Category Archives: GPS/GNSS

Цени и вредност на Геодетските мерни инструменти

76410122-measuring-geodetic-instruments-and-drawings-are-on-the-table

Геодетски мерни инструменти – главен алат за спроведување на Геодетски теренски инженерски активности!

Канцелариските инженерски пресметки од геодетската струка, во финална фаза прикажани како координати или друга форма на геометрија разбирлива за другите општествени сектори, на терен во проектите, доверливо и точно, се спроведуваат со геодетски мерни инструменти и опрема.

Бидејки се работи за инструменти со харедверски и софтверски елементи кои треба да постигнат  точност на мерењата во секакви надворешни теренски услови и нивната цена е релативно висока.

totalni-stanici-georeport

Цената и вредноста на геодетските инструменти ќе ја анализираме од два аспекти.

1 – Фабричка, производна цена, дадена од производителите

2 – Цената во однос со потребата,  односно искористеноста во геодетскиот инженеринг и теренските мерења

GARMIN GPS во инженерски активности

GARMIN-etrex-banner

GPS? Глобален систем за позиционирање.
Одредувањето локација со сателитско позиционирање е веќе секојдневие, а секако е неизбежна технологија во инженерството, посебно во теренски поврзани активности.
3Д локацијата (координати) е основен момент при секое планирање, проектирање, изведба или надзор на објекти на теренот. Зависно од потребата и фазата, се бара различна точност на позицијата, но тоа е широка и стручна тема па конкретно се прецизира со проектните барања.
Тема на овој текст е примената на рачен GPS уред GARMIN во некои инженерски активности.

GARMIN eTrex GPS serija

Рачните GPS уреди позиционират со навигациска точност, односно точност доволна при првична обиколка на теренот, при првично добивање на висински профил со основни информации за понатамошно планирање или теренска навигација до позиции кои е потребно да се најдат на терен.
Ако се избере соодветен модел со GPS/GLONASS приемник, може да помогне во многу инженерски активности на терен. Новите GARMIN Модели имаат вградени топо карти и можност за поставување државен координатен систем што може да биде од корист за прибирање и картирање на специфични точки, профили и површини.


Сите снимени теренски податоци (точки, линии, површини), може да се превземат, прегледуваат и обработат на компјутер преку соодветни апликации и со export да се применат во некоја CAD или GIS апликација за работа.
GARMIN basecamp_tour_full_02


Од аспект на буџет, GARMIN рачни GPS уреди може да се набават со цени од 7480 до 35000 денари, зависно од бараните карактеристики, но и основниот модел го дава главниот податок – 3Д локација на терен.


Детални информации за GARMIN на овој линк
www.garmingps.mk/etrex.html
или контактирајте на 078 306 200


 

Гео Информациски Системи – информации поврзани на локација

AAEAAQAAAAAAAAbCAAAAJGE1NWQyY2YxLWYxNWUtNGU5Ni04NTY5LTM4ZjExNzQ3N2YxNQ

GIS – технички поим со широко значење, краток назив за Гео Информациски Систем.

Претставува систем во кој на гео-локација  (3D координати) се поврзуваат различни информации со кои подетално ќе се опише локацијата.

Е сега, зошто GIS?

Најбрз, најпрегледен, најлесен начин да се дадат информации за одреден простор (локација), а тоа да биде еднозначно/разбирливо за поширок круг корисници е суштината на Гео Информациските системи.

Capture9

Идеата е што повеќе информации за реалниот свет, просторот околу нас, преку осмислен организиран систем, да се приврзат за конкретна локација (точка/позиција) од просторот.
data_gis

Кој би имал придобивки од GIS?

Од случаен интернет корисник, па до раководни лица во институции.

Гео Информациски Систем претставува и наједноставна туристичка карта, а и најсложен систем за комплетно урбанистичко управување со просторот. Секако, сите системи се развиваат според потребите на корисникот и типот на информација која сака да ја презентира.

Во стручната, инженерска јавност, се попопуларни се GIS на инфраструктурни објекти (BIM – Building Infrastructure Management). Главната цел на еден ваков систем е креирање просторна база на податоци за сите елементи на објектот со нивна 3D локација во соодветен локален или глобален координатен систем.

Navisworks3

На секој елемент од објектот се приврзуваат информации кои ќе бидат корисни при понатамошното редовно одржување и ремонти. Тоа може да бидат информации за материјалот и начинот на одржување, податок со термин  за редовен сервис или контрола, податок за извршени проверки и многу други конкретни информации.

м-р Љубиша Китановски, дипл.геод.инж – ПСЕВДОЛИТИ

ljubisa-prezentacija-fev-2017-678x381

Врз основа на Планот и Програмата за задолжителна обука на овластените геодети за 2017 година, на ден 27.02.2017 година, во Амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, се одржа Првата обука за овластените геодети за оваа година.

Пред почетокот на обуката се изврши доделување на Сертификатите за посетена обука за овластените геодети за 2016 година, по што следуваше презентацијата на темата за Псевдолити, изготвена и презентирана од м-р Љубиша Китановски, дипл.геод.инж. од Тетово.

Излагањето на колегата Китановски беше на високо професионално ниво, поткрепено со факти и релевантни информации, иако, како тема можеби малку далечна за приватната геодетска пракса во нашата земја, предизвика особен интерес кај присутните на презентацијата, од причина што колегата Китановски на мошне приемчив и едноставен начин ги доближи карактеристиките и работната практика и процеси на Псевдолитите, како алатки од општ аспект, но и нивната актуелна применливост во областа на инженерската геодезија.

Несомнено, погореспоменатата презентација претставува едно несекојдневно инспиративно доживување, коешто ќе биде предизвик во иднина за останатите колеги од фелата да се претстават со свои квалитетни излагања.


ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ППТ НА ОВОЈ ЛИНК


 

Теренски часовник со GPS / GLONASS

3rd SKU  10-12-14 Curves

fb_img_1469345030363Барате теренски часовник? Со GPS/GLONASS доверливо позиционирање? Со координатен систем по избор, пресметка на површина, позадински дигитални мапи, временска прогноза … и многу други smart функции


НОВИОТ GARMIN fenix 3 HR sapphire веќе достапен за нарачка …
www.garmingps.mk/fenix-3.html [ info@garmingps.mk / 078 306 200 ]


МАКПОС: Нова референтна GNSS станица – Одделение за катастар Штип

makpos shtip 1

MAKPOS – Тимот на АКН , Одделението за катастар Штип и GeoWILD MAK, овластениот дистрибутер на опремата од Leica Geosystems поставија нова референтна GNSS станица во Штип.

makpos shtip 2 makpos_shtip

WEB промоција на Геодетски компании – ГЕОДЕТ Радовиш

GEODET RADOVIS

Колку е важна WEB промоцијата на геодетските бизниси? Дали се доволно присутни на интернет? Дали клиентите лесно ги добиваат информациите за нивните услуги?

Истражувавме на интернет, и лоциравме една од малкуте Геодетски фирми кои имаат своја актуелна web страна.

ГЕОДЕТ дооел Радовиш – www.geodet.mk

Користење на кодирање при геодетски мерења на терен

survey points code

Користењето кодови при геодетски мерења на терен значително може да ја олесни Вашата работа, односно најголемо влијание ќе има на продуктивноста (потрошено помалку време / добиен квалитетен, читлив излезен податок)

Leica Geosystems прикажува еден пример со користење кодови во процесот на прибирање теренски/просторни податоци.

Повеќе информации за производите на Leica Geosystems во GeoWILD MAK


Гео Вилд Мак дооел
ул.Борка Талески бр.51
1000 Скопје, Македонија
телефон:+389 2 3239 374
e-mail:geowildmak@t-home.mk


 

GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1

GARMIN Monterra е напредна класа на GPS/GNSS рачен уред за картирање.
Работи на Android Платформа, што овозможува да користите повеќе апликации за лоцирање, картирање, GIS, прибирање на теренски податоци.

GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1

  • 4″ ротирачки, видлив на сончева светлина, цврст екран со multi-touch
  • Android апликации за картирање, навигација, лоцирање, пресметување површини од Google Play™
  • 8 megapixel autofocus camera и 1080p HD video со автоматски geotagging, LED flash/torch
  • High-sensitivity GPS/GLONASS receiver за подобро позиционирање
  • 3D MapMerge™ за поврзување повеќе мапи во 3-D
  • WiFi поврзување, ArcGIS® и други Геодетски или GIS и апликации за теренски активности

Геодетски апликации на современите smart телефони и GPS уреди

geodesy app

Денеска, кога сите користиме барем по еден smart телефон, а 90% имаат и некоја основна верзија на А-GPS , GPS или понапредните дури и GPS/GLONASS ресивери, се поинтересни стануваат и GEO-апликациите кои би можеле да ги користиме.

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1Идентификација на парцела, приближна површина, информативна должина на рута или вертикален профил на локален пат … Сите овие функции можат да битат корисни при првичен теренски увид.

Секако, ова не значи дека може да се користи било кој паметен телефон или било која бесплатна апликација за професионални потреби, но сепак е сегмент кој е во развој и може да се примени во Гео – работењето, односно да олесни некои задачи кои се од општ карактер.

Следејки го овој тренд со масовно користење на популарните Android оперативни системи, некои производители на квалитетни GPS уреди почнаа на пазарот да нудат рачни GPS/GLONASS уреди со метарска точност на позиционирање и со Android оперативен систем на кој можат да се инсталираат најразлични бесплатни и професионални апликации.
Имавме на тест  GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1Одличен рачен GPS/GNSS уред, кој со добри апликации може да искористи како многу ефикасна алатка за картирање и идентификување на локации од карта, секако во одредени дејности, согласно точност ана позиционирање.

Теренски GPS / GLONASS уреди со многу функции – GARMIN

GARMIN GPS GLONASS OUTDOOR

GARMIN GPS / GLONASS уредите Ви помагаат за Вашите теренски движења и лоцирање!

Вашата моментална локација прикажaна на дигитална топо карта,

Вашата рута на движење постојано се снима, можете да изберете локација до која сакате GARMIN да Ве води со компас и насоки до координати во Државен координатен систем или во WGS!
Прецизно лоцирање со GPS/GLONASS hotfix приемници, издржливост и во најлоши терени и временски услови.

GARMIN GPS GLONASS

Податоците може да се прегледуваат и анализираат во софтвер BaseCamp.


информации
info@garmingps.mk / 078 306 200 / www.GarminGPS.mk


Анализа на локации и нивна придобивка за бизнисите

location analitycs

Анализа на локацијата (Location analytics) ги користи информациите за локации/адреси од бизнис податоците за да ја подобри “сликата” за бизнисот кај потенцијалните корисници.
Како поим и функција, анализата на локацијата, има широко значење и можности за примена. Од наједноставен бизнис-директориум со локација на бизнисот/продажните места, па до прикажување на територии, влијанија на бизнисот врз околината, област на покривање со услугата и многу други.

location analitycs

 

 

 

 

 

 

Во оваа цел, анализи на локацијата и нејзина примена во корист на бизнисите, се користат геопросторни податоци и повеќе технологии организирани во GIS апликации. Се нудат функции како планирање на пазарот поврзано со локација на бизнисот, гео-маркетинг, анализа на трошоците во работење, поврзано со транспорт и испорака на производите и услугите.

Овој сегмент на бизнис анализите е во се поголем раст кај современите компании, а со цел зголемување на бројот на клиенти, подобрување на услугите и пред се кратење на трошоците.

Финалaлен извештај од проектот Катастар на недвижности и регистрација 2005-2015

proekt katastar nedviznosti 2005 2015

Главната цел на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“кој се имплементираше во две фази ( 2005-2010 и 2010-2015 ) беше да се изгради еден ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и регистрација, со што ќе се придонесе за развојот на ефикасен пазар на земјиште и недвижен имот на територијата на Република Македонија.
За да се покрие целата територија на Република Македонија со катастар на недвижности во што пократок рок, беше донесена одлука да се започне проект финансиран од страна на Светска банка наречен„Катастар на недвижности и регистрација“ (КНР). Проектните активности беа фокусирани кон:
1. Забрзување на воспоставувањето на катастарот на недвижности (КН) и запишување на правата на недвижностите;
2. Подобрување на процесите и процедурите преку реконструирање на канцелариските функции и воведување автоматизација и ИТ-технологија;
3. Подобрување на институционалниот капацитет и човечките ресурси на АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување и развој на човечки ресурси;
4. Развивање на капацитетите на Владата за формулирање политики со цел да се создадат ефикасни пазари на недвижности.

Директни корисници на проектот КНР се граѓаните на Република Македонија, а особено актуелните и потенцијалните сопственици на недвижен имот, инвеститорите, експертите и компаниите кои учествуваат во трансакциите со недвижен имот, банките, единиците на локалната самоуправа, државните управни органи и професионалните корисници.

Целосниот извештај и обраќањето на директорот на Агенцијата за Катастар на Недвижности, г-дин Славче Трпески , можете да го погледнете ан овој линк: http://www.katastar.gov.mk/mk/Brosura.pdf

Координативна средба на тема: Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.

gskomora naslov

Врз основа на иницијативата предложена од страна на Здружението на приватни геодетски фирми а во организација на Комората на овластени геодети на Република Македонија на ден 28.09.2012 година (петок) со почеток во 12,00 часот во Конгресната сала на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје се свикува Координативна средба на тема: “Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.”

Се молат сите претставници на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластени геодети кои сакаат да дискутираат согласно гореспоменатата тема заради подобра ефикасност во работењето потребно е да се пријават на електронската пошта на Комората:info@komora-geodeti.mk по што дискусијата би се водела согласно редоследот на пријавените кандидати.

 

Срдечен поздрав,

Претседател на Комора

на овластени геодети на РМ

м-р Борис Тунџев, дипл.геод.инж.

Новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности стапи на сила

Cadastral

Ве информираме дека на ден 20.06.2012 година стапи во сила новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (Службен весник на РМ бр.74 од 13.06.2012 год), кој содржи значајни измени за работењето на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластените геодети.
Текстот на Законот можете да го превземете на линкот долу
Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности > превземи .pdf >

Информацијата е превземена од Комората на Овластени Геодети на Република Македонија

GEO уреди во секојдневните инженерски активности

426443_338167452901086_1031906124_n

Секојдневните теренски инженерски активности во денешно време може да си ги олесните со повеќе мали технички помагала.
Радио станици за комуникација, рачен ГПС за одредување локација приближно точно и брзо, соодветни торбички за чување на скици и документација …

 

 

 

 

 

Сите овие ситни но неизбежни теренски помагала можете да ги погледнете и набавите на следните линкови:

GARMIN рачни ГПС уреди со инсталирана трансформација во државен координатен систем со цени од 9880 денари >info link>

MIDLAND професионални радио станици, реален ранг со чист тон до 12+ километри, цена од 5980 денари >info link>

OverBoard – 100% Водоотпорни футроли за документи и електронски уреди цени од 1390 денари >info link>

Годишното Собрание на Комората на Овластени Геодети во хотел Силекс-Охрид поддржано од ГеоФирмите

gskomora naslov

Годишното Собрание на Комората кое се одржува во Охрид е во тек, најголем дел од стручната јавност е присутна.
Денешната Агенда е следната

САБОТА, 05.05.2012
07,00-09,00 Доручек
09,00-14,00 Организирана посета на културно-историски знаменитости во Охрид
(Самуилови тврдини, Плаошник, Света Софија, манастир Св.Канео)
10,00-11,45 Втора едукативна настава
I дел
Трибина со Сектор за внатрешна контрола и надзор при АКН
Тема: Актуелни состојби и перспективи на односите помеѓу
Приватниот сектор и АКН.
11,45-12,00 Кафе Пауза
12,00-13,45 II дел
Предавачи: проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев и асс. м-р Ѓорѓи Ѓорѓиев
Тема: 3 Д Катастар – значење и потреба.
Предавач: м-р Полексена Николовска, дипл.геод.инж.
Тема: Измени во Законот за градење при запишување на објекти вo КН
14,00-16,00 Ручек
16,00-20,00 Слободно време
20,00-24,00 Свечена вечера
– поздравен говор на претседателот
– доделување на плакети и благодарници
– лотарија

Настанот е поддржан од GeoWILD MAK – авторизираниот дистрибутер на Leica Geosystems за Македонија и неколку помали компании.

Примена на GPS во рекреативно и професионално спортување

fitness-header-forerunner110

Глобалното позиционирање се повеќе навлегува во секојдневните активности на луѓето. Штом еднаш нашата 3D позиција (координати) на земјината површина е одредена, понатаму имаме низа од информации кои ни ги сервираат GPS уредите.
 Највидлив пример на успешно користење на GPS во спортот се веќе масовно користените GARMIN GPS часовници, кои на спортистите им овозможуваат мерење на брзината со која трчаат/се движат, должина на изминатата патека, споделување и анализа на податоците на online web апликација, или со еден збор се што им е потребно да ја следат и анализираат својата состојба во реално време.

GARMIN GPS часовниците веќе ги имаме во продажба и во Македонија, а ги лоциравме на продажните места на www.GarminGPS.mk

Следното видео презентира дел од можностите … Интересно , погледнете …

www.GarminGPS.mk

Современа мерна технологија во денешните инфраструктурни проекти

Geomatic

Филозофијата на геометрија во просторот – просторен инженеринг суштински останува иста, но денешнава современа технологија ни нуди огромни олеснувања, зголемување на продуктивноста и најмногу сигурноста во добиените резултати од терен и на терен.

Генерално, во контекст на темата примена на современата мерна технологија во инфраструктурни проекти при снимање на терен и обележување на проектни податоци назад на терен, можат да се издвојат неколку групи на инструментално-технолошки решенија.

Прво, најкласично но со свое достојно значење, се Тоталните станици – мерни системи кои врз основа на прецизно мерење на хоризонтални и вертикални агли и коса должина ни ги процесираат 3D координатите за деталните точки од теренот. Денешниве тотални станици ги земаат предвид сите теоретски претпоставки за точноста во процесот на мерење. Предвидена е компензација на отстапувањата по двете оски и автоматско корегирање на мерените големини со тие отклони, вградена е заштита од груби отстапувања од условите за мерење а мерењето на должините е со најсофистицирани електронски должиномери.
Врз основа на овие карактеристики, тоталните станици ни овозможуваат точност и сигурност на податоците и со дел од агловна секунда а за должините во ранг на милиметар.
Овие карактеристики ни дозволуват да ги употребиме во процесите на снимање и прецизно обележување на проектни карактеристики на терен.

Нешто понова технологија и во последно време се поприменувана е GNSS технологијата. Овој систем позиционирањето го врши со помош на сигнали (мерења) од системи вештачки сателити. Моќните GNSS приемници и уште поважно, софтверот со кој се процесираат податоците овозможуваат со оваа технологија да се прибираат и обележуват на терен просторни координати со солидна сантиметарска геодетска точност.

Во попрецизните инженерски работи, за снимање обележување и контрола на висински разлики се користат нивелири. Денешнава мерна техника го има усовршено нивелирањето и освен класичното оптичко отчитување на висински разлики и понатамошно пресметување, веќе се применува и техника на бар-код нивелмански летви на кои нивелирот дигитално ја отчитува отсечката, пресметува висинска разлика и ја меморира како вредност за понатамошно пресметување.

Најнов тренд во прибирањето на просторни податоци е методологијата на терестричко скенирање.
Овој е одличен начин за масовно прибирање на податоци за изработка на 3D модели за проектирање и контрола на градби. И оваа метода дава висока точност и во комбинација со моќен софтвер, милионите снимени точки се обработуват, прочистуват непотребните и се добива реален просторен модел.

Видео:
Leica 3D Laser scaner

Линк
Погледнете повеќе информации за Leica Geosystems водечкиот бренд за мерни технологии

 

Александар Тушев,
дипл.геод инж ,
25 Октомври 2010

Fleet Management – GPS Следење возила во реално време станува се попопуларно а сега веќе и технолошки напредно

Garmin Fleet management

nuvi 2597 LMTСо користење на GARMIN навигации во возилата, Frotcom ви овозможува пишување на бесплатни текстуални поракипомеѓу возачите и канцеларија, како и испраќање на дестинации до навигаторот, од канцеларија. Возачот треба само да притисне на навигацијата која директно ќе го води до целта.

Овој модул е многу корисен за да се избегне непотребен трошок на гориво , и поради тоа што овозможува ефективен комуникациски линк со шоферите , заштедувајќи на телефонските трошоци, особено при интернационалните разговори.
Повеќе информации за следењето возила, системот за пристап и технички спецификации на www.Frotcom.com


GARMIN
 навигација, најновите модели, комплетно прилагодени за Fleet Management изберете на www.GarminGPS.mk | info@garmingps.mk | 078 306 200

Можеби ве интересираclose