Tag Archives: 3D

Современа мерна технологија во денешните инфраструктурни проекти

Geomatic

Филозофијата на геометрија во просторот – просторен инженеринг суштински останува иста, но денешнава современа технологија ни нуди огромни олеснувања, зголемување на продуктивноста и најмногу сигурноста во добиените резултати од терен и на терен.

Генерално, во контекст на темата примена на современата мерна технологија во инфраструктурни проекти при снимање на терен и обележување на проектни податоци назад на терен, можат да се издвојат неколку групи на инструментално-технолошки решенија.

Прво, најкласично но со свое достојно значење, се Тоталните станици – мерни системи кои врз основа на прецизно мерење на хоризонтални и вертикални агли и коса должина ни ги процесираат 3D координатите за деталните точки од теренот. Денешниве тотални станици ги земаат предвид сите теоретски претпоставки за точноста во процесот на мерење. Предвидена е компензација на отстапувањата по двете оски и автоматско корегирање на мерените големини со тие отклони, вградена е заштита од груби отстапувања од условите за мерење а мерењето на должините е со најсофистицирани електронски должиномери.
Врз основа на овие карактеристики, тоталните станици ни овозможуваат точност и сигурност на податоците и со дел од агловна секунда а за должините во ранг на милиметар.
Овие карактеристики ни дозволуват да ги употребиме во процесите на снимање и прецизно обележување на проектни карактеристики на терен.

Нешто понова технологија и во последно време се поприменувана е GNSS технологијата. Овој систем позиционирањето го врши со помош на сигнали (мерења) од системи вештачки сателити. Моќните GNSS приемници и уште поважно, софтверот со кој се процесираат податоците овозможуваат со оваа технологија да се прибираат и обележуват на терен просторни координати со солидна сантиметарска геодетска точност.

Во попрецизните инженерски работи, за снимање обележување и контрола на висински разлики се користат нивелири. Денешнава мерна техника го има усовршено нивелирањето и освен класичното оптичко отчитување на висински разлики и понатамошно пресметување, веќе се применува и техника на бар-код нивелмански летви на кои нивелирот дигитално ја отчитува отсечката, пресметува висинска разлика и ја меморира како вредност за понатамошно пресметување.

Најнов тренд во прибирањето на просторни податоци е методологијата на терестричко скенирање.
Овој е одличен начин за масовно прибирање на податоци за изработка на 3D модели за проектирање и контрола на градби. И оваа метода дава висока точност и во комбинација со моќен софтвер, милионите снимени точки се обработуват, прочистуват непотребните и се добива реален просторен модел.

Видео:
Leica 3D Laser scaner

Линк
Погледнете повеќе информации за Leica Geosystems водечкиот бренд за мерни технологии

 

Александар Тушев,
дипл.геод инж ,
25 Октомври 2010

Web Mapping можност за презентација

MKmaps

Web презентација на просторни сегменти

Користењето на современата технологија овозможува се повеќе начини за публикување на просторни податоци со најразлична намена.
Еве една интересна можност за визуелизирање на просторни сегменти што може да се примени за најразлични корисни презентации.
Применет е збир од современи геоинформатички технологии кои обезбедуват квалитетни просторни податоци и едноставен, без никакви побарувања на корисничка страна, информатички код за публикување.

  • Во можност сме да Ви понудиме проект и технологија за прибирање просторни податоци и Web картирање по Ваше барање
  • Повеќе на www.welcome2macedonia.com | www.MKmaps.com

Бензинските станици на Lukoil Македонија, промо Мапа

 

Можеби ве интересираclose