Tag Archives: МАКПОС

Визуелизација на точноста на МАКПОС мрежата

Makpos NOVA maps

Корисниците на МАКПОС мрежата од референтни GNSS станици добија уште една придобивка со цел понапредно и попрегледно користење и планирање на својот гео-бизнис.
Визуелизацијата на точноста на мрежата – Network Online Visualisation of Accuracy (NOVA) е можност на софтверскиот пакетLeica SpiderQC да се визуелизира предвидената точност на база-ровер или мрежно РТК решение во рамките на мрежата.
Мапите во реално време ја даваат дистрибуцијата на ризидуалите поради грешките од јоносферските и тропосферските влијанија со што се следи статусот на мрежата и лесно се воочуваат местата каде што може да се јави проблем.
NOVA мапите визуелно ги прикажуваат бенифитите при користење на мрежните RTK корекции

Повеќе на официјалната страница на МАКПОС
Отворете го линкот
http://makpos.katastar.gov.mk
И притиснете лево на NOVA maps
На екранот добивате визуелен приказ на Global RMS:
Генерален индикатор на одстапувањето за целата мрежа.

[google-map-v3 width=”100%” height=”250″ zoom=”12″ maptype=”roadmap” mapalign=”center” directionhint=”false” language=”default” poweredby=”false” maptypecontrol=”true” pancontrol=”true” zoomcontrol=”true” scalecontrol=”true” streetviewcontrol=”true” scrollwheelcontrol=”false” draggable=”true” tiltfourtyfive=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkerlist=”Трифун Хаџи Јанев 4, Скопје{}1-default.png{}Агенција за Катастар на Недвижности на РМ” bubbleautopan=”true” showbike=”false” showtraffic=”false” showpanoramio=”false”]

 

MAKPOS – системот референтни GNSS станици се повеќе во служба на Геодезијата и Катастарот

leica makpos macedonia

MAKPOS – системот референтни GNSS станици се повеќе искористен за Геодезијата и Катастарот.
Комплетниот систем е од производителот Leica Geosystems од Швајцарија, водечки бренд во оваа индустрија.
Администрирањето со системот го води Агенцијата за Катастар на Недвижности, со комплетна техничка поддршка од ГеоВИЛД МАК.
Од досегашното работење корисниците имаат само позитивни коментари и големо олеснување во извршувањето на секојдневните инженерски активности на терен.

Реализирана е GNSS мрежата референтни станици на РМ

МАКПОС системот е веќе комплетно функционален.
Тимот на ГеоВИЛД МАК кој ја имаше сериозната задача да го реализира проектот МАКПОС може слободно да се пофали со успешно реализираниот проект. Инсталирани се сите хардверски и софтверски елементи на системот и успешно е стартувана работата.
Оваа референтна мрежа е голема придобивка, најпрво за геодетската стручна практика, но и за сите сегменти од општеството кои имаат потреба од квалитетни и доверливи просторни податоци од терен.

  • Системот МАКПОС има свој web пристап.
  • Можете да погледнете на
  • makpos.katastar.gov.mk

Јули 2009

Можеби ве интересираclose