Tag Archives: Факултет

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Градежниот факултет

Memorandum_Katastar AKN_Gradezen Geodezija

На Градежниот факултет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при УКИМ. Во присуство на претставници на двете институции, Меморандумот го потпишаа г. Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности и г. Милорад Јовановски, декан на Градежниот факултет.

AKN GRADEZEN potpisan memorandumСо Меморандумот за соработка се утврдуваат облиците и начинот на соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје во областа на геодезијата и вишата геодезија, како и основните геодетски работи, премерот на недвижности, топографските карти, картографијата, националната инфраструктура на просторни податоци, управувањето со геодетско-катастарскиот информациски систем, катастарот на недвижности, масовната проценка на недвижности, Регистарот на просторни единици и други области кои се во надлежност на двете институции.

Соработката ќе се реализира преку:
размена на информации за активностите на институциите, соработка при спроведувањето на практичната настава на студентите по геодезија од Градежниот факултет, како и обезбедување потребни услови за нејзино спроведување, преку нивно запознавање со работните процеси на Агенцијата за катастар на недвижности (процесите на изработка на топографските карти, основните геодетски работи, дигитализацијата, развивањето на GIS системите и друго), соработка во обезбедувањето потребни услови за обука на овластените геодети (човечки, просторни, технички итн.) во функција на спроведување на континуираната обука за овластените геодети како надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, определување заеднички тимови на предавачи на теми

На Градежниот факултет ќе се одржи првиот workshop од BALGEOS II проектот

Во периодот 28-30.09.2009, на Градежниот факултет ќе се одржи првиот воркшоп од BALGEOS II проектот. На стручните предавања предвидено е свои презентации да имаат
Проф. Shuch и Проф. Weber од Техничкиот универзитет од Виена и
Проф. Георгиев од Бугарската академија на науките.
Исто така, во рамките на овие предавања, предвидена е и презентација на целите и постигнувањата од BALGEOSи BALGEOS II проектите на кои работиме речиси 2 години. Таа презентација ќе ја одржи Д-р Пашова од Централната лабораторија за геодезија при Бугарската академија на науките.
Вкупното траење на предавањата и презентациите е предвидено да биде 3.5 часа (со кафе пауза по второто предавање).
Во рамките на овој настан ќе се организира и термин за континуирана едукација на овластени геодети, организиран од Комората на Овластени Геодети на РМ.

14 Септември 2009

Можеби ве интересираclose