ќе се разменуваат податоци помеѓу граѓаните преку интернет, рече по потпишувањето на Меморандумот Крејовиќ.

Според Трпески за македонскиот катастар ќе бидат корисни српските искуства во воспоставувањето на скен центарот што сеуште не е имплементиран во Македонија и за кој веќе се подготвува студија.

Извор: АКН

АКН донесе Правилник за премер на Недвижности

Pravilnik Premer Nedviznosti 09 2013

Врз основа на член 74 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2013), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕМЕР НА НЕДВИЖНОСТИ.

Со овој правилник се пропишува начинот на извршување на премерот на недвижностите во функција на востановување и одржување на катастарот на недвижности, како и формата и содржината на геодетските елаборати од извршениот премер.

Повеќе детали на страната на АКН и КОМОРА на Трговци Поединци Овластени Геодети и Трговски Друштва за Геодетски Работи

Превземете го ПРАВИЛНИКОТ на овој >линк >

Се бара директор на Агенцијата за катастар – Скопје

katastar skopje

Во рамките на големиот владин оглас за ангажирање на лица на раководни позиции, додадено е уште едно раководно место.

Се бара директор на Агенцијата за катастар-Скопје. За оваа позиција рокот за доставување на пријавите е 15.06.2013.

Местото е испразнето откако досегашниот директор Диме Спасов беше назначен на функцијата министер за труд и социјална политика.

Владата распиша јавен оглас за ангажирање на над 80 лица на високи државни раководни позиции и функции.

Катастарот ќе биде и берза на промет на недвижностите

katastar-direktot-trpkovski-slavce-georeport

Mасовна проценка на недвижностите во цела држава со која Kататстарот ќе функционира како берза на недвижностите, целосно дигитализирање на катастарските планови, исфрлање од употреба на хартијата и комплетно електронско функционирање на катастарот. Тоа се дел од плановите и активностите на Агенцијата за катастар на недвижности кои ги најавил директорот на АКН, Славче Трпески во интервју за МИА.

Ако денес некој сака да купи стан и не знае која е неговата цена во иднина ќе може да си ја формира преку катастарот.  Пред да купи нов стан точно ќе знае колкава е вредноста на таа недвижност.
Тој веќе ќе има информација со која ќе настапи во прометот, вели Трпески и појаснува дека станува збор за сложена операција со која треба да се направи процена на 800.000 објекти и околу 4 милиони парцели.

– По првичната процена најмалку еднаш годишно ќе се врши репроценка.  Пазарот е таков, може да се случи денес да имате добра цена, но од икс причини утре таа цена да падне. Ако до вашата куќа дојде некој познат пејач цената ќе и се зголеми, а ако дојде некој кој ќе прави врева, цената на куќата ќе падне, изјавил директорот на Катастар.

Ова е позитивен чекор напред во Бизнисот со недвижности и наша проценка е дека ќе им олесни на потенцијалните купувачи при изборот на својот дом или парцела.

 

 

Агенцијата за катастар на недвижности воведе нова услуга Пристап до податоците од катастар на земјиште, наменета за Tрговците поединци – овластени геодети и за Трговските друштва за геодетски работи.

Агенцијата за катастар на недвижности воведе нова услуга Пристап до податоците од катастар на земјиште, наменета за Tрговците поединци – овластени геодети и за Трговските друштва за геодетски работи.
Податоците од оваа услуга ќе можат да се користат за изготвување на геодетски елаборати за излагање на оние недвижности кои останале со незапишани права во постапката на систематско излагање. Трговците–поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи бараните податоци ќе можат да ги добијат по електронски пат.
Начинот на регистрација, Договорот и Тарифникот за користење на услугата, корисниците можат да го превземат од веб страната на Агенцијата www.katastar.gov.mk.

  • Повеќе на оваа тема на официјалниот web портал на Комората на Овластени Геодети!
  • www.Komora-geodeti.mk

А.Тушев,
10 Февруари 2011

Недвижностите и односите што се создаваат околу нивната сопственост и владение одсекогаш привлекувале внимание во општествените односи

Недвижностите и односите што се создаваат околу нивната сопственост и владение одсекогаш привлекувале внимание во општествените односи. Тргнувајки од основните определби на Уставот на РМ, со кој се гарантира правото на сопственост, разбирлив е интересот на граѓаните да бараат евидентирање и прецизно дефинирање на границите на својата сопственост.
Во современиот начин на живеење без ефикасен систем кој ажурно ги дефинира, димензионира, обликува и сервисира информациите за недвижностите (просторната локација и сопственост, а на тоа се дополнуват и други податоци) неможе да се замисли развојот на било кое општество.
За недвижности, во законска смисла, се сметаат: земјиште, згради, посебни делови од згради и други објекти изградени на земјиштето. Информационен систем за недвижностите е Катастарот, кој нуди геометриски и атрибутни податоци за недвижностите во државата. Во сите негативни странски извештаи за состојбите во нашава држава редовно се спомнуват и проблемите кои ги продуцира катастарот со спорото и неажурно издавање податоци за сопственоста и положбата на недвижностите.
И покрај сите негативни коментари за Катастарот, целта на овој текст е да дадеме поддршка за позитивната кампања за проектот “Катастар на недвижности – Да се знае што е чие” со новата web страна и телевизиска реклама во ударни термини со што на крајните корисници им се приближуваат настаните во овој сегмент.

  • Повеќе детали на официјалната страна на ДЗГР
    www.katastar.gov.mk

До брзо видување, имајте убав ден!

А.Тушев, дипл.геод инж
25.01.2007

Ново од 2006 година е стартот на приватната Геодетска пракса а со тоа и приватните Гео Компании. Води ли ова кон подобра Геодезија?

Ново во 2006 година е почетокот на приватната геодетска пракса, со што се очекува подобрување на состојбите првенствено со ажурноста на Катастарот, а и во сите области каде просторните податоци се користат за планирање и анализи.
Неколку месеци по донесениот Закон со кој геодетскиот премер за ажурирање и одржување на катастарскиот систем се префрла во рацете на приватни Геодетски фирми се појавија и првите субјекти во овој значаен општествен сегмент.
Сегашните состојби во Катастарот укажуваат дека многу треба да се направи за да добиеме еден современ Катастар кој со кратки шалтерски процедури ќе обезбедува и одржува податоци за сопственоста и други атрибути на недвижностите во нашава држава. Нормално е да се очекува дека со стартот на приватниот сектор стандардите во оваа дејност ќе се подигнат но сепак е рано да се оценува до кое ниво ќе оди развојот.
Според Законот, да се регистрира друштво за геодетски работи треба да се задоволат одредени услови од областа на стручна подготвеност (лиценца за работа) и техничка опременост со соодветни технологии што ќе ја задоволат побараната точност на просторен податок што ќе се евидентира во Катастарот.

На оваа тема ќе елаборираме информации, предлози и критики од сите заинтересирани учесници во овој значаен општествен сегмент.

До брзо видување, имајте убав ден!
А.Тушев, дипл.геод инж
e-mail: mail@georeport.mk

14.05.2006

Можеби ве интересираclose