Tag Archives: АКН

Воспоставена гравиметриска мрежа на територијата на Македонија

Earth_gravity_geophysics

Република Македонија првпат воспостави современа гравиметриска мрежа на целата нејзина територија по европски стандарди која ќе служи како основа за спроведување на сите видови гравиметриски премерувања –  изјави директорот на Агенцијата за катастар и недвижности (АКН) Славче Трпевски, кој истакна дека за реализација на овој проект агенцијата издвила 52.000 евра и во иднина најголема корист ќе има македонската економија.

Резултатите покажуваат дека Македонија преку овој проект доби гравиметриска мрежа одредена со најголема точност во целиот регион и пошироко. Податоците од овие мерења самите или во комбинација со други податоци можат да се користат при истражување на рудни богатства, истражување на природен гас и нафта, за истражување на распоредот и густината на земјините маси, за откривање на подземни шуплини, пештери, за лоцирање на подземни води, за следење на промените на земјините маси при потреси и проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура, поголеми тунели, мостови, брани…
Earth_gravity_geophysics

Саше Димевски, стручен советник во Агенцијата, истакна дека основната гравиметриска мрежа во Македонија ја сочинуваат три апсолутни гравиметриски точки во Скопје, Охрид и Валандово и 25 релативни гравиметриски точки распространети на целата територија на државата на растојание од 30 до 40 километри.

Мерењара се извршени за 23 дена во периодот од септември до октомви, при што еден гравометриски ден во просек траел 16 часа, а се поминати 15.600 километри односно 700 дневно. Тие се извршени со прецизни релативни гравиметри „Sintrex CG5“ и „CG3“ од канадско производство, специјално изнајмени од изведувачот на работите.

Од Агенцијата најавија дека следува детален гравиметриски премер на целата територија на Република Македонија што е планирано да се реализира во 2014 година за што се обезбедени средства во износ од 300.000 евра.

Последните гравиметриски мераења во Македонија се вршени во седумдесеттите години од минатиот век од страна на тогашната Федерална геодетска управа на СФРЈ, но резултатите од тие мерења никогаш не и се ставени на располагање на Македонија.

Меморандум за соработка со Управата за недвижности на Република Црна Гора

Katastar Sorabotka Crna Gora

Директорот на Агенцијата г. Славче Трпески и преставници на Агенцијата за катастар на недвижности во период од 28-29.11.2013 година  беа во работна посета на  Управата за недвижности на Црна Гора каде земаа учество на округлата маса – Подобрување на процесите на регистрација на недвижности – во организација на Управата за наедвижности на Црна Гора.

На овој настан Агенцијата се престави со презентации на темите: институционалната реформа на АКН, законската регулатива во врска со востановување на катастарот на недвижности за период 2005-2013, техничките аспекти на востановувањето на катастарот на недвижности и развојот на ИТ, е-катастарот и сервисите во Агенцијата.

Информација: АКН

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Градежниот факултет

Memorandum_Katastar AKN_Gradezen Geodezija

На Градежниот факултет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при УКИМ. Во присуство на претставници на двете институции, Меморандумот го потпишаа г. Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности и г. Милорад Јовановски, декан на Градежниот факултет.

AKN GRADEZEN potpisan memorandumСо Меморандумот за соработка се утврдуваат облиците и начинот на соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје во областа на геодезијата и вишата геодезија, како и основните геодетски работи, премерот на недвижности, топографските карти, картографијата, националната инфраструктура на просторни податоци, управувањето со геодетско-катастарскиот информациски систем, катастарот на недвижности, масовната проценка на недвижности, Регистарот на просторни единици и други области кои се во надлежност на двете институции.

Соработката ќе се реализира преку:
размена на информации за активностите на институциите, соработка при спроведувањето на практичната настава на студентите по геодезија од Градежниот факултет, како и обезбедување потребни услови за нејзино спроведување, преку нивно запознавање со работните процеси на Агенцијата за катастар на недвижности (процесите на изработка на топографските карти, основните геодетски работи, дигитализацијата, развивањето на GIS системите и друго), соработка во обезбедувањето потребни услови за обука на овластените геодети (човечки, просторни, технички итн.) во функција на спроведување на континуираната обука за овластените геодети како надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, определување заеднички тимови на предавачи на теми

АКН донесе Правилник за премер на Недвижности

Pravilnik Premer Nedviznosti 09 2013

Врз основа на член 74 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2013), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕМЕР НА НЕДВИЖНОСТИ.

Со овој правилник се пропишува начинот на извршување на премерот на недвижностите во функција на востановување и одржување на катастарот на недвижности, како и формата и содржината на геодетските елаборати од извршениот премер.

Повеќе детали на страната на АКН и КОМОРА на Трговци Поединци Овластени Геодети и Трговски Друштва за Геодетски Работи

Превземете го ПРАВИЛНИКОТ на овој >линк >

Македонија ќе добие современа гравиметриска мрежа

Гравиметрија

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) до крајот на годината ќе воспостави современа гравиметриска мрежа на територијата на целата држава. Таква мрежа се воспоставува првпат, а во иднина ќе биде основа за спроведување разни видови гравиметриски премерувања.

Директорот на Агенцијата Славче Трпевски на денешната прес-конференција истакна дека од реализацијата на проектот македонската економија во иднина ќе има голема корист. Податоците од гравиметриските мерења, сами или во комбинација со други, информира Трпевски, ќе може да се користат во рударството при истражување рудни богатства, природен гас и нафта, геологијата за откривање подземни шуплини, пештери, хидрологијата при лоцирање подземни води, сеизмологијата за следење на промените на земјините маси при потреси и во инженерството при проектирање и изведба на капитални проекти, патна и железничка инфраструктура, тунели, мостови, брани.

Според Трпевски, договорот за воспоставување на основната гравиметриска мрежа е склучен на 52.000 евра, а планираниот буџет за спроведување на гравиметрискиот премер што треба да се врши наредната година изнесува 300.000 евра. За два дена ќе стартуваат мерењата со изнајмени два инструменти – гравиметри со оглед дека нивната набавка е скапа, односно еден чини над 100.000 долари.

Саше Димевски, стручен советник во Катастарот, најави дека основната гравиметриска мрежа во Македонија ќе ја чинат три апсолутни гравиметриски точки во Скопје, Охрид и во Валандово и 25 релативни гравиметриски точки распространети на целата територија на државата на растојание од 30 до 40 километри.

Гравиметрија

Последните гравиметриски мерења во Македонија се вршени во седумдесеттите години од минатиот век од страна на тогашната Федерална геодетска управа на СФРЈ, но резултатите од мерењата никогаш не и се ставени на располагање на државата.

Агенцијата за катастар на недвижности ангажираше меѓународни експерти кои први изготвија студија за воспоставување на основна гравиметриска мрежа и вршење гравиметриски премер, а потоа и проект за нивна реализација.

Со гравиметриските мерења се врши одредување на забрзувањето на силата на земјината тежа и неговите промени во просторот и времето.

Можеби ве интересираclose