Category Archives: Едукација

ГЕО ЈОВАНОВ ДООЕЛ Скопје има потреба од геодетско стручно лице.

photo
ГЕО ЈОВАНОВ ДООЕЛ Скопје, има потреба од геодетско стручно лице.
Кандидатот – колегата треба да има познавање односно работено на изготвување на геодетски елаборати.
Лице за контакт Зоран, телефон 070/722-171.

Македонија ги доби тапиите на имотите на граѓаните од Отоманската империја

tapii-otomansko-vreme-168godini

Македонија поседува два милиони тапии – евиденција за имотот на Македонците во време на Отоманската Империја. Катастарот ги доби оригиналите од турските архиви. Во книгите се евидентирани сопствениците на имотите, со што располагале, со чии парцели граничеле, имињата на локациите.

Пишувани се на арапско писмо, на официјалниот османлиско-турски јазик. Сега се во фаза на преведување. Научните експерти велат дека се од големо значење за македонската историја.

„Ќе дадат слика за тоа каков бил етничкиот состав на територијата на Македонија во периодот од 1847-ма кога почнува во Османлиската држава да се води сериозна архиска документација и катастарска евиденција, па се до 1912- та година“, вели директорот на Институтот за национална историја, Драги Георгиев.

Населението во таписките книги, Отоманската империја го заведувала како муслимани, христијани и евреи. Сопствениците на имотите имаат имиња. Турците не ги запишувале презимињата на луѓето, замена за нив им била назнаката дека на пример Коста бил син на Ристо, значи се презивал Ристов. Но, во податоците за имотот не само што е наведено се што поседувал туку и колку гроша се проценува неговата сопственост . По завршување на проектот со преводите и граѓаните ќе имаат увид во податоците со каков имот располагале нивните предци.

„Истите ќе го покажат движењето на имотот. За секој наш граѓанин тоа ќе значи можност да си ја види историјата, да го види имотот кој го поседувале неговите предци“, изјави за МРТ директорот на Катастарот, Славче Трпески.

За побрза реализација, проблем е малиот број на преведувачи од старотурски на македонски јазик. Во државата ги има само тројца, а на проектот работат двајца. На иницијатива на премиерот беше распишан конкурс за стипендирање на студенти кои сакаат да го изучуваат на универзитетите во Анкара. По нивното завршување се очекува процесот со преводот на тапиите да се забрза.

Сега државниот Катастар има историска евиденција за имотот на граѓаните од пред 168 години.

Извор: МРТ

4-та едукативна настава за овластени геодети за 2013 година, закажана за 06.12.2013

gradezen_predavanja

Известување од  Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи и официјалното Соопштение и Агендата на Агенцијата за катастар на недвижности во врска со одржувањето на 4-та едукативна настава за овластени геодети за 2013 година, закажана за 06.12.2013 година (петок), во просторија број: 111 на Градежниот факултет во Скопје со почеток од 17,00 и 18,30 h.

Повеќе информации на www.katastar.gov.mk и www.komora-geodeti.mk

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Градежниот факултет

Memorandum_Katastar AKN_Gradezen Geodezija

На Градежниот факултет беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при УКИМ. Во присуство на претставници на двете институции, Меморандумот го потпишаа г. Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности и г. Милорад Јовановски, декан на Градежниот факултет.

AKN GRADEZEN potpisan memorandumСо Меморандумот за соработка се утврдуваат облиците и начинот на соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје во областа на геодезијата и вишата геодезија, како и основните геодетски работи, премерот на недвижности, топографските карти, картографијата, националната инфраструктура на просторни податоци, управувањето со геодетско-катастарскиот информациски систем, катастарот на недвижности, масовната проценка на недвижности, Регистарот на просторни единици и други области кои се во надлежност на двете институции.

Соработката ќе се реализира преку:
размена на информации за активностите на институциите, соработка при спроведувањето на практичната настава на студентите по геодезија од Градежниот факултет, како и обезбедување потребни услови за нејзино спроведување, преку нивно запознавање со работните процеси на Агенцијата за катастар на недвижности (процесите на изработка на топографските карти, основните геодетски работи, дигитализацијата, развивањето на GIS системите и друго), соработка во обезбедувањето потребни услови за обука на овластените геодети (човечки, просторни, технички итн.) во функција на спроведување на континуираната обука за овластените геодети како надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, определување заеднички тимови на предавачи на теми

Геодетски фирми – колку нивните контакт информации се достапни на интернет?

Internet Geodetski Firmi prebaraj

Профилот на фирмите на интернет е се поважен за полесен контакт и препознавање од клиентите. Посебно помладите генерации кои веќе влегуваат во “бизнисот” потрагата по одредени производи и услуги ја почнуваат на интернет.
Најлесно е, најпрегледно е, во ист момент истата информација можат да ја видат илјадници луѓе.

Овој тренд на зголемувањето на интернет корисниците ни даде идеа да спроведеме истражување колку Геодетските фирми се присутни на интернет, дали лесно се стапува во контакт со нив преку email или друга OnLine форма.

Истражувањето покажа дека Геодетските фирми или недоволно или воопшто не се презентираат и рекламираат на Интернет. Користејки повеќе критериуми за пребарување, добивме само неколку резултати и неколку сериозни web страни на фирми, од кои клиентите би можеле да добијат информации за геодетски услуги.
Најзастапена и најдетална е страната на КОМОРА на Трговци Поединци Овластени Геодети и Трговски Друштва за Геодетски Работиwww.geokomora.mk
komora-logo-small1

 

 

Од државниот сектор, детална и со доволно информации е страната на АКН, www.katastar.gov.mk
Детални web страни имаат и ГеоВИЛД МАК, фирмата авторизиран Leica Geosystems дистрибутер во Македонија, www.geowildmak.com.mk, од големите геодетски фирми со добри web презентации се застапени Геопроект Инженеринг –  www.geoproekt.com.mk  а тие се и единствена фирма која засега има можност за OnLine Барање за Геодетски Елаборат ….

Geoproekt prntscreenГеометар Про.Инг од Свети Николе е пример дека има современи фирми и надвор од Скопјеwww.geometarproing.mk . Со своја web страна се присутни и Геофото Зенит – www.geofotozenit.com.mk , ГЕОДЕТ -Радовиш –www.geodet.mk , Геоматика – Скопје – www.geomatika.mk

Сретнавме и неколку други web страни од фирмите Геомап, Гео Прим, Геомрежа …

Но од сите согледувања, најголем дел од Геодетските фирми воопшто не се застапени со свои податоци и презентација на Интернет.


Присуството на интернет за Вашата фирма е минимална инвестиција која може да ви го подобри имиџот но и да ви донесе клиенти. Цените за современа web страна се движат веќе од 2980 денари или за оптимална страна околу 9300 денари, што на месечно ниво е околу 2 до 14 евра, незабележлива сума за компанија која се развива добро.


Информации за изработка на web страни на www.Webpartner.mk и email info@webpartner.mk
ПРОМОТИВНА ПОНУДА – КОМПЛЕТНА WEB СТРАНА ЗА ВАШАТА ФИРМА, ВКЛУЧЕНО И ONLINE МОЖНОСТ ЗА БАРАЊЕ ЗА ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ – ЦЕНА 0д 11980 ДЕНАРИ


 

Коментар на Законот за Катастар на Недвижности – проф. д-р Родна Живковска

Komentar na Zakonot za Katastar na nedviznosti Rodna Zivkovska

Содржинска анализа на актите, укажување на проблемите кои можат да настанат при решавање на имотните спорови, новото стручно дело  на професор д-р Родна Живковска ќе биде книга која ќе се применува  како  помагало за  практичарите и учебник корисен за студентите на правниот  факултет. Коментарот е збир од толкувања на законот за Катастар , стручно објаснети со цел полесна  и поефикасна  имлементација на законот во пракса.

Преку овој коментар ќе се зголеми и транспарентноста на Агенцијата за Катастар.

Во коментарот е содржано сето стручно познавање кое проф Живковска  го постигнала  во областа на стварното право,  книга посветена на покојниот брат актерот  Бранко Ѓорчев.

Коментарот е изработуван 5 месеци од страна на професорите Родна Живковска и  Тина Пржевска  во соработка со колегите од правниот факултет, директорот на агенцијата за Катастар, судии и стручни лица од областа на стварното право.

International Conference Spatial Data Infrastructures and Spatial Information Management 2013

SDI 13

This year, the Annual FIG Commission 3 Workshop and Meeting is joined by the ‘FIG Task Force on Property and Housing’ (FIG-TF-PH) and the ‘South-East European Research Association on Geo-Sciences’ (Geo-SEE) to form the first International Conference on Spatial Data Infrastructures (SDIs) and Spatial Information Management (SIM).

The conference will be focused on the importance and usage of SDIs and SIM on local, national and regional level, with association to global initiatives. Targeting the process of spatial data sharing through the Internet, as a tool for faster, easier and simpler access to spatial data by all stakeholders, customers and clients; the implementation of International-Global and European criteria for organizing digital spatial data; the impact of spatial information on all application fields; cooperation between stakeholders, such as state institutions responsible for collecting, structuring, archiving, updating and analyzing spatial data, according to their legal mission and obligation.

“Spatial Data Infrastructures and Spatial Information Management 2013”, that will take place in Skopje, from 13th to 16th of November 2013.

Годишно Собрание на Комората на Геодети

sobranie seminar komora geodeti georeport

Редовно Годишно Собрание на Комората на Овластени Геодети на Република Македонија ќе се одржи  на 01 Јуни 2013 година во хотел Сириус, Струмицa.

Работниот дел на Собранието се состои од два дела, информираат од Комората.
Во првиот работен дел на Собранието, претставници на Комората на овластени геодети се овластените геодети вработени во трговските друштва эа геодетски работи;

Во вториот работен дел на Собранието, претставници на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи се управителите на трговските друштва. Доколку, управителите не се во можност да присуствуваат, односно во име на фирмата присуствуваат овластените геодети вработени во фирмите, потребно е овластените геодети да имаат обезбедено полномошно, потпишано од управителите на фирмите, со печат од фирмата и заверено кај нотар.

Повеќе детали за Редовното годишно собрание погледнете на официјалната страница на Комората на Геодети – www.komora-geodeti.mk


[google-map-v3 width=”100%” height=”250″ zoom=”12″ maptype=”roadmap” mapalign=”center” directionhint=”false” language=”default” poweredby=”false” maptypecontrol=”true” pancontrol=”true” zoomcontrol=”true” scalecontrol=”true” streetviewcontrol=”true” scrollwheelcontrol=”false” draggable=”true” tiltfourtyfive=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkerlist=”Strumica, Macedonia{}1-default.png{}Hotel Sirius, Strumica” bubbleautopan=”true” showbike=”false” showtraffic=”false” showpanoramio=”false”]

Мониторинг на деформации на столб од Жичарата Водно

Coordinate Quality Leica monitoring

Живееме во динамичен свет. Зградите и браните слегнуваат, мостовите вибрираат , столбовите се поместуваат. Секако, оваа не треба да го сватиме како опасност, туку како момент кој треба да го следиме и имаме под своја контрола.

Денешната технологија ни овозможува 24 часовен мониторинг на секое најмало поместување од положба во 3Д.
Еден таков проект стартуваше ГеоВИЛД МАК – авторизираниот дистрибутер на Leica Geosystems во Македонија.
Мониторингот е на еден столб од Жичарата до Милениумски Крст, Водно, Скопје.
Целта е стручниот тим на жичарата во секое време да има увид на осцилациите на столбот по трите оски, и секако доколку се забележи нешто над дозволените отстапувања, да се реагира навреме.

Повеќе детали од проектот и секако резултати ќе објавуваме континирано во соработка со тимот на ГеоВИЛД МАК и жичарата Водно.

Monitoring Display Leica

[google-map-v3 width=”100%” height=”200″ zoom=”12″ maptype=”hybrid” mapalign=”center” directionhint=”false” language=”default” poweredby=”false” maptypecontrol=”true” pancontrol=”true” zoomcontrol=”true” scalecontrol=”true” streetviewcontrol=”false” scrollwheelcontrol=”false” draggable=”true” tiltfourtyfive=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkermashupbubble=”false” kml=”http://georeport.mk/files/kmlmapping/gmx902gg.kml” bubbleautopan=”true” showbike=”false” showtraffic=”false” showpanoramio=”false”]

 

Промоција на новата i-Кat апликација на Катастарот

iKat promocija

Секој што има т.н. смарт телефон со интернет од денеска ќе може да ја користи i-Kat апликацијата на Агенцијата за катастар и недвижности која овозможува лесен пристап и увид до сите нејзини податоци.

Како што беше речено на денешната промоција, i-Kat обезбедува графички приказ на секоја локација, како и информации од имотниот лист за саканата парцела, нејзин број, големина, сопственици и евентуална узурпираност.
Апликацијата е бесплатна и може да се симне од веб страницата
http://i-kat.katastar.gov.mk
Наскоро ќе биде достапна и на Google Play.

Околу 1.000 имотни листови во име на Агенцијата за катастар на недвижности, за еден месец издале општините, геодетските фирми и нотарите, преку новата апликација  i-cat  што раководството на Катастарот денеска го презентира пред премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Катастарот, според најавите,  во иднина ќе функционира како берза на недвижности и ќе воспостави регистар на градежно земјиште.

Превземено од web страната на Влада на Република Македонија и Агенција за Катастар

http://vlada.mk/node/5616

[google-map-v3 width=”100%” height=”150″ zoom=”12″ maptype=”roadmap” mapalign=”center” directionhint=”false” language=”default” poweredby=”false” maptypecontrol=”true” pancontrol=”true” zoomcontrol=”true” scalecontrol=”true” streetviewcontrol=”true” scrollwheelcontrol=”false” draggable=”true” tiltfourtyfive=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkermashupbubble=”false” addmarkerlist=”Дрезденска 19, Скопје{}1-default.png{}Катастар” bubbleautopan=”true” showbike=”false” showtraffic=”false” showpanoramio=”false”]

PWP Катовице – добавувач на високо квалитетни уреди за дистрбуциј на вода спроведување и пречистување на отпадни води.

PWP Katowice new

PWP Катовице ДОО произлегува директно од Варшавската фирма Претпријатие за
Имплементација и Производство- „ПИП” (PWP) ДОО регистрирана во 1987 година,
дејствувајќи како добавувач на високо квалитетни уреди за дистрбуциј на вода
спроведување и пречистување на отпадни води. Во 1997 година беше отворек Оддел во
Катовице, кој се специјализира во доставување и производство на уреди:
• за механичко пречистување на отпадните води,
• за згуснување и дехидратација на талогот,
• препумпни станици за отпадни води.
Во 2003 година раководството на фирмата и дирекцијана на Одделот донесоа
заедничка одлука за одделување на Одделот од структурите на варшавската фирма и
одпочнување на независна стопанска дејност како PWP Катовице ДОО.Од самиот
почеток како цел имавме динамичен развој, што се потвдри со превземањето на
Одделот PWP Познањ и отварањето во 2005 година на наредиот Оддел во Плоцк.
Во 2007 година потпишавме инвестициски договор со Capital Group INTROL АД.
Започнувајки соработка со INTROL АД ги проширивме нејзините граници на делување,
бидејќи групацијата сеуште немаше дејност кој се занимава со екологија и со
механичко пречистување на отпадните води и обработка на талогог(тињата). Исто така,
добивме значителени финансиски средства за понатамошен развој на дејноста и
инвестирање во научно-истражувачки проекти што доведе до воведување на полскиот
пазар на нови технологии.
Во 2010 година групацијата INTROL АД стана 100% сопственик на PWP Катовице ДОО.
Преку соработката меѓу компаниите во рамките на групата, нашиот тим е зајакната со
многу специјалисти во разни области на автоматизацијата, исто така, добивме пристап
до нови технологии, кои несомнено придонесоа и ќе придонесуваат до сеопфатност и
зголемување на квалитетот на нашите услуги. Обемот на дистрибуција на нашите
поизводи, исто така, се проширува.
Понудата на PWP Катовице ДОО вклучува:
• развивање на индивидуални технички проекти во соработка со проектантски фирми,
• креирање на систем на финансирање,
• производство на цела низа на опрема за машинска обработка на отпадните води,
• градење на инсталации за пречистителни станици,
• градење на инсталации за преработка на талогот,
• градење на инсталации за сушење на талогот, транспорт и согорување,
• сервисирање – обезбедено од страна на нашите сопствени сервис тимови и
овластени претставници.
Комбинација на KNOW-HOW во соработка со светски реномирани производители на
технолошки решенија (SPIRAC®, ANDRITZ®, FONTANA®,PST, PERMASTORE®, T.i.S, SIEMENS, и
др.),нашите персонални капацитетеи и добро опремените производствени центри во
Плоцк и Мисловице ни овозможува да го реализираме секој предизвик.

http://www.pwpkatowice.pl

Геодетско катастарскиот информационен систем за приватниот геодетски сектор

gkis naslovna

Стартуваше со работа  Геодетско катастарскиот информационен систем за издавање на податоци на приватниот геодетски сектор.

На официјалниот портал на Комората на овластени геодети на Р.М е достапно и упатство за користење на системот.
ЛИНК: Упатството за начинот на издавање на податоци од Геодетско катастарскиот информационен систем за приватниот геодетски сектор
Упатството за начинот на издавање на податоци од ГКИС > превземи .pdf >

Информацијата е превземена од Комора на Овластени Геодети на Р.М

Координативна средба на тема: Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.

gskomora naslov

Врз основа на иницијативата предложена од страна на Здружението на приватни геодетски фирми а во организација на Комората на овластени геодети на Република Македонија на ден 28.09.2012 година (петок) со почеток во 12,00 часот во Конгресната сала на Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје се свикува Координативна средба на тема: “Актуелната состојба со начинот на издавање на податоци и контролите од страна на Агенцијата за катастар на недвижности.”

Се молат сите претставници на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластени геодети кои сакаат да дискутираат согласно гореспоменатата тема заради подобра ефикасност во работењето потребно е да се пријават на електронската пошта на Комората:info@komora-geodeti.mk по што дискусијата би се водела согласно редоследот на пријавените кандидати.

 

Срдечен поздрав,

Претседател на Комора

на овластени геодети на РМ

м-р Борис Тунџев, дипл.геод.инж.

Новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности стапи на сила

Cadastral

Ве информираме дека на ден 20.06.2012 година стапи во сила новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (Службен весник на РМ бр.74 од 13.06.2012 год), кој содржи значајни измени за работењето на приватните трговски друштва за геодетски работи и овластените геодети.
Текстот на Законот можете да го превземете на линкот долу
Закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности > превземи .pdf >

Информацијата е превземена од Комората на Овластени Геодети на Република Македонија

GEO уреди во секојдневните инженерски активности

426443_338167452901086_1031906124_n

Секојдневните теренски инженерски активности во денешно време може да си ги олесните со повеќе мали технички помагала.
Радио станици за комуникација, рачен ГПС за одредување локација приближно точно и брзо, соодветни торбички за чување на скици и документација …

 

 

 

 

 

Сите овие ситни но неизбежни теренски помагала можете да ги погледнете и набавите на следните линкови:

GARMIN рачни ГПС уреди со инсталирана трансформација во државен координатен систем со цени од 9880 денари >info link>

MIDLAND професионални радио станици, реален ранг со чист тон до 12+ километри, цена од 5980 денари >info link>

OverBoard – 100% Водоотпорни футроли за документи и електронски уреди цени од 1390 денари >info link>

Измени во законот на градење при запишување на објекти во Катастар на Недвижности

Pr.Poli.Izmen2012

На Годишното собрание на Комората на Овластени Геодети на РМ одржано во Охрид, м-р Поликсена Николовска, дипл.геод.инж ги презентираше Измени во законот на градење при запишување на објекти во КН.

Презентацијата можете да ја превземете на линкот долу
Измени во законот на градење при запишување на објекти во КН > превземи .ppt >

Годишното Собрание на Комората на Овластени Геодети во хотел Силекс-Охрид поддржано од ГеоФирмите

gskomora naslov

Годишното Собрание на Комората кое се одржува во Охрид е во тек, најголем дел од стручната јавност е присутна.
Денешната Агенда е следната

САБОТА, 05.05.2012
07,00-09,00 Доручек
09,00-14,00 Организирана посета на културно-историски знаменитости во Охрид
(Самуилови тврдини, Плаошник, Света Софија, манастир Св.Канео)
10,00-11,45 Втора едукативна настава
I дел
Трибина со Сектор за внатрешна контрола и надзор при АКН
Тема: Актуелни состојби и перспективи на односите помеѓу
Приватниот сектор и АКН.
11,45-12,00 Кафе Пауза
12,00-13,45 II дел
Предавачи: проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев и асс. м-р Ѓорѓи Ѓорѓиев
Тема: 3 Д Катастар – значење и потреба.
Предавач: м-р Полексена Николовска, дипл.геод.инж.
Тема: Измени во Законот за градење при запишување на објекти вo КН
14,00-16,00 Ручек
16,00-20,00 Слободно време
20,00-24,00 Свечена вечера
– поздравен говор на претседателот
– доделување на плакети и благодарници
– лотарија

Настанот е поддржан од GeoWILD MAK – авторизираниот дистрибутер на Leica Geosystems за Македонија и неколку помали компании.

Годишното Собрание на Комората на Овластени Геодети – од 4-6ти Мај во хотел Силекс-Охрид

Годишно Собрание - Силекс Охрид

Согласно Програмата за задолжителна континуирана едукативна настава за 2012 година и член 14 од Статутот на Комората, Ве информираме дека во склопот на одржувањето на Годишното Собрание на Комората, на ден 05.05.2012 година (сабота) со почеток во 10,00 часот во хотел Силекс-Охрид ќе биде одржана Втората едукативна настава за 2012 година.

I дел
Тема: Актуелни состојби и перспективи на односите помеѓу Приватниот сектор и АКН.
Трибина со Секторот за внатрешна контрола и надзор при АКН

II дел
Тема: 3Д Катастар-значење и потреба
Предавачи: проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев и ассист. м-р Ѓорѓи Ѓорѓиев

Тема: Измени во Законот за градење при запишување на објекти во КН
Предавач: м-р Полексена Николовска, дипл.геод.инж.

Работните Материјали за Годишното собрание на Комората на Овластени Геодети комплетно архивирани можете да ги превземете на линкот долу
Материјали за Годишното собрание > превземи .zip >

Повеќе детали на Официјалната web страна на Комората – www.komora-geodeti.mk

ГЕОИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ-Подземни телекомуникациски инфраструктури

GIS telecom edu

Семинарска тема по предметот ГЕОИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ

студент: Стефановски Владимир

ПОДЗЕМНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ИНФРАСТРУКТУРИ
Организацијата на податоците за подземните инфракструтури преставува
системска ориентација која станува од ден на ден се понконкурентна.Во прва
категоризација спаѓаат следните инфраструктури:
• водоводни
• канализациони
• електроенергетски
• гасоводни
• топловодни
• телекомуникациски
• нафтоводни

Секоја од овие инфракструтури на ниво на објекти,преносни компоненти
преставува специфика сама за себе,додека нивните конструктивни елементи имаат
за цел да ги подржат основните динамичко_статички и дистрибутивни
карактеристики во остварувањето на основната цел-ефикасно и со минимум загуби
да биде пренесен дистрибутивниот флуид.
– Телекомуникационата инфракструрура преставува систем од објекти и
мрежи за пренос и дистрибуција на телефонски сигнал од телекомуникациските
централи до крајниот корисник.Истата беше предизвик за разработка и во овој
елаборат.Имено ефикасното функционирање на овие системи во принцип значи
целосна подршка на процесите за планирање ,проектирање,развој
,имплементација,сервиси кон корисниците,одржување и управување со
ресурсите…

Целата тема е достапна на edu.georeport.mk – превземете ја во .pdf на овој линк.

Информации од прославата на “5-ти Март 2012 година – Денот на европските геодети и Геоинформации”

DSCN1236

После одржаната пригодна прослава, за сите кои бевте присутни и оние кои го пропуштија настанот, објавуваме дел од фотографиите и документите презентирани на настанот.



Поздравниот говор на Претседателот на комората на Овластени Геодети на свеченост во чест на 5ти Март – Денот на Европските Геодети и Геоинформации во .pdf можете да го превземете на линкот долу 
Поздравен говор на Претседателот на комората на Овластени Геодети > превземи .pdf >

Информациите се превземени од официјалниот web портал ан Комората на Овластени Геодети на РМ.

Можеби ве интересираclose