Tag Archives: Легализација

До 30 јуни е рокот за доставување Геодетски елаборат за Легализација

katastar mzsv georeport

Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување
со бесправно изградените објекти (“Службен весник на РМ” бр.190/2017), е продолжен рокот за легализирање до крајот на месец декември 2018 година.
Од 01 јануари до 30 јуни 2018 година, овозможено е за сите оние граѓани, коишто за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација да стекнат право во овој дополнителен рок, да поднесат нови барања за утврдување на правен статус на бесправен објект со комплетна
документација.
Барателите кои немаат доставено Геодетски елаборат за утврдена фактичка состојба на бесправен објект до 31 декември 2017 година, можат да достават Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект, најдоцна до 30 јуни 2018 година.

Продолжени роковите за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

legalizacija vizuelno objekti

Рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година. Ќе биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година.

Ова се дел од измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата го усвои на последната седница.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека измените се направени по направените анализи и консултации со граѓаните и геодетските фирми.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси, напомена дека тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година.

Освен ова, со измените се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.

Досега се легализирани околу 90 илјади дивоизградени објекти од вкупно поднесените 350 илјади барања за легализација.

Социјално ранливите категории ќе плаќаат 50% поефтино за геодетски елаборати

Спасов - Трпевски

Владата на Република Македонија преку МТСП  донесе одлука со која се намалува цената на чинење на геодетски елаборати за бесправно изградени објекти за 50 %, при што покрај за корисниците на социјална парична помош, оваа поволност ќе можат да ја користат и лицата корисници на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот.

-Со оваа мерка се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти, делови на објект за 50 отсто и тоа- за објект од 50 м2 и за објект од 51 м2 до 150 м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за бесправно изградени објекти на објекти од 50 м2 од 2.000 денари на 1.000 денари и да се намали цената за легализација од 51 до 150 м2 од 41 денар/м2 на 20 денари/м2, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Оваа мерка ќе стапи во сила од почетокот на наредната недела, по објавување на измените во службен весник на Република Македонија.

Социјално ранливите категории, за кои е наменета оваа мерка, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до геодетските фирми.

Извор: Влада на РМ

Легализација на земјиште по едно евро квадрат и без донесен ДУП

Никола Груевски

Во Законот за градба направени се повеќе значајни измени, изјави денеска премиерот Никола Груевски

-Една од клучните измени што на граѓаните им се овозможи откуп по едно евро за метар квадратен и на земјиштео кое се наоѓа под легализираниот објект за кое нема урбаистички план, односно кое не е опфатено со Деталниот урбанистички план, изјави Груевски.

Тој истакна дека измените се донесени поради тоа што во многу места во Македонија, особено, како што рече, во руралните средини нема донесено урбанистички планови.

-Тие се скапи за носење, претставуваат товар за општината. Веројатно ќе бидат донесени во некоја фаза, но не секогаш тоа може да се направи во време кога луѓето имаат можност да го легализираат земјиштето, истакна Груевски.

Јанакиески: Граѓаните и компаниите да ја забрзаат постапката за изготвување елаборат за легализација

Janakieski

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно апелираше граѓаните и компаниите кои немаат геодетски елаборат, да ја забрзаат постапката на негово изготвување.

janakieski-pr500

– Ја користам и оваа прилика да потсетам дека околу 200.000 граѓани се уште немаат изготвено елаборат кој е основен документ за да се легализира дивоизградениот објект. Тоа да го сторат што поскоро. Остана уште една година од процесот на легализација, но мора да се забрза постапката за изготвување елаборат, рече Јанакиески.

Сите општини го имаат почнато процесот, имаат и заклучоци, а Министерството за транспорт и врски, посочи, направи инспекциски увид.

– Сите што немаат изготвено елаборат, граѓани и компании иако имаат поднесено барање, си го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, нагласи Јанакиески.

Во процесот на легализација на дивоизградените објекти во земјава се поднесени вкупно 360.000 барања, од кои за околу 200.000 се уште нема изготвено геодетски елаборати.

Извор: МТС

Можеби ве интересираclose