Category Archives: АКН

Катастарот ќе ги чисти фиктивните сопственици од вашиот имотен лист

boris-tundzev

Согласно измените на законот за недвижности од јуни, во изминатите две недели се донесени и сите подзаконски акти со посебен акцент на членот за исправки на грешки при процесот на запишување на правата на сопственост кои се настанати при дигитализација на аналогниот премер од минатото, рече директорот  на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

-Со процесот на дигитализација настанале голем број на грешки во делот на сопственичките права, така што има многу голем број на случаи каде во имотните листови се појавуваат сопственици со на пример 2 или 3 метри квадратни, што значи дека во ваков случај или пак случај до 5 проценти грешка во премерите на катастарската парцела, граѓаните ќе мора да достават барање до Катастарот со кои ќе бараат иземање на ваквиот тип на сопственици, објасни Тунџев.

Тој појасни дека овој тип на барања ќе бидат без надоместок, а потребните документи граѓаните ќе може да ги достават до најблиската подрачна единица на Катастарот.

Најголеми проблеми од овој тип има во Драчево, Ѓорче Петров, Волково, Сарај и други.

– Преклопот од нов и стар план се влече подолг период како последица на дигитализација, токму затоа се отоворени и две нови подрачни функционални подрачни единици во Чашка и Македонска Каменица какде како и во градови како Гостивар, Берово, дел од Штип, Куманово сопственоста се утврдувала преку пописен катастар, што е процес кој мора де се заврши за да конечно се реши проблемот и овие граѓани да добијат имотни листови, вели Тунџев.

Извор ФОКУС, линк: https://fokus.mk/katastarot-ke-gi-chisti-fiktivnite-sopstvenitsi-od-vashiot-imoten-list/

21 Март – Светски ден на Геодетите

geodetic-surveying-featured

Geodesy is a symbol for a business surveyor

Јавна трибина по текстот за измена на Законот за Катастар на Недвижности

444

Врз  основа  на  предложените  законските  измени  на  постојниот  Закон  за  катастар на  недвижности,  изготвени  од  страна  на  Агенцијата  за  катастар  на  недвижности,  како Управен  одбор  на  Комората  на  трговци  поединци  овластени  геодети  и  трговски друштва  за  геодетски  работи,  цениме  дека  сите  членки  на  Комората  е  неопходно  да бидат  транспарентно  и  навремено  информирани  по  однос  на  споменатите  измени,  и истовремено,  проактивно  да  покажат  иницијатива  и  да  се  вклучат  во  една  поширока дискусија,  односно  јавна  трибина,  на  којашто  вообичаено  се  образложуваат  сопствени видувања  и  предлози  што  резултирале  врз  основа  на  стекнато  искуство  и  работење  во приватниот  сектор.

Барањето  на  Комората,  доставено  до  нејзините  членки  да  достават  свои конкретни  предлози,  сугестии  и  мислење  врз  база  на  доставениот  Нацрт-материјал  по измените  на  постојниот  закон,  не  вроди  со  плод,  од  причина  што  многу  мал  број  на колеги  се  одѕваа  на  дописот,  така  што  во  целата  постапка  недостасува  критичка  мисла и  поттик  за  реализација  на  измените  на  постојниот  Закон  за  катастар  на  недвижности  , кој ќе  биде  применлив  и  корисен  за  приватната  геодетска  пракса.

Во  очекување  на  Ваш  придонес  во  креирањето  и  обликувањето  на  претстојните измени  на  споменатиот  закон,  Ве  покануваме  да  земете  активно  учество  во  рамките  на јавната  Трибина,  закажана  на  02.02.2018  година,  (петок),  во  Амфитеатарот  на Градежниот  факултет  во  Скопје,  со  почеток  во  09.30  часот,  на  којашто  во  присуство  на претставници  на  Агенцијата  за  катастар  на  недвижности,  јавно  и  отворено  ќе  се дискутира  по предлог-измените  на  Законот  за  катастар на  недвижности.

Цениме  дека  единствено  на  ваков  начин  ќе  може  да  се  даде  конструктивен придонес  на  предложените  измени  на  постојниот  закон.

 

Со почит,

Претседател на  Комора  на  трговци поединци  овластени  геодети  и  трговски друштва  за  геодетски  работи  на  РМ

м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж.,  с.р

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци

world-map-georeport

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци, како и катастарски материјали. Тоа го предвидува Меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за катастар и недвижности на Македонија и бугарската Агенција за геодезија, картографија и катастар, што денеска беше потпишан во Струмица, во рамки на првата заедничка седница на владите на двете држави.

Размената на катастарски информации, особено за пограничните области, ќе помогне во реализацијата на повеќе економски проекти за подобрување на локалните самоуправи во двете земји.

Во документот се предвидува реализирање заеднички регионални проекти од заеднички интерес, финансирани од фондовите на ЕУ.

Со размената на информации се создаваат и услови за поврзување на геодетските мрежи, што ќе даде позитивен ефект врз дејностите во геодетската област, картографијата, катастарот во рамки на европската заедница.

Меморандумот е со рок од десет години.

Што е Геодетска дејност?

boundary1

Дали некогаш сте си поставиле прашање што е Геодетска дејност?

Геодезијата како научно-техничка дисциплина опфаќа широк ранг на научни, инженерски и административни проблематики. Од утврдувањето на математичкиот модел на планетата Земја до физичка делба на парцела (нива) помеѓу двајца браќа во Зелениково.

…..

Но, дали Геодетската дејност е добро дефинирана, промовирана и пласирана од избраните претставници, од стручната фела, од администрацијата која е платена за тоа од државата?

Ова нека биде само идеа и поттикнување на темата.

Ова тема ќе ја истражуваме и анализираме детално.

Се подготвуваат законски измени со нови рокови за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

legalizacija vizuelno objekti

Министерство за транспорт и врски подготвува измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Со измените на овој закон се дава можност на сите лица кои од кои било причини не успеале досега да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак тоа да го комплетираат (не доставиле соодветна документација во согласност со законот), во пропишаниот рок да го направат истото тоа, под истите услови што важеле досега.

„Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти се уредуваaт условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти. Од март 2011 година со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кога започна процесот на утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, беа донесени повеќе изменувања и дополнувања на законот во различни сегменти, вклучувајќи и измени во рокот за поднесување и комплетирање на барањата со поднесување на елаборати. Овој рок за поднесување на геодетски елаборати во согласност со последниот рок заврши заклучно со 31 декември 2016 година. Со овие предложени измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, односно тој да биде од денот на отпочнувањето на примената на овој закон, односно од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година“.

Катастарот воведува нови поефтини цени

Logo_Katastar

Новиот директор на Агенцијата за Катастар на Недвижности, Борис Тунџев, после работниот состанок со претседателот на Комората на Геодетски фирми Горан Јовановски и министерот за транспорт и врски Сугарески, објавија нови моменти во работењето на Катастарот (АКН)


Го објавуваме интегралниот текст од изјавата на Министерот за Транспорт и Врски, г-дин Сугарески по денешниот состанок со претседателот на Комората , г-дин Горан Јовановски и директорот на АКН г-дин Борис Тунџев.


Изјава, Горан Сугарески, 25.08.2017
Во изминатиов период во рамки на редовните средби со граѓаните, како надлежно министерство нотиравме одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат при остварувањето на нивните имотни права и користењето на некои услуги од нашиот ресор, и затоа на моја иницијатива денес остваривме исклучително важна работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности и со Комората на приватни геодети. Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека отворивме многу сериозни прашања за унапредување на геодетската политика и зголемување на ефикасноста и брзината на услугите што ќе биде во функција на квалитетно, навремено и ефикасно сервисирање на потребите на граѓаните и институциите. Најавувам реализација на уште едно предизборно ветување на новата Влада, а тоа е намалување на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности до 50 %, што во пракса ќе значи дека граѓаните за истите ќе плаќаат значително помали цени од досегашните. Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека е неопходно да вратиме дел од овластувањата на приватните геодетски фирми. Имено, наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централната власт, заради забрзување на услугите праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми, кои ќе ги исполнат неопходните услови. Впрочем, приватните геодетски фирми претходно имаа такви овластувања согласно Закон, но истите им беа одземени за сметка на Агенцијата за катастар. Ние сме убедени дека со ваквиот пристап ќе ја вратиме конкуренцијата што дополнително ќе го унапреди квалитетот на услугите. Се разбира, го отворивме и прашањето за утврдување на пазарна цена на услугите што ги нудат приватните геодетските фирми. Се согласивме долната граница на цената на услугите да остане регулирана како и досега, додека горната цена на услугите ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови. Разговаравме и за ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена. Превземавме обврска да направиме одредени анализи и во најкус можен рок да излеземе со конкретен предлог кој повеќе ќе се темели на превентивни мерки и политики отколку казни по секоја цена кои беа форсирани од претходната влада. Наша цел не е да бидеме страховлада туку да останеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој. Најавувам дека ваквите средби ќе станат редовна пракса бидејќи наша заедничка цел е унапредување на геодетската дејност во Република Македонија и нејзино прилагодување на потребите на граѓаните и институциите.

Превземено од Комора на овластени Геодетски фирми

Борис Тунџев – нов директор на Агенцијата за Катастар на Недвижности

boris-tundzev

Нов директор на Агенцијата за катастар и недвижности е колегата м-р Борис Тунџев дипл.геод.инж. Тој е магистер по технички науки од областа на Геодозијата.

Тунџев од 2011 со 2016 беше претседател на Коморaта на трговски друштва за Геодетски работи. Член е на комората на овластени архитекти и инженери и член и делегат во Собранието на Советот на геодети на Европа.

Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

FB_IMG_1496930412050

Агенцијата за катастар на недвижности ја организира Десеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци, на Тема: “Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор како и универзитетите, во процесот на управување со геопросторните информации”, која се одржува од 8-9 Јуни 2017 година во “Музеј на македонската борба” во Скопје

Целта на оваа конференција е споделувањето на искуствата меѓу земјите од Регионот од областа на катастарот и инфраструктура на просторни податоци со цел воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемениот број на трансакции, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.

На регионална конференција учествуваат катастрите од Словенија, Хрватска, Федерација Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и од Македонија. Исто така тука се присутни и коморите на приватните геодетски фирми од земјите на Балканскиот Полуостров кои за прв пат учествуваат на оваа конференција и се надеваме дека во годините што следуваат нивното присуство ќе биде во поголем број и ќе стане традиционално.

На регионалната конференција присутни се и нашите пријатели од шведскиот, холандскиот и норвешкиот катастар, исто како што и во изминативе 10 години континуирано ни даваа огромен придонес за развојот на катастрите од Балканот. Но и претставници од EuroGeographics, UN-GGIM Europe, Council of European Geodetic Surveyors, претставници од факултетите од Бугарија, Хрватска и од Македонија.

Изминативе 10 години благодарение на регионалната соработка помеѓу катастрите се обезбеди можност за учење едни од други, можност за споделување знаење и добри практики, можност за меѓусебен позитивен натпревар во развојот на катастрите, но и можност за нови иницијативи во регионалната соработка како, на пример, воспоставување прекугранична соработка во областа на размената на податоци и сервиси од националните ГНСС-системи, заедничкиот настап на земјите од регионот пред меѓународните организации, како и заеднички настап со регионални проекти од областа на катастарот и инфраструктурата на просторни податоци пред донаторската заедница.
Како резултат на оваа заедничка соработка Европската унија го финансираше проектот ИНСПИРАЦИЈА – Инфраструктура на просторни податоци во земјите од Западен Балкан – со цел промоција и јакнеење на капацитетите на земјите од Западен Балкан во процесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата. Потоа следеше ИМПУЛС проектот, кој е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и има за цел да го поддржи градењето на капацитетите на националните агенции за катастар и геодезија во воспопставувањето на национална инфраструктура за просторни податоци, воспоставување на техничка интероперабилност помеѓу институциите од Регионот, како и развој на услуги и сервиси со цел размена и споделување на геопросторните податоци помеѓу земјите од Регионот. Кон почетокот на оваа година започна со имплементација Регионалниот проект-Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL) in the Western Balkan Region–финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА предпристапната програма.Со овој проект се планира да им се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до расположливите геопросторни информации. Иницијативите на директивата за повторна употреба на информациите од јавниот сектор, ИНСПИРЕ директивата, развивањето на услугите за глобален мониторинг за заштита на животната средина, управувањето со глобални геопросторни информации (UN-GGIM) за Европа, дигиталната агенда на Европа како и Агендата 2030 Глобално управување со земјиште и одржлив развој , катастар 2034 FIG се перспективи кои го трасираат патот на националните агенции за катастар и земјишна администрација.

Сугарески: Претстојат темелни реформи во Катастарот

АКН

– Влада планира да се занимава со темелни на суштински реформи поврзани со областа на геодезијата и катастарот со вклучување на што е можно поголем број на релевантни субјетки – рече Сугарески на десетта Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци во организација на Агенцијата за катастар на недвижости.

Сугарески очекува искуствата од земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторните податоци, дапридонесат за воспостување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за оддржлив развој на општеството во целина.

На конференцијата учествуваат директори на катастрите на Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и од Бугарија.

10 години Приватна Геодетска пракса, 40 години Виша Геодетска Школа, 70 години Геодетска Управа

godisnina-geodetska-fela-1

Агенцијата за Катастар на Недвижности и Комората на Геодети одржаа работен состанок

rabotna sredba AKN i Komora 10.04.2017

Во Агенцијата за катастар на недвижности, на ден 10.04.2017 година, се одржа заеднички состанок со членовите на Управниот одбор на Комората, директорот и високи претставници на Агенцијата за катастар на недвижности.
rabotna sredba AKN i Komora 10.04.2017 2
По усвојувањето на точките од дневниот ред на состанокот, се пристапи кон усвојување на Записникот од претходната седница, одржана на 05.10.2016 година, коишто заклучоци во најкус можен рок ќе бидат доставени до сите Трговски друштва за геодетски работи и до сите подрачни одделенија на Агенцијата.
Во продолжение на состанокот, се дискутираа прашања и проблеми со кои се соочуваат приватните геодетски фирми во секојдневното работење и се изнаоѓаа начини за можни решенија за нивно надминување и отстранување во иднина.
Како трета точка се водеше дискусија за изработка на нов Закон за катастар на недвижности, во којашто Работна група, за прв пат има 4 претставници од редовите на приватните геодетски фирми, со напомена дека бројот на претставниците од редовите на Комората, вклучени во креирањето на новиот закон, најверојатно ќе биде двојно зголемен. Како производ од работењето на Мешовитата Работна Група, формирана од претставници на Комората, Агенцијата, Градежниот факултет и надворешни соработници, постои веќе изготвен нацрт-документ на којшто се потрошени значителен број работни часови. Овој нацрт-документ ќе претставува една појдовна основа за изработка на новиот закон, со тоа што во претстојниот период финалниот предлог за новиот закон ќе биде дистрибуиран до сите приватни геодетски фирми, до Градежниот факултет во Скопје и преку организирање на јавни дебати и трибини, се планира да се постигне посакуваната цел, односно, новиот закон да биде во полза на сите геодети. Стартот за отпочнување со изработка на Законот е предвиден за почетокот на месец мај, а веќе на почетокот на месец јуни е планирано да го имаме првичниот драфт нацрт на истиот.
Четвртата точка на состанокот, се однесуваше на координацијата за одржувањето на настанот по повод организирање на прослава на тројниот јубилеј 70 години постоење на Агенцијата за катастар на недвижности, 40 години од висока образовна дејност на Градежниот факултет-Скопје и 10 години од востановувањето на приватната геодетска дејност во Република Македонија. По повод овој настан, кој е планиран за 10-ти јуни 2017 година во Скопје, ќе биде промовирана репрезентативна заедничка Монографија на трите институции, понатаму ќе се доделат плакети на поединци за значајни достигнувања и придонес во развојот на геодезијата, за на крај да се одржи и Редовно Годишно Собрание на Комората на трговски друштва за геодетски работи за 2017 година.
На овој настен, ќе му претходи и одржувањето на Регионалната 10-та по ред Конференција за Национална инфраструктура на просторни податоци, закажана за периодот од 8-9 јуни 2017 година во Скопје, на која се поканети претставници на регионалните катастри, регионалните геодетски комори, претставници на Советот на геодетите на Европа, претседателката на ФИГ, итн.
Заеднички заклучок на присутните е дека состанокот помина во одлична работна атмосфера и дека точките предвидени за дискусија во целост беа исцрпени.

АКН: Договор за соработка во областа на картографските карти помеѓу Турција и Македонија

Katastar dogovor so turcija za kartografski podatoci

Министерството за обрана  на Република Турција – Центар за картографски карти и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на 30 март 2017 година потпишаа Договор за соработка. Церемонијата се одржа во Центарот за картографски карти и генералниот командант полковник Осман Алп потсети дека Турција е првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име.

turcija kartografija akn

Соработката помеѓу двете земји е зголемена, значајна и историска – истакна Алп. Ние, како Цeнтар за команда со картографски карти, со своето искуство околу 200 години, со задоволство ќе ги споделиме мислењата и ќе соработуваме во однос на географската положба, образованието, технолошките трансфери, советодавните и заедничките проекти. Би сакал да го истакнам своето задоволство за што побрза и поефикасна соработка. Истовремено Алп им се заблагодари на сите за успешната соработка во корист на двете земји.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ г.Славче Трпески истакна дека овој договор е од големо значење за нас, бидејќи Центарот за картографски карти на Р.Турција ја поддржува соработката меѓу двете земји преку посета на експертски тимови за развој на програмата, вклучувајќи и техничка соработка, одржување работилници за производство на картографски карти и одржување симпозиуми.

Делегацијата од Агенцијата за катастар на недвижности е задоволна од посетата на Р.Турција, од меѓусебните односи, како и од претходните соработки помеѓу двете земји.

Нова услуга од АКН: Увид во графичкиот регистар на градежно земјиште достапен за граѓаните и за бизнис-заедницата преку ОССП

444

Агенцијата за Катастар на Недвижности промовираше нов сервис – Увид во графичкиот регистар на градежно земјиште достапен за граѓаните и за бизнис-заедницата преку ОССП – електронската продавница на Агенцијата за катастар на недвижности.

Со овој сервис за првпат е овозможена транспарентноста на просторното и урбанистичкото планирање во Република Македонија.

Просторното и урбанистичкото планирање е клучен инструмент за воспоставување долгорочни и одржливи рамки за социјален, територијален и економски развој на државата. Неговата примарна улога е да ја подобри интеграцијата помеѓу населението, транспортот, енергетиката и индустријата, и да го подобри територијалниот развој како на урбаните така и на руралните средини, а притоа земајќи ја предвид заштитата и унапредувањето на животната средина. 

Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина и природата.

 Планирањето има цел: 
  • Подобрување на социјалниот и економскиот раст и развој на државата;
  • Намалување на штетите во животната средина; 
  • Подобрување и заштита на природните ресурси и природното наследство; 
  • Подобрување на културното наследство како фактор за развој;
  • Развивање енергетски ресурси и во исто време одржување на безбедноста; 
  • Поттикнување висококвалитетен и одржлив туризам; 
  • Ограничување на влијанието на природните катастрофи.
За квалитетно планирање неопходна е потребата од достапност и користење на голем број просторни (и непросторни) податоци.  
За таа цел Агенцијата за катастар на недвижности воспостави централизиран информациски систем на урбанистичките планови и регистар на градежно земјиште.
Главни цели на Графичкиот регистар на градежно земјиште се транспарентност, точност и ефикасност во изработката и донесувањето на плановите, како и зголемување на степенот на реализација на градежните парцели и остварување инвестиции во градењето.
Графичкиот регистар за градежно земјиште ги прикажува урбанистичките планови во просторот заедно со катастарските планови. Достапни се информации содржани во урбанистичкиот план за секоја градежна парцела, како и информација дали таа е слободна или веќе е реализирана.
 
Со овој регистар е направена стандардизација во изработката на сите видови урбанистички планови и урбанистичко-планската документација, овозможен е транспарентен преглед на локациите каде што има донесено урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, овозможен е преглед на сопственоста на катастарските парцели кои ја сочинуваат градежната парцела, преглед на градежното земјиште по нумерички показатели (намена, катност, површина итн.), како и преглед на градежните парцели во државна сопственост.
Графичкиот регистар за градежно земјиште овозможува и историски преглед на секој урбанистички план, односно кога е донесен, кога и со која одлука на советот е ставен вон сила, важност на планот, а доколку се работи за измена и дополнение на дел од урбанистичкиот план и бројот на одлуката со која е донесена измената.
Преку овој регистар, планерот уште во рана фаза има јасна слика од кои катастарски парцели е составена секоја градежна парцела што ја дефинира, како и податоци за сопственоста на катастарските парцели од кои е составена градежната парцела.
Општините имаат можност за увид во спроведливоста на планот, преглед на урбанистичките планови и урбанистичко-планската документација, како и увид во нумеричките податоци и условите за градба, историјатот на урбанистичките промени во својата општина, изводот од графичкиот регистар, просторните и статистичките анализи за урбанистичките показатели за својата општина и во просторниот приказ за урбанистите во општината за реално претставување на предлог-планот и можност за контрола на неговата реализација.
Катастарот, пак, преку овој регистар на градежно земјиште обезбедува брза и ефикасна реализација на градежните парцели во катастарот на недвижности, промена на катастарската култура и оформување на градежните парцели, можност за преземање градежна парцела во дигитален векторски формат, како и контрола на изградениот објект дали се гради во рамките на просторот за градење.
Графичкиот регистар на градежно земјиште е комплементарен со е-урбанизам, тој го надополнува системот е-урбанизам во делот на графичкиот приказ на планот и геопросторната поставеност на локацијата на градежната парцела во просторот.
Досега, преку Графичкиот регистар на градежно земјиште е направена контрола на 993 урбанистички планови и урбанистичко-плански документации, како дел од законската надлежност на Агенцијата за катастар на недвижнсоти да издава согласност на усогласеноста на урбанистичките планови со катастарските планови. Во Графичкиот регистар на градежно земјиште се внесени: 10 урбанистичко-плански документации за градби од посебен интерес, 19 детални урбанистички планови, 110 архитектонско-урбанистички планови, 7 урбанистички планови за села, 31 локална урбанистичко-планска документација, 277 инфраструктурни проекти, 1 ГУП и 4 ГУП-ови за градски четврти или вкупно 2557 урбанистички планови  вклучувајќи ги и урбанистичките планови и урбанистичко-планските документации донесени пред воспоставувањето на овој регистар за градежно земјиште. Во Графичкиот регистар на градежно земјиште се внесени вкупно 47.638 градежни парцели, односно 14.912.966 м2 вкупна површина на градежно земјиште во РМ.
 
Од денес, сите урбанистички планови и урбанистичко-плански документации се достапни на пошироката јавност, како и на бизнис-заедницата преку веб-порталот на Агенцијата за катастар на недвижности, преку следнава врска: http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/.
На тој начин е овозможено:
  • бесплатен увид  и транспарентност во постапката на изработка и донесување на урбанистичките планови; 
  • можност за увид на граѓаните што е предвидено да се гради на нивната парцела и околните парцели;
  • можност  за инвеститорите  да најдат слободно земјиште и да ја проверат сопственоста на катастарските парцели;
  • достапност до информација за висината на продажната цена на земјиштето и објектите во околината од Регистарот на цени за недвижностите. 

КОМОРА: Претседателот Јованоски ги презентираше реализираните и идни активности

jovanoski-komora-dec-2016

На вчерашната пресс конференција, претседателот на Комората, м-р Горан Јованоски дипл.геод.инж. Следува интегралниот текст.


Во изминатите шест месеци, претседателот на Комората заедно со членовите на Управниот одбор остварија значителен дел од поставените цели, меѓу кои како најзначајни ќе ги споменеме целите кои Комората ги дефинираше на остварените непосредни средби со претставниците на приватните геодетски фирми по региони и тоа во Гостивар, Куманово, Велес, Битола, Струмица, Охрид и Скопје.

Како резултат на овие средби и состаноци беа детектирани бројни прашања и проблеми со кои се соочуваат колегите во секојдневното работење и кои реално претставуваат пречка во реализирањето на приватната геодетска дејност. На дел од овие прашања, решавањето лежи во анализа на постојните законски основи и формирање предлог за измена и дополнување на истите, за што на иницијатива на Комората на 13.06.2016 година имаше и официјално конституирање на членовите на Мешовитата работна група, задолжена токму за оваа проблематика;

Исто така, еден дел од детектираните проблеми во приватната геодетска пракса се отстранети преку бројни активности на претседателот и членовите на Управниот одбор преку иницирање и учество на бројни состаноци со претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, со претставници на Министерството за транспорт и врски, Нотарската комора, Комората на извршители, Комората на проценители и други институции. Како видливи резултати на ревносното работење во изминатиот период, а сè со цел подобрување на амбиентот и условите за работа во приватната геодетска пракса, можеме да напоменеме неколку придобивки:

 Постигнато е заверката на Геодетските елаборати да не се извршува преку банкарски налог ПП50, со што се обезбедува скратување на трошоците во делот за банкарските провизии;

 Овозможување на геодетските фирми пристап до детален преглед на податоци во Катастар на недвижности и Катастар на земјиште;  На 22.07.2016 година од страна на Агенцијата за катастар на недвижности до Комората е доставено “Упатство за физичка делба на катастарска парцела која претставува градежно земјиште” со коешто во голем дел се усвоени барањата на приватните геодетски фирми по прашањето на физичките делби. Дополнително по ова прашање на “Барање мислење во врска со примената на одредбите од Законот за градежно земјиште” од Комората до Министерството за транспорт и врски добиен е “Одговор на барање мислење со број: 29-13500/2 од 08.11.2016 година”, доставен од страна на погореспоменатото Министерство до Комората на 14.11.2016 година со што во целост се допрецизира проблематиката и дилемите околу практичната примена на наведените одредби од Законот по ова прашање.

 На 29.07.2016 година на заедничка иницијатива на Комората и Агенцијата за катастар на недвижности одржан е состанок на којшто се дискутирани голем број прашања, кои се однесуваат на работењето на приватните геодетски фирми. Оттогаш, во уште неколку наврати, сè до крајот на месец ноември се работеше на утврдување на соодветни заклучоци по дискутираните прашања, по коишто на 17.11.2016 година се изготви финална верзија на Записникот со дефинитивни заклучоци, коишто се дистрибуирани до сите членки на Комората и до сите Одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности. Во рамките на овој Записник, би истакнал за постигнатиот заклучок околу заверките во висина од 100,00 денари за сите ГЕ изготвени во периодот од 03.03.2011 до 17.07.2012 година, истите да не се одбивани од катастар, туку странката при поднесувањето на ГЕ, заверката да ја плати во катастар;

 Понатаму, по однос на заклучоците од Записникот е дека доколку при изготвувањето на ГЕ е направена грешка во атрибутните податци, односно грешки, коишто се однесуваат на носителите на правата на надвижностите, истите нема да бидат основ за одбивање на елаборатите;

 На барање на Комората до Агенцијата за катастар на недвижности со цел на приватните геодетски фирми да им се овозможи пристап и користење на софтверот наменет за Регистарот на градежното земјиште, така што при изработката на геодетскиот елаборат за посебни намени – Нумерички податоци од страна на приватните геодетски компании со користење на овој софтвер ќе се добие еднозначен податок;

 Понатаму, со измената на Тарифникот за висина на надоместокот за користење и увид на податоците од Геодетско-катастарскиот информационен систем, за увид на податоци од Катастар на недвижности за Катастарска парцела, за згради, посебни делови од згради и други објекти, за носители на права на сопственост и други стварни права, облигациони права, прибележувања и предбележувања е намалена од 50 денари на 5 денари од пристап;

 Како придобивка на Комората претставува и иницијативата за одржувањето на Обуките за овластени геодети да бидат на регионално ниво во неколку центри на земјата, или во Одделенијата за катастар на недвижности на Агенцијата каков што е случајот со “Отворените денови на Агенцијата со Граѓаните” во чијашто концепција беа вметнати и “Отворените денови со приватните геодетски фирми”, со што значително се скратува времето и финансиските средства на овластените геодети, за сметка на ефикасност на обуката;  Донесена е одлука за формирање на Комисија од членови од Комората и преставници на Агенцијата за во изготвување на правилникот за Пописен катастар;

 Уште еден бенефит за работењето на приватните геодетски фирми е постигнат со изменувањето на Правилникот за одржување на Катастарот на недвижности, преку создавање можност за техничка надградба на системот, со што ќе се овозможи службеното лице по електронски пат да го извести подносителот на пријавата дека е потребно во рок од 24 часа од денот и часот на генерираното известување да ја дополни пријавата со потребните прилози, кои не се претходно приложени. Управниот одбор на Комората во континуираните средби што ги има со Директорот и стручниот тим на Агенцијата за катастар на недвижности не застануваат тука, туку се во постојана координација за идните проекти, во коишто приватните геодетски фирми ќе имаат активно учество во нивната реализација. Во оваа прилика би сакал да споменам некои од тие проекти, како на пример:

 ПРЕМЕР НА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ДРЖАВНА И ОПШТЕСТВЕНА СОПСТВЕНОСТ;

 ОРТОФОТО И ЛАСЕРСКО СКЕНИРАЊЕ НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА;

 ВОСПОСТВУВАЊЕ НА ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН (3Д) КАТАСТАР;

 РЕГИСТАР НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ;

 ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВ АДРЕСЕН РЕГИСТАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА;

 МАСОВНА ПРОЦЕНКА НА НЕДВИЖНОСТИТЕ.

Како и мноштво други проекти кои ќе ги изведуваат приватните геодетски компании.

Се надеваме дека соработката помеѓу Комората на трговски друштва за геодетски работи и Агенцијата за катастар на недвижности и понатаму продолжува во духот на партнерските релации, а во насока на надминување на сите предизвици со кои се соочува приватната геодетска дејност.

АКН: Нова стратегија за просторни податоци

inspire-cadastre-akn-makedonija

Агенцијата за Катастар на Недвижности на РМ во заедничка соработка со Катастарот на Холандија подготви нова тригодишна нацрт верзија – стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци.
Новата стратегија се очекува да се презентира во Јануари следната година. Целта е да се овозможи понатамошно усогласување со INSPIRE – Европската директива.

Отворен ден на Катастарот со компаниите

fb_img_1476891819638

Агенцијата за катастар на недвижности деветта година по ред ја спроведува акцијата отворени денови на катастарот.
Новина за оваа година е воведување на отворен ден за компаниите во Република Македонија. Така денес во соработка со Сојузот на стопански комори на Република Македонија имаме отворен ден за компаниите од Градот Скопје.

Отворените денови на Агенцијата за катастар и овозможува да биде поблиску до граѓаните и компаниите во Република Македонија, да ги слушне сите критики, забелешки и предлози, детално да ги разгледа и да изнајде начин за решавање, се со цел полесно и поедноставно остварување на правото на сопственост како едно од највисоките уставни права на граѓаните и бизнис заедницата.

Соработката на Агенцијата за катастар на недвижности и Сојузот на стопански комори на Република Македонија, започна да ги дава првичните резултати.

По одржаниот првичен состанок на 20 септември оваа година, започнавме со детално разгледување на проблемите со кои се соочуваат градежните компании кои се однесуваа пред се во делот на запишување на станбените зградии отворените гаражни места во катастарот.

Како резултат на оваа соработка и соработката со Геодетската комора на Република Македонија, Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности во понеделникот донесе дополнувања на Правилникот за премер на недвижности,Правилникот за геодетски работи за посебнинамени и Правилникотза одржување на катастарот на недвижностите .

Со дополнувањето на овие правилници се направи подобрување на регулативата, па така Гаражните места со отворена површина кои се наоѓаат надвор од затворениот гаражен простор во објектот,можат да се предбележуваат во Листот за Предбележување на градба а по изградбата на објектот ќе можат да бидат и предмет на премер и нивно запишување во катастарот на недвижности доколку основното одобрение за градење е издадено пред 29.08.2016 година односно денот на влегувањето во сила на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за премер на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ број 157/16).

Со оваа мерка се надминува проблемот кои го имаа Инвеститорите за сите објекти за кои добиле одобрение за градба пред воведувањето на новините со Законот за градежното земјиште односно воведувањето на задолжителноста при продавање на стан да се продава и дел од земјиштето кое ќе биде во заедничка сопственост.

Покрај ова подобрување на регулативата, со дополнувањето на правилниците се воведе и една новина а тоа е можноста да доколку се утврди дека геодетскиот елаборат изработен од приватните геодетски фирми има грешки во атрибутните, односно описните податоци, но не и грешки во просторните податоци, да може да се изготви Анекс на геодетскиот елаборат со кој анекс ќе се изврши корекција на атрибутните податоци. Во анексот треба да бидат содржани сите исправени податоци, а во техничкиот извештај да бидат наведени причините за исправката.
Со воведувањето на оваа новина се забрзува постапката за запишување на објектите во катастарот и се намалуваат трошоците на инвеститорите бидејќи досега при евентуални грешки направени од страна на приватните геодетски фирми мораше да се изготви нов геодетски елаборат што чини време и средства, а отсега со Анекс на геодетски елаборат ќе може брзо да се отстранат техничките пропусти а со тоа и побрзо да се запише објектот во катастарот.

Соработката со бизнис заедницата во Република Македонија продолжува па така отворените денови на катастарот веќе наредната недела продолжуваат за градовите Прилеп и Битола а до февруари 2017 година ќе бидат посетени сите градови во Република Македонија.

АКН и Комората договорија – ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ПРИВАТНИТЕ ГЕОДЕТСКИ ФИРМИ

Во духот на партнерските релации, којшто претставува еден од приоритетите на Комората на трговски друштва за геодетски работи и на Агенцијата за катастар на недвижности, како и во насока на надминување на предизвиците со кои се соочуваат приватните геодетски фирми во земјата, ве информираме за воведување на новитет, во делот на соработката помеѓу Комората и Агенцијата.

Имено, во рамките на веќе добро познатата пракса на колегите од Агенцијата за катастар на недвижности во “ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ СО ГРАЃАНИТЕ”, каде што на непосреден начин во директен контакт со вработените од катастарот, граѓаните се обраќаат и добиваат конкретни информации и одговори за решавање на проблемите поврзани со имотно-правните состојби на нивните имоти, со задоволство ве информираме дека за прв пат оваа година, на иницијатива на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Агенцијата за катастар на недвижности излезе во пресрет на нашето барање преку воведување на “ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ПРИВАТНИТЕ ГЕОДЕТСКИ ФИРМИ”, согласно изготвена агенда во временскиот период од октомври 2016 до февруари 2017 година во сите подрачни одделенија на катастарот.

На претставниците на приватните геодетски фирми ќе им биде овозможена посета на задолжителна интерактивна обука за овластените геодети, како и воспоставување на непосреден контакт за консултација и добивање на релевантни информации од службениците на Агенцијата.

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија

konferencija-nedviznosti-skopje-makedonija

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија се одржa денеска во Скопје, во организација на он-лајн аукциската куќа за недвижен имот Е-аукција.мк и консултантската компанија Knowledge center.
На конференцијата беа презентирани актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија и ќе се укаже на можностите кои постојат во овој сектор. Настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во оваа област.
На конференцијата се обратија вицегувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини Славче Трпески, како и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на РМ, и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.
Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Таа е производ на проектот Аукциски тигар, поддржан од компанијата Knowledge centar и Фондот за иновации на РМ. Целта на „Аукциски тигар“ е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

АКН со свој тим на помош кај колега настрадан од поплавите

FB_IMG_1471179171432

Директорот на Агенција за Катастар на недвижности со екипа од вработените денеска на помош во Стајковци, кај колега настрадан од големото невреме и поплава.

Можеби ве интересираclose