Tag Archives: Инструменти

Современа мерна технологија во денешните инфраструктурни проекти

Geomatic

Филозофијата на геометрија во просторот – просторен инженеринг суштински останува иста, но денешнава современа технологија ни нуди огромни олеснувања, зголемување на продуктивноста и најмногу сигурноста во добиените резултати од терен и на терен.

Генерално, во контекст на темата примена на современата мерна технологија во инфраструктурни проекти при снимање на терен и обележување на проектни податоци назад на терен, можат да се издвојат неколку групи на инструментално-технолошки решенија.

Прво, најкласично но со свое достојно значење, се Тоталните станици – мерни системи кои врз основа на прецизно мерење на хоризонтални и вертикални агли и коса должина ни ги процесираат 3D координатите за деталните точки од теренот. Денешниве тотални станици ги земаат предвид сите теоретски претпоставки за точноста во процесот на мерење. Предвидена е компензација на отстапувањата по двете оски и автоматско корегирање на мерените големини со тие отклони, вградена е заштита од груби отстапувања од условите за мерење а мерењето на должините е со најсофистицирани електронски должиномери.
Врз основа на овие карактеристики, тоталните станици ни овозможуваат точност и сигурност на податоците и со дел од агловна секунда а за должините во ранг на милиметар.
Овие карактеристики ни дозволуват да ги употребиме во процесите на снимање и прецизно обележување на проектни карактеристики на терен.

Нешто понова технологија и во последно време се поприменувана е GNSS технологијата. Овој систем позиционирањето го врши со помош на сигнали (мерења) од системи вештачки сателити. Моќните GNSS приемници и уште поважно, софтверот со кој се процесираат податоците овозможуваат со оваа технологија да се прибираат и обележуват на терен просторни координати со солидна сантиметарска геодетска точност.

Во попрецизните инженерски работи, за снимање обележување и контрола на висински разлики се користат нивелири. Денешнава мерна техника го има усовршено нивелирањето и освен класичното оптичко отчитување на висински разлики и понатамошно пресметување, веќе се применува и техника на бар-код нивелмански летви на кои нивелирот дигитално ја отчитува отсечката, пресметува висинска разлика и ја меморира како вредност за понатамошно пресметување.

Најнов тренд во прибирањето на просторни податоци е методологијата на терестричко скенирање.
Овој е одличен начин за масовно прибирање на податоци за изработка на 3D модели за проектирање и контрола на градби. И оваа метода дава висока точност и во комбинација со моќен софтвер, милионите снимени точки се обработуват, прочистуват непотребните и се добива реален просторен модел.

Видео:
Leica 3D Laser scaner

Линк
Погледнете повеќе информации за Leica Geosystems водечкиот бренд за мерни технологии

 

Александар Тушев,
дипл.геод инж ,
25 Октомври 2010

19.11.2010 Leica VIP event – 5 Години GeoWILD MAK

На овој настан организиран со нашите корисници, накратко го презентиравме работењето на ГеоВИЛД МАК во изминатите 5 години со акцент на поголемите реализирани проекти и развојните планови за иднина.
Исто така во тек со развојот на инструментите и опремата од Leica Geosystems AG, беа промовирани новите GS08 GNSS и најфлексибилната тотална станица со вградена камера Leica Viva TS11 и ТS15.
Значајно место на овој настан одвоивме и за нашите корисници и партнери во поголеми проекти, Агенцијата за Катастар на Недвижности со проектот МАКПОС и ФАКОМ АД со проектот во индустриска метрологија.
ГеоВИЛД МАК продолжува и понатаму да биде на Ваше располагање.

Агендата на настанот беше следната.

 5 Години GeoWILD MAK – презентација.pdf, Г-дин Александар Тушев, продажба и маркетинг ГеоВИЛД МАК
– ФАКОМ АД – проект презентација.pdf, Проф.Др Тихомир Николовски, Г-дин Зоран Делев, Г-дин Зоран Симјановски, Г-дин Ненад Кралевски
– МАКПОС – проект презентација.pdf, Г-дин Саше Димески, раководител на сектор основни геодетски работи во АКН

– Ново од Leica Viva – презентација.pdf, Г-дин Александар Постоловски, управител ГеоВИЛД МАК

  • Повеќе на оваа тема на официјалниот web портал на GeoWILD MAK!
  • www.Geowildmak.com.mk

А.Тушев, 22 Ноември 2010

GPS – Генерални карактеристики на Глобалниот систем за позиционирање

gps basic

Генерални карактеристики на Глобалниот систем за позиционирање

Семинарска Тема: ” GPS Leica SR 20 ” 

Содржина

ƒGPS Генерални карактеристики
ƒGPS Компоненти на системот

  1. ƒВселенски сегмент
  2. Контролен сегмент
  3. Кориснички сегмент

Основни кориснички принципи:

  1. ƒОсновна равенка во ГПС
  2. ƒРастојание
  3. ƒПозиција

ƒСтруктура на GPS сигналот
ƒGPS Приемник Leica SR 20
ƒСофтвер за обработка на GPS податоци – Leica Geo Office
ƒТест мерења со Leica SR 20 и добиени резултати

…..

Тема: ” GPS Leica SR 20 ”
ПРЕВЗЕМЕТЕ .PDF НА ОВОЈ ЛИНК >превземи .pdf> 

Александар Тушев инд.бр 215

Можеби ве интересираclose