Tag Archives: Недвижности

АКН донесе Правилник за премер на Недвижности

Pravilnik Premer Nedviznosti 09 2013

Врз основа на член 74 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2013), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕМЕР НА НЕДВИЖНОСТИ.

Со овој правилник се пропишува начинот на извршување на премерот на недвижностите во функција на востановување и одржување на катастарот на недвижности, како и формата и содржината на геодетските елаборати од извршениот премер.

Повеќе детали на страната на АКН и КОМОРА на Трговци Поединци Овластени Геодети и Трговски Друштва за Геодетски Работи

Превземете го ПРАВИЛНИКОТ на овој >линк >

Недвижности.нет – Web портал – Пазар на Недвижности

Nedviznosti.net

Недвижностите во модерното секојдневие најефикасно можат да се презентираат преку модерен и интуитивен web портал.
Nedviznosti.net е web платформа која организира и презентира понуда на недвижен имот за продавање или закуп. Податоците се организирани во база која овозможува селектирање по зададени критериуми, тип на имот, ЛОКАЦИЈА како најбитен фактор во секоја понатамошна аматерска или професионална процена на реалната вредност на одреден имот.

Ова е кратка најава за стартот на Nedviznosti.net  , повелете, користете го во текот на промотивниот бесплатен период.

Катастарот ќе биде и берза на промет на недвижностите

katastar-direktot-trpkovski-slavce-georeport

Mасовна проценка на недвижностите во цела држава со која Kататстарот ќе функционира како берза на недвижностите, целосно дигитализирање на катастарските планови, исфрлање од употреба на хартијата и комплетно електронско функционирање на катастарот. Тоа се дел од плановите и активностите на Агенцијата за катастар на недвижности кои ги најавил директорот на АКН, Славче Трпески во интервју за МИА.

Ако денес некој сака да купи стан и не знае која е неговата цена во иднина ќе може да си ја формира преку катастарот.  Пред да купи нов стан точно ќе знае колкава е вредноста на таа недвижност.
Тој веќе ќе има информација со која ќе настапи во прометот, вели Трпески и појаснува дека станува збор за сложена операција со која треба да се направи процена на 800.000 објекти и околу 4 милиони парцели.

– По првичната процена најмалку еднаш годишно ќе се врши репроценка.  Пазарот е таков, може да се случи денес да имате добра цена, но од икс причини утре таа цена да падне. Ако до вашата куќа дојде некој познат пејач цената ќе и се зголеми, а ако дојде некој кој ќе прави врева, цената на куќата ќе падне, изјавил директорот на Катастар.

Ова е позитивен чекор напред во Бизнисот со недвижности и наша проценка е дека ќе им олесни на потенцијалните купувачи при изборот на својот дом или парцела.

 

 

Можеби ве интересираclose