Category Archives: GIS

Како се прави Карта?

proekcija_zaMSc

Старите хартиени карти, и денешните нови модерни карти (мапи) позади себе имаат широка научна основа.

International Scientific Journal: Micro Macro & Mezzo Geo Information

International Scientific Journal Micro Macro & Mezzo Geo Information

International Scientific Journal: Micro Macro & Mezzo Geo Information

ISSN: 1857-9000 (printed version) | EISSN: 1857-9019 (electronic version) | UDC: 528:004 l Global Impact Factor (2015): 0.722

GARMIN GPS во инженерски активности

GARMIN-etrex-banner

GPS? Глобален систем за позиционирање.
Одредувањето локација со сателитско позиционирање е веќе секојдневие, а секако е неизбежна технологија во инженерството, посебно во теренски поврзани активности.
3Д локацијата (координати) е основен момент при секое планирање, проектирање, изведба или надзор на објекти на теренот. Зависно од потребата и фазата, се бара различна точност на позицијата, но тоа е широка и стручна тема па конкретно се прецизира со проектните барања.
Тема на овој текст е примената на рачен GPS уред GARMIN во некои инженерски активности.

GARMIN eTrex GPS serija

Рачните GPS уреди позиционират со навигациска точност, односно точност доволна при првична обиколка на теренот, при првично добивање на висински профил со основни информации за понатамошно планирање или теренска навигација до позиции кои е потребно да се најдат на терен.
Ако се избере соодветен модел со GPS/GLONASS приемник, може да помогне во многу инженерски активности на терен. Новите GARMIN Модели имаат вградени топо карти и можност за поставување државен координатен систем што може да биде од корист за прибирање и картирање на специфични точки, профили и површини.


Сите снимени теренски податоци (точки, линии, површини), може да се превземат, прегледуваат и обработат на компјутер преку соодветни апликации и со export да се применат во некоја CAD или GIS апликација за работа.
GARMIN basecamp_tour_full_02


Од аспект на буџет, GARMIN рачни GPS уреди може да се набават со цени од 7480 до 35000 денари, зависно од бараните карактеристики, но и основниот модел го дава главниот податок – 3Д локација на терен.


Детални информации за GARMIN на овој линк
www.garmingps.mk/etrex.html
или контактирајте на 078 306 200


 

Гео Информациски Системи – информации поврзани на локација

AAEAAQAAAAAAAAbCAAAAJGE1NWQyY2YxLWYxNWUtNGU5Ni04NTY5LTM4ZjExNzQ3N2YxNQ

GIS – технички поим со широко значење, краток назив за Гео Информациски Систем.

Претставува систем во кој на гео-локација  (3D координати) се поврзуваат различни информации со кои подетално ќе се опише локацијата.

Е сега, зошто GIS?

Најбрз, најпрегледен, најлесен начин да се дадат информации за одреден простор (локација), а тоа да биде еднозначно/разбирливо за поширок круг корисници е суштината на Гео Информациските системи.

Capture9

Идеата е што повеќе информации за реалниот свет, просторот околу нас, преку осмислен организиран систем, да се приврзат за конкретна локација (точка/позиција) од просторот.
data_gis

Кој би имал придобивки од GIS?

Од случаен интернет корисник, па до раководни лица во институции.

Гео Информациски Систем претставува и наједноставна туристичка карта, а и најсложен систем за комплетно урбанистичко управување со просторот. Секако, сите системи се развиваат според потребите на корисникот и типот на информација која сака да ја презентира.

Во стручната, инженерска јавност, се попопуларни се GIS на инфраструктурни објекти (BIM – Building Infrastructure Management). Главната цел на еден ваков систем е креирање просторна база на податоци за сите елементи на објектот со нивна 3D локација во соодветен локален или глобален координатен систем.

Navisworks3

На секој елемент од објектот се приврзуваат информации кои ќе бидат корисни при понатамошното редовно одржување и ремонти. Тоа може да бидат информации за материјалот и начинот на одржување, податок со термин  за редовен сервис или контрола, податок за извршени проверки и многу други конкретни информации.

Што е GIS – Гео Информациски Систем?

FB_IMG_1496005633389-1

FB_IMG_1496005633389

Geo-SEE организира QGIS training coursе ниво 1 и 2

QGIS obuki geo see 2017

QGIS obuki geo see 2017

QGIS training course

Нова услуга од АКН: Увид во графичкиот регистар на градежно земјиште достапен за граѓаните и за бизнис-заедницата преку ОССП

444

Агенцијата за Катастар на Недвижности промовираше нов сервис – Увид во графичкиот регистар на градежно земјиште достапен за граѓаните и за бизнис-заедницата преку ОССП – електронската продавница на Агенцијата за катастар на недвижности.

Со овој сервис за првпат е овозможена транспарентноста на просторното и урбанистичкото планирање во Република Македонија.

Просторното и урбанистичкото планирање е клучен инструмент за воспоставување долгорочни и одржливи рамки за социјален, територијален и економски развој на државата. Неговата примарна улога е да ја подобри интеграцијата помеѓу населението, транспортот, енергетиката и индустријата, и да го подобри територијалниот развој како на урбаните така и на руралните средини, а притоа земајќи ја предвид заштитата и унапредувањето на животната средина. 

Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина и природата.

 Планирањето има цел: 
  • Подобрување на социјалниот и економскиот раст и развој на државата;
  • Намалување на штетите во животната средина; 
  • Подобрување и заштита на природните ресурси и природното наследство; 
  • Подобрување на културното наследство како фактор за развој;
  • Развивање енергетски ресурси и во исто време одржување на безбедноста; 
  • Поттикнување висококвалитетен и одржлив туризам; 
  • Ограничување на влијанието на природните катастрофи.
За квалитетно планирање неопходна е потребата од достапност и користење на голем број просторни (и непросторни) податоци.  
За таа цел Агенцијата за катастар на недвижности воспостави централизиран информациски систем на урбанистичките планови и регистар на градежно земјиште.
Главни цели на Графичкиот регистар на градежно земјиште се транспарентност, точност и ефикасност во изработката и донесувањето на плановите, како и зголемување на степенот на реализација на градежните парцели и остварување инвестиции во градењето.
Графичкиот регистар за градежно земјиште ги прикажува урбанистичките планови во просторот заедно со катастарските планови. Достапни се информации содржани во урбанистичкиот план за секоја градежна парцела, како и информација дали таа е слободна или веќе е реализирана.
 
Со овој регистар е направена стандардизација во изработката на сите видови урбанистички планови и урбанистичко-планската документација, овозможен е транспарентен преглед на локациите каде што има донесено урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, овозможен е преглед на сопственоста на катастарските парцели кои ја сочинуваат градежната парцела, преглед на градежното земјиште по нумерички показатели (намена, катност, површина итн.), како и преглед на градежните парцели во државна сопственост.
Графичкиот регистар за градежно земјиште овозможува и историски преглед на секој урбанистички план, односно кога е донесен, кога и со која одлука на советот е ставен вон сила, важност на планот, а доколку се работи за измена и дополнение на дел од урбанистичкиот план и бројот на одлуката со која е донесена измената.
Преку овој регистар, планерот уште во рана фаза има јасна слика од кои катастарски парцели е составена секоја градежна парцела што ја дефинира, како и податоци за сопственоста на катастарските парцели од кои е составена градежната парцела.
Општините имаат можност за увид во спроведливоста на планот, преглед на урбанистичките планови и урбанистичко-планската документација, како и увид во нумеричките податоци и условите за градба, историјатот на урбанистичките промени во својата општина, изводот од графичкиот регистар, просторните и статистичките анализи за урбанистичките показатели за својата општина и во просторниот приказ за урбанистите во општината за реално претставување на предлог-планот и можност за контрола на неговата реализација.
Катастарот, пак, преку овој регистар на градежно земјиште обезбедува брза и ефикасна реализација на градежните парцели во катастарот на недвижности, промена на катастарската култура и оформување на градежните парцели, можност за преземање градежна парцела во дигитален векторски формат, како и контрола на изградениот објект дали се гради во рамките на просторот за градење.
Графичкиот регистар на градежно земјиште е комплементарен со е-урбанизам, тој го надополнува системот е-урбанизам во делот на графичкиот приказ на планот и геопросторната поставеност на локацијата на градежната парцела во просторот.
Досега, преку Графичкиот регистар на градежно земјиште е направена контрола на 993 урбанистички планови и урбанистичко-плански документации, како дел од законската надлежност на Агенцијата за катастар на недвижнсоти да издава согласност на усогласеноста на урбанистичките планови со катастарските планови. Во Графичкиот регистар на градежно земјиште се внесени: 10 урбанистичко-плански документации за градби од посебен интерес, 19 детални урбанистички планови, 110 архитектонско-урбанистички планови, 7 урбанистички планови за села, 31 локална урбанистичко-планска документација, 277 инфраструктурни проекти, 1 ГУП и 4 ГУП-ови за градски четврти или вкупно 2557 урбанистички планови  вклучувајќи ги и урбанистичките планови и урбанистичко-планските документации донесени пред воспоставувањето на овој регистар за градежно земјиште. Во Графичкиот регистар на градежно земјиште се внесени вкупно 47.638 градежни парцели, односно 14.912.966 м2 вкупна површина на градежно земјиште во РМ.
 
Од денес, сите урбанистички планови и урбанистичко-плански документации се достапни на пошироката јавност, како и на бизнис-заедницата преку веб-порталот на Агенцијата за катастар на недвижности, преку следнава врска: http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/.
На тој начин е овозможено:
  • бесплатен увид  и транспарентност во постапката на изработка и донесување на урбанистичките планови; 
  • можност за увид на граѓаните што е предвидено да се гради на нивната парцела и околните парцели;
  • можност  за инвеститорите  да најдат слободно земјиште и да ја проверат сопственоста на катастарските парцели;
  • достапност до информација за висината на продажната цена на земјиштето и објектите во околината од Регистарот на цени за недвижностите. 

OnLine визуелизација на геопросторни податоци – DigitalGlobe MAP API

digitalglobe-maps-api

Светскиот провајден на дигитални гео-податоци DigitalGlobe преку својата апликација MAP API нуди можност за визуелизација на просторно побрзани моменти во финален продукт, интерактивна web карта

Нови технологии во Геодетските мерења – Кат-Стар Про продукт со беспилотно летало

ortofoto-katstar-pro-gostivar

Кат-стар Про на својот Facebook профил објавија Ортофото продукт изработен со помош на беспилотно летало.
Новите технолигии веќе се применуваат во геодетските мерења на терен.

AGISEE & GeoSee: Geographic Information Knowledge Workshop

agisee geosee

The South-East European Regional Workshop will demonstrate and test the new Geographic Information Body of Knowledge. It will take place in Sofia, Bulgaria on Thursday, 1st of September 2016.

The organisers of this workshop are AGISEE, the Association for Geospatial Information in South-East Europe, and theGeo-SEE Institute, the South-East European Research Institute on Geo Sciences, Skopje, Republic of Macedonia.

The goal of the workshop is to introduce the revised Geographic Information Body of Knowledge (GI S&T BoK), to demonstrate it, show its applications and put it into practical use in a hands-on session. To be able to experiment with the Body of Knowledge, participants should have a laptop available.

This GI–BoK workshop is addressed at researchers and teachers in the academic or private area, at human resources professionals in the GI industry or at everybody interested in geographic information. Participants may come from any country in South-East Europe. Participants who have already used the GI BoK would be welcome to present their experiences; please do not hesitate to contact us.

  • Venue: Hotel of the Bulgarian Academy of Sciences.
  • Date: 1st of September 2016 (one day)
  • Registration fee: free of charge
  • Registration link: online via this web site (to come)
  • Registration period: from 1st of May to 25th of August 2016

WEB промоција на Геодетски компании – ГЕОДЕТ Радовиш

GEODET RADOVIS

Колку е важна WEB промоцијата на геодетските бизниси? Дали се доволно присутни на интернет? Дали клиентите лесно ги добиваат информациите за нивните услуги?

Истражувавме на интернет, и лоциравме една од малкуте Геодетски фирми кои имаат своја актуелна web страна.

ГЕОДЕТ дооел Радовиш – www.geodet.mk

Катастар: Бесплатно запишување на правото на сопственост

katastar trpeski direktor

Стратешка цел на Агенцијата за катастар на недвижности е секоја катастарска парцела во Република Македонија да биде со утврдени права на сопственост.

За реализација на оваа цел во 2013 година се направија измени на Законот за катастар на недвижности со кој се овозможи за катастарските општини каде што процентот на не утврдени права на сопственост е поголем од 20%,врз основа на Годишна програма донесена од Владата на Република Македонија а по поднесена пријава од граѓаните и правните лица, катастарот да изврши бесплатно запишување на правото на сопственост.

Со годишните програми за 2014 и 2015 година, беа опфатени 104 катастарски општини од вкупно 205 катастарски општини каде што процентот на не утврдени права на сопственост е поголем од 20%.

Во овие две години оваа мерка ја искористија околу 10.000 граѓани и правни лица на кои бесплатно им се утврди правото на сопственост на преку 16.000 катастарски парцели.
Во Република Македонија има вкупно 4.047.000 катастарски парцели и заклучно со денес 9,9% од вкупниот број на парцели сеуште се со неутврдени права на сопственост.
Со цел понатамошно намалување на процентот на катастарски парцели со неутврдени права сопственост, Владата на Република Македонија на дваесет и петтата седница одржана на 26.04.2016 година ја усвои Годишната програма за ажурирање на податоците по службена должност за 2016 година, и во неа се предвидени 29 нови катастарски општини, каде што оваа година ќе се врши бесплатно запишување на правата на сопственост, а тоа се:

Одделението во Велес ќе врши бесплатно запишување на правато на сопственост за катарските општини: Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Теово, Ореше, Нежилово, Буслици, Папрадиште и Подлес

Одделението во Гостивар ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини: Зубовце, Горно Јеловце, Пожаране, Галате и Ново Село 2.

Одделението во Кочани ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини:Цера, Рајчани, Нивичани и Полаки.

Одделението во Куманово ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини: Пелинце и Длабочица.

Одделението во Македонски Брод ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини: Крапа и Волче.

Одделението во Радовиш ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини: Прналија, Шипковица, Козбунар , Коџалија и Штурово.

Одделението во Штип ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катарските општини: Ебеплија, Голем Габер и Мал Габер.

Покрај за овие катастарски општини Агенцијата за катастар сеуште прима барања и за катастарските општини кои беа опфатени со програмите од 2014 и 2015 година.

Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата, да поднесат барање, односно пријава до одделението на катастарот каде што се наоѓа нивната недвижност и кон истата да ја приложат целокупната документација со која располагаат за да го докажат првото на сопственост (пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и сл), по што катастарот ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост.

Годишната програма за 2016 година е објавена на Веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности и тоа www.katastar.gov.mk , а во текот на оваа недела ќе биде објавена во Службен весник на Република Македонија како и во дневните весници.

Користење на кодирање при геодетски мерења на терен

survey points code

Користењето кодови при геодетски мерења на терен значително може да ја олесни Вашата работа, односно најголемо влијание ќе има на продуктивноста (потрошено помалку време / добиен квалитетен, читлив излезен податок)

Leica Geosystems прикажува еден пример со користење кодови во процесот на прибирање теренски/просторни податоци.

Повеќе информации за производите на Leica Geosystems во GeoWILD MAK


Гео Вилд Мак дооел
ул.Борка Талески бр.51
1000 Скопје, Македонија
телефон:+389 2 3239 374
e-mail:geowildmak@t-home.mk


 

GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1

GARMIN Monterra е напредна класа на GPS/GNSS рачен уред за картирање.
Работи на Android Платформа, што овозможува да користите повеќе апликации за лоцирање, картирање, GIS, прибирање на теренски податоци.

GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1

  • 4″ ротирачки, видлив на сончева светлина, цврст екран со multi-touch
  • Android апликации за картирање, навигација, лоцирање, пресметување површини од Google Play™
  • 8 megapixel autofocus camera и 1080p HD video со автоматски geotagging, LED flash/torch
  • High-sensitivity GPS/GLONASS receiver за подобро позиционирање
  • 3D MapMerge™ за поврзување повеќе мапи во 3-D
  • WiFi поврзување, ArcGIS® и други Геодетски или GIS и апликации за теренски активности

Геодетски апликации на современите smart телефони и GPS уреди

geodesy app

Денеска, кога сите користиме барем по еден smart телефон, а 90% имаат и некоја основна верзија на А-GPS , GPS или понапредните дури и GPS/GLONASS ресивери, се поинтересни стануваат и GEO-апликациите кои би можеле да ги користиме.

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1Идентификација на парцела, приближна површина, информативна должина на рута или вертикален профил на локален пат … Сите овие функции можат да битат корисни при првичен теренски увид.

Секако, ова не значи дека може да се користи било кој паметен телефон или било која бесплатна апликација за професионални потреби, но сепак е сегмент кој е во развој и може да се примени во Гео – работењето, односно да олесни некои задачи кои се од општ карактер.

Следејки го овој тренд со масовно користење на популарните Android оперативни системи, некои производители на квалитетни GPS уреди почнаа на пазарот да нудат рачни GPS/GLONASS уреди со метарска точност на позиционирање и со Android оперативен систем на кој можат да се инсталираат најразлични бесплатни и професионални апликации.
Имавме на тест  GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1Одличен рачен GPS/GNSS уред, кој со добри апликации може да искористи како многу ефикасна алатка за картирање и идентификување на локации од карта, секако во одредени дејности, согласно точност ана позиционирање.

Македонија доби регистар на градежно земјиште

trpeski-gorgiev-akn-seminar-proekt
Регистарот е изработен по тригодишна работа на експертски тим составен од претставници од надлежните институции и за него се инвестирани 250 илјади евра обезбедени од Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистарот е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни годинава ќе биде достапен за користење и за граѓаните и за бизнис заедницата.

– Досега во Регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставени од општините. Упатувам апел општините кои сеуште не доставиле урбанистички планови во сила, тоа да го направат во најкраток можен рок, истакна денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Бенефит од оваа нова алатка на Катастарот ќе имаат сите инволвирани страни почнувајќи од планерите до општините и граѓаните. Со него се овозможува брз и едноставен пристап во секое време до урбанистичката планска документација, следење на реализацијата на урбанистичките планови, како и можност граѓаните во секое време да видат што е планирано да се гради на нивната парцела…

Претставници од Комората на овластени архитекти и инженери изразија задоволство од новата алатка која им е ставена на располагање оценувајќи дека Регистарот претставува нов импулс за геодетските компании и унапредување на постапката за проектирање.

OnLine картирање – современа GIS алатка

arcgis online esri

Некои GIS платформи, во последниве години нудат алатки за OnLine картирање, што отвара многу можности во публикувањето на различни слоеви податоци поврзани со просторот.

Теренски GPS / GLONASS уреди со многу функции – GARMIN

GARMIN GPS GLONASS OUTDOOR

GARMIN GPS / GLONASS уредите Ви помагаат за Вашите теренски движења и лоцирање!

Вашата моментална локација прикажaна на дигитална топо карта,

Вашата рута на движење постојано се снима, можете да изберете локација до која сакате GARMIN да Ве води со компас и насоки до координати во Државен координатен систем или во WGS!
Прецизно лоцирање со GPS/GLONASS hotfix приемници, издржливост и во најлоши терени и временски услови.

GARMIN GPS GLONASS

Податоците може да се прегледуваат и анализираат во софтвер BaseCamp.


информации
info@garmingps.mk / 078 306 200 / www.GarminGPS.mk


НЕТПРЕС: Катастар ги измести имотите како земјотрес и ги скара соседите во пола Македонија

katastar

Порталот НЕТПРЕС со текст за Катастарските проблеми на граѓаните
Во 2014 година Агенцијата за катастар на недвижности го означи почетокот на проектот за дигитализација на катастарските планови и нивно усогласување со базата на податоци во електронскиот катастар, но според граѓаните, овој проект само предизвика вистински хаос, ги заглави луѓето низ правните лавиринти, создаде караници меѓу соседи, па дури и судски спорови …

НетПрес Вести

Posted by Net Press on Wednesday, March 2, 2016

Анализа на локации и нивна придобивка за бизнисите

location analitycs

Анализа на локацијата (Location analytics) ги користи информациите за локации/адреси од бизнис податоците за да ја подобри “сликата” за бизнисот кај потенцијалните корисници.
Како поим и функција, анализата на локацијата, има широко значење и можности за примена. Од наједноставен бизнис-директориум со локација на бизнисот/продажните места, па до прикажување на територии, влијанија на бизнисот врз околината, област на покривање со услугата и многу други.

location analitycs

 

 

 

 

 

 

Во оваа цел, анализи на локацијата и нејзина примена во корист на бизнисите, се користат геопросторни податоци и повеќе технологии организирани во GIS апликации. Се нудат функции како планирање на пазарот поврзано со локација на бизнисот, гео-маркетинг, анализа на трошоците во работење, поврзано со транспорт и испорака на производите и услугите.

Овој сегмент на бизнис анализите е во се поголем раст кај современите компании, а со цел зголемување на бројот на клиенти, подобрување на услугите и пред се кратење на трошоците.

Можеби ве интересираclose