Category Archives: Картографија

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци

world-map-georeport

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци, како и катастарски материјали. Тоа го предвидува Меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за катастар и недвижности на Македонија и бугарската Агенција за геодезија, картографија и катастар, што денеска беше потпишан во Струмица, во рамки на првата заедничка седница на владите на двете држави.

Размената на катастарски информации, особено за пограничните области, ќе помогне во реализацијата на повеќе економски проекти за подобрување на локалните самоуправи во двете земји.

Во документот се предвидува реализирање заеднички регионални проекти од заеднички интерес, финансирани од фондовите на ЕУ.

Со размената на информации се создаваат и услови за поврзување на геодетските мрежи, што ќе даде позитивен ефект врз дејностите во геодетската област, картографијата, катастарот во рамки на европската заедница.

Меморандумот е со рок од десет години.

GARMIN GPS во инженерски активности

GARMIN-etrex-banner

GPS? Глобален систем за позиционирање.
Одредувањето локација со сателитско позиционирање е веќе секојдневие, а секако е неизбежна технологија во инженерството, посебно во теренски поврзани активности.
3Д локацијата (координати) е основен момент при секое планирање, проектирање, изведба или надзор на објекти на теренот. Зависно од потребата и фазата, се бара различна точност на позицијата, но тоа е широка и стручна тема па конкретно се прецизира со проектните барања.
Тема на овој текст е примената на рачен GPS уред GARMIN во некои инженерски активности.

GARMIN eTrex GPS serija

Рачните GPS уреди позиционират со навигациска точност, односно точност доволна при првична обиколка на теренот, при првично добивање на висински профил со основни информации за понатамошно планирање или теренска навигација до позиции кои е потребно да се најдат на терен.
Ако се избере соодветен модел со GPS/GLONASS приемник, може да помогне во многу инженерски активности на терен. Новите GARMIN Модели имаат вградени топо карти и можност за поставување државен координатен систем што може да биде од корист за прибирање и картирање на специфични точки, профили и површини.


Сите снимени теренски податоци (точки, линии, површини), може да се превземат, прегледуваат и обработат на компјутер преку соодветни апликации и со export да се применат во некоја CAD или GIS апликација за работа.
GARMIN basecamp_tour_full_02


Од аспект на буџет, GARMIN рачни GPS уреди може да се набават со цени од 7480 до 35000 денари, зависно од бараните карактеристики, но и основниот модел го дава главниот податок – 3Д локација на терен.


Детални информации за GARMIN на овој линк
www.garmingps.mk/etrex.html
или контактирајте на 078 306 200


 

АКН: Договор за соработка во областа на картографските карти помеѓу Турција и Македонија

Katastar dogovor so turcija za kartografski podatoci

Министерството за обрана  на Република Турција – Центар за картографски карти и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на 30 март 2017 година потпишаа Договор за соработка. Церемонијата се одржа во Центарот за картографски карти и генералниот командант полковник Осман Алп потсети дека Турција е првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име.

turcija kartografija akn

Соработката помеѓу двете земји е зголемена, значајна и историска – истакна Алп. Ние, како Цeнтар за команда со картографски карти, со своето искуство околу 200 години, со задоволство ќе ги споделиме мислењата и ќе соработуваме во однос на географската положба, образованието, технолошките трансфери, советодавните и заедничките проекти. Би сакал да го истакнам своето задоволство за што побрза и поефикасна соработка. Истовремено Алп им се заблагодари на сите за успешната соработка во корист на двете земји.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ г.Славче Трпески истакна дека овој договор е од големо значење за нас, бидејќи Центарот за картографски карти на Р.Турција ја поддржува соработката меѓу двете земји преку посета на експертски тимови за развој на програмата, вклучувајќи и техничка соработка, одржување работилници за производство на картографски карти и одржување симпозиуми.

Делегацијата од Агенцијата за катастар на недвижности е задоволна од посетата на Р.Турција, од меѓусебните односи, како и од претходните соработки помеѓу двете земји.

OnLine визуелизација на геопросторни податоци – DigitalGlobe MAP API

digitalglobe-maps-api

Светскиот провајден на дигитални гео-податоци DigitalGlobe преку својата апликација MAP API нуди можност за визуелизација на просторно побрзани моменти во финален продукт, интерактивна web карта

Теренски часовник со GPS / GLONASS

3rd SKU  10-12-14 Curves

fb_img_1469345030363Барате теренски часовник? Со GPS/GLONASS доверливо позиционирање? Со координатен систем по избор, пресметка на површина, позадински дигитални мапи, временска прогноза … и многу други smart функции


НОВИОТ GARMIN fenix 3 HR sapphire веќе достапен за нарачка …
www.garmingps.mk/fenix-3.html [ info@garmingps.mk / 078 306 200 ]


WEB промоција на Геодетски компании – ГЕОДЕТ Радовиш

GEODET RADOVIS

Колку е важна WEB промоцијата на геодетските бизниси? Дали се доволно присутни на интернет? Дали клиентите лесно ги добиваат информациите за нивните услуги?

Истражувавме на интернет, и лоциравме една од малкуте Геодетски фирми кои имаат своја актуелна web страна.

ГЕОДЕТ дооел Радовиш – www.geodet.mk

Користење на кодирање при геодетски мерења на терен

survey points code

Користењето кодови при геодетски мерења на терен значително може да ја олесни Вашата работа, односно најголемо влијание ќе има на продуктивноста (потрошено помалку време / добиен квалитетен, читлив излезен податок)

Leica Geosystems прикажува еден пример со користење кодови во процесот на прибирање теренски/просторни податоци.

Повеќе информации за производите на Leica Geosystems во GeoWILD MAK


Гео Вилд Мак дооел
ул.Борка Талески бр.51
1000 Скопје, Македонија
телефон:+389 2 3239 374
e-mail:geowildmak@t-home.mk


 

GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1

GARMIN Monterra е напредна класа на GPS/GNSS рачен уред за картирање.
Работи на Android Платформа, што овозможува да користите повеќе апликации за лоцирање, картирање, GIS, прибирање на теренски податоци.

GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1

  • 4″ ротирачки, видлив на сончева светлина, цврст екран со multi-touch
  • Android апликации за картирање, навигација, лоцирање, пресметување површини од Google Play™
  • 8 megapixel autofocus camera и 1080p HD video со автоматски geotagging, LED flash/torch
  • High-sensitivity GPS/GLONASS receiver за подобро позиционирање
  • 3D MapMerge™ за поврзување повеќе мапи во 3-D
  • WiFi поврзување, ArcGIS® и други Геодетски или GIS и апликации за теренски активности

Геодетски апликации на современите smart телефони и GPS уреди

geodesy app

Денеска, кога сите користиме барем по еден smart телефон, а 90% имаат и некоја основна верзија на А-GPS , GPS или понапредните дури и GPS/GLONASS ресивери, се поинтересни стануваат и GEO-апликациите кои би можеле да ги користиме.

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1Идентификација на парцела, приближна површина, информативна должина на рута или вертикален профил на локален пат … Сите овие функции можат да битат корисни при првичен теренски увид.

Секако, ова не значи дека може да се користи било кој паметен телефон или било која бесплатна апликација за професионални потреби, но сепак е сегмент кој е во развој и може да се примени во Гео – работењето, односно да олесни некои задачи кои се од општ карактер.

Следејки го овој тренд со масовно користење на популарните Android оперативни системи, некои производители на квалитетни GPS уреди почнаа на пазарот да нудат рачни GPS/GLONASS уреди со метарска точност на позиционирање и со Android оперативен систем на кој можат да се инсталираат најразлични бесплатни и професионални апликации.
Имавме на тест  GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1Одличен рачен GPS/GNSS уред, кој со добри апликации може да искористи како многу ефикасна алатка за картирање и идентификување на локации од карта, секако во одредени дејности, согласно точност ана позиционирање.

OnLine картирање – современа GIS алатка

arcgis online esri

Некои GIS платформи, во последниве години нудат алатки за OnLine картирање, што отвара многу можности во публикувањето на различни слоеви податоци поврзани со просторот.

Анализа на локации и нивна придобивка за бизнисите

location analitycs

Анализа на локацијата (Location analytics) ги користи информациите за локации/адреси од бизнис податоците за да ја подобри “сликата” за бизнисот кај потенцијалните корисници.
Како поим и функција, анализата на локацијата, има широко значење и можности за примена. Од наједноставен бизнис-директориум со локација на бизнисот/продажните места, па до прикажување на територии, влијанија на бизнисот врз околината, област на покривање со услугата и многу други.

location analitycs

 

 

 

 

 

 

Во оваа цел, анализи на локацијата и нејзина примена во корист на бизнисите, се користат геопросторни податоци и повеќе технологии организирани во GIS апликации. Се нудат функции како планирање на пазарот поврзано со локација на бизнисот, гео-маркетинг, анализа на трошоците во работење, поврзано со транспорт и испорака на производите и услугите.

Овој сегмент на бизнис анализите е во се поголем раст кај современите компании, а со цел зголемување на бројот на клиенти, подобрување на услугите и пред се кратење на трошоците.

INSPIRE – Македонија ги стандардизира геопросторните податоци

inspire makedonija geopodatoci

Проектот има цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во  земјите од регионот  во  процесот на имплементација на директивата INSPIRE, односно воспоставувањето на Национална инфраструктура за просторни податоци (НИПП). Проектот ќе обезбеди капацитети со цел  да се постигне техничка интероперабилност помеѓу институциите, дистрибуција на геоподатоците во електронска форма, развој на  услуги и сервиси со цел размена и споделување геоподатоци  помеѓу институциите во секоја земја, меѓу земјите од регионот, како и со земјите од Европската унија.

Финалaлен извештај од проектот Катастар на недвижности и регистрација 2005-2015

proekt katastar nedviznosti 2005 2015

Главната цел на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“кој се имплементираше во две фази ( 2005-2010 и 2010-2015 ) беше да се изгради еден ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и регистрација, со што ќе се придонесе за развојот на ефикасен пазар на земјиште и недвижен имот на територијата на Република Македонија.
За да се покрие целата територија на Република Македонија со катастар на недвижности во што пократок рок, беше донесена одлука да се започне проект финансиран од страна на Светска банка наречен„Катастар на недвижности и регистрација“ (КНР). Проектните активности беа фокусирани кон:
1. Забрзување на воспоставувањето на катастарот на недвижности (КН) и запишување на правата на недвижностите;
2. Подобрување на процесите и процедурите преку реконструирање на канцелариските функции и воведување автоматизација и ИТ-технологија;
3. Подобрување на институционалниот капацитет и човечките ресурси на АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување и развој на човечки ресурси;
4. Развивање на капацитетите на Владата за формулирање политики со цел да се создадат ефикасни пазари на недвижности.

Директни корисници на проектот КНР се граѓаните на Република Македонија, а особено актуелните и потенцијалните сопственици на недвижен имот, инвеститорите, експертите и компаниите кои учествуваат во трансакциите со недвижен имот, банките, единиците на локалната самоуправа, државните управни органи и професионалните корисници.

Целосниот извештај и обраќањето на директорот на Агенцијата за Катастар на Недвижности, г-дин Славче Трпески , можете да го погледнете ан овој линк: http://www.katastar.gov.mk/mk/Brosura.pdf

Македонија ги доби тапиите на имотите на граѓаните од Отоманската империја

tapii-otomansko-vreme-168godini

Македонија поседува два милиони тапии – евиденција за имотот на Македонците во време на Отоманската Империја. Катастарот ги доби оригиналите од турските архиви. Во книгите се евидентирани сопствениците на имотите, со што располагале, со чии парцели граничеле, имињата на локациите.

Пишувани се на арапско писмо, на официјалниот османлиско-турски јазик. Сега се во фаза на преведување. Научните експерти велат дека се од големо значење за македонската историја.

„Ќе дадат слика за тоа каков бил етничкиот состав на територијата на Македонија во периодот од 1847-ма кога почнува во Османлиската држава да се води сериозна архиска документација и катастарска евиденција, па се до 1912- та година“, вели директорот на Институтот за национална историја, Драги Георгиев.

Населението во таписките книги, Отоманската империја го заведувала како муслимани, христијани и евреи. Сопствениците на имотите имаат имиња. Турците не ги запишувале презимињата на луѓето, замена за нив им била назнаката дека на пример Коста бил син на Ристо, значи се презивал Ристов. Но, во податоците за имотот не само што е наведено се што поседувал туку и колку гроша се проценува неговата сопственост . По завршување на проектот со преводите и граѓаните ќе имаат увид во податоците со каков имот располагале нивните предци.

„Истите ќе го покажат движењето на имотот. За секој наш граѓанин тоа ќе значи можност да си ја види историјата, да го види имотот кој го поседувале неговите предци“, изјави за МРТ директорот на Катастарот, Славче Трпески.

За побрза реализација, проблем е малиот број на преведувачи од старотурски на македонски јазик. Во државата ги има само тројца, а на проектот работат двајца. На иницијатива на премиерот беше распишан конкурс за стипендирање на студенти кои сакаат да го изучуваат на универзитетите во Анкара. По нивното завршување се очекува процесот со преводот на тапиите да се забрза.

Сега државниот Катастар има историска евиденција за имотот на граѓаните од пред 168 години.

Извор: МРТ

Недвижности.нет – Web портал – Пазар на Недвижности

Nedviznosti.net

Недвижностите во модерното секојдневие најефикасно можат да се презентираат преку модерен и интуитивен web портал.
Nedviznosti.net е web платформа која организира и презентира понуда на недвижен имот за продавање или закуп. Податоците се организирани во база која овозможува селектирање по зададени критериуми, тип на имот, ЛОКАЦИЈА како најбитен фактор во секоја понатамошна аматерска или професионална процена на реалната вредност на одреден имот.

Ова е кратка најава за стартот на Nedviznosti.net  , повелете, користете го во текот на промотивниот бесплатен период.

International Conference Spatial Data Infrastructures and Spatial Information Management 2013

SDI 13

This year, the Annual FIG Commission 3 Workshop and Meeting is joined by the ‘FIG Task Force on Property and Housing’ (FIG-TF-PH) and the ‘South-East European Research Association on Geo-Sciences’ (Geo-SEE) to form the first International Conference on Spatial Data Infrastructures (SDIs) and Spatial Information Management (SIM).

The conference will be focused on the importance and usage of SDIs and SIM on local, national and regional level, with association to global initiatives. Targeting the process of spatial data sharing through the Internet, as a tool for faster, easier and simpler access to spatial data by all stakeholders, customers and clients; the implementation of International-Global and European criteria for organizing digital spatial data; the impact of spatial information on all application fields; cooperation between stakeholders, such as state institutions responsible for collecting, structuring, archiving, updating and analyzing spatial data, according to their legal mission and obligation.

“Spatial Data Infrastructures and Spatial Information Management 2013”, that will take place in Skopje, from 13th to 16th of November 2013.

НИВЕЛМАНСКА МРЕЖА ОД ВИСOКА ТОЧНОСТ

Leveling network Macedonia cadastar

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН),   г-дин Славче Трпески, заедно со својот стручен тим и тимот задолжен за надзор над работите на проектот за воспоставување на новата нивелманска мрежа од висока точност во Р. Македонија, извршија непосреден увид на терен во спроведувањето на нивелманските мерења кои што во моментот се одвиваат во скопскиот регион.

Освен увидот во нивелманските мерења извршена беше и контрола на стабилизацијата на нивелманските точки (репери) на линијата L2 која што се протега од фундаменталниот репер FR SKOPJE, стабилизиран во подножјето на тврдината Кале, па се до јазолната точка N2 стабилизирана на клучката Миладиновци, во должина од околу 20 километри.

Cadastar levelingКонстатирано беше дека нивелманските работи се одвиваат според зацртаната динамика и дека стабилизацијата на нивелманските точки (репери) и нивелманските мерења во целост се вршат според стандардите и критериумите пропишани од АКН.

Инаку, проектот за воспоставување на нова нивелманска мрежа од висока точност на територијата на Р. Македонија отпочнат е со реализација во август 2012 година и планирано е да трае до крајот на 2013 година. Во рамките на проектот планирано е да се стабилизираат околу 1100 нивелмански точки (репери), поврзани во нивелмански линии со вкупна должина од околу 2200 километри, кои формираат 17 полигони.

Нивелманската мрежа на Р. Македонија ќе биде поврзана со соодветните нивелмански мрежи од соседните држави и ќе биде вклопена во Европскиот вертикален референтен систем (EVRS).

Извор: АКН

Координативна средба на тема: Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.

gskomora naslov

Врз основа на иницијативата предложена од страна на Здружението на приватни геодетски фирми а во организација на Комората на овластени геодети на Република Македонија на ден 28.09.2012 година (петок) со почеток во 12,00 часот во Конгресната сала на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје се свикува Координативна средба на тема: “Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.”

Се молат сите претставници на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластени геодети кои сакаат да дискутираат согласно гореспоменатата тема заради подобра ефикасност во работењето потребно е да се пријават на електронската пошта на Комората:info@komora-geodeti.mk по што дискусијата би се водела согласно редоследот на пријавените кандидати.

 

Срдечен поздрав,

Претседател на Комора

на овластени геодети на РМ

м-р Борис Тунџев, дипл.геод.инж.

Новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности стапи на сила

Cadastral

Ве информираме дека на ден 20.06.2012 година стапи во сила новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (Службен весник на РМ бр.74 од 13.06.2012 год), кој содржи значајни измени за работењето на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластените геодети.
Текстот на Законот можете да го превземете на линкот долу
Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности > превземи .pdf >

Информацијата е превземена од Комората на Овластени Геодети на Република Македонија

GEO уреди во секојдневните инженерски активности

426443_338167452901086_1031906124_n

Секојдневните теренски инженерски активности во денешно време може да си ги олесните со повеќе мали технички помагала.
Радио станици за комуникација, рачен ГПС за одредување локација приближно точно и брзо, соодветни торбички за чување на скици и документација …

 

 

 

 

 

Сите овие ситни но неизбежни теренски помагала можете да ги погледнете и набавите на следните линкови:

GARMIN рачни ГПС уреди со инсталирана трансформација во државен координатен систем со цени од 9880 денари >info link>

MIDLAND професионални радио станици, реален ранг со чист тон до 12+ километри, цена од 5980 денари >info link>

OverBoard – 100% Водоотпорни футроли за документи и електронски уреди цени од 1390 денари >info link>

Можеби ве интересираclose