Tag Archives: Елаборат

Продолжени роковите за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

legalizacija vizuelno objekti

Рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година. Ќе биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година.

Ова се дел од измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата го усвои на последната седница.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека измените се направени по направените анализи и консултации со граѓаните и геодетските фирми.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси, напомена дека тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година.

Освен ова, со измените се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.

Досега се легализирани околу 90 илјади дивоизградени објекти од вкупно поднесените 350 илјади барања за легализација.

ПРАВИЛНИК ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ

Geodetski elaborat

Врз основа на член 90, став (2) од Законот за катастар на недвижности („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 55/2013), Управниот одбор на Агенцијата за
катастар на недвижности, донесе  ПРАВИЛНИК ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ

Со овој правилник се пропишува начинот на извршување на геодетските работи за
посебни намени, како и формата и содржината на геодетските елаборати за извршените
геодетски работи за посебни намени.

Основа за вршење на геодетските работи за посебни намени се точките од геодетските
референтни мрежи, и тоа: тригонометриска, полигонометриска, полигонска, линиска,
глобален навигациски сателитски систем (GNSS) и нивелманска референтна мрежа

Правилникот можете да го превземете на официјалната страница на Агенцијата за
катастар на недвижности.
ЛИНК: ПРАВИЛНИК ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ.pdf

OnLine Барање за Геодетски Елаборат

OnLine Барање Геодетски Елаборат

Достапноста на интернетот до се поширок круг на корисници овозможува многу олеснувања во секојдневниот живот.
Зошто беспотребно да трошите драгоцено време и да одите по фирми за наједноставна постапка, Поднесување Барање за Геодетски Елаборат кој ви е потребен?
Интернетот нуди поедноставно и побрзо решение!
Пополнете и поднесете барање за 2 минути. Геодетската фирма што сте ја избрале ќе Ве контактира и работата ќе биде завршена.
Полесно и за Вас клиентите и за Геодетската фирма. Вие сте си заштедиле врем еи пари за одење до фирма, во фирмата заштедиле термин кој би бил потребен доколку на лице место би го пополнувале барањето.

Тоа го бара новото време, ефикасност во спроведувањето на секојдневните обврски.

На овој ЛИНК поднесете ТЕСТ барање за Геодетски Елаборат

+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++
Апликацијата е достапна за нарачка за геодетските фирми *
Опција Интегрирана во WEB страна на Фирмата или независно од WEB страна, со посебен кориснички линк.
Цени од 2490 денари
Контакт и информации на: mail@georeport.mk
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++

Социјално ранливите категории ќе плаќаат 50% поефтино за геодетски елаборати

Спасов - Трпевски

Владата на Република Македонија преку МТСП  донесе одлука со која се намалува цената на чинење на геодетски елаборати за бесправно изградени објекти за 50 %, при што покрај за корисниците на социјална парична помош, оваа поволност ќе можат да ја користат и лицата корисници на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот.

-Со оваа мерка се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти, делови на објект за 50 отсто и тоа- за објект од 50 м2 и за објект од 51 м2 до 150 м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за бесправно изградени објекти на објекти од 50 м2 од 2.000 денари на 1.000 денари и да се намали цената за легализација од 51 до 150 м2 од 41 денар/м2 на 20 денари/м2, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Оваа мерка ќе стапи во сила од почетокот на наредната недела, по објавување на измените во службен весник на Република Македонија.

Социјално ранливите категории, за кои е наменета оваа мерка, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до геодетските фирми.

Извор: Влада на РМ

Јанакиески: Граѓаните и компаниите да ја забрзаат постапката за изготвување елаборат за легализација

Janakieski

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно апелираше граѓаните и компаниите кои немаат геодетски елаборат, да ја забрзаат постапката на негово изготвување.

janakieski-pr500

– Ја користам и оваа прилика да потсетам дека околу 200.000 граѓани се уште немаат изготвено елаборат кој е основен документ за да се легализира дивоизградениот објект. Тоа да го сторат што поскоро. Остана уште една година од процесот на легализација, но мора да се забрза постапката за изготвување елаборат, рече Јанакиески.

Сите општини го имаат почнато процесот, имаат и заклучоци, а Министерството за транспорт и врски, посочи, направи инспекциски увид.

– Сите што немаат изготвено елаборат, граѓани и компании иако имаат поднесено барање, си го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, нагласи Јанакиески.

Во процесот на легализација на дивоизградените објекти во земјава се поднесени вкупно 360.000 барања, од кои за околу 200.000 се уште нема изготвено геодетски елаборати.

Извор: МТС

Можеби ве интересираclose