Category Archives: Катастар

Катастарот ќе ги чисти фиктивните сопственици од вашиот имотен лист

boris-tundzev

Согласно измените на законот за недвижности од јуни, во изминатите две недели се донесени и сите подзаконски акти со посебен акцент на членот за исправки на грешки при процесот на запишување на правата на сопственост кои се настанати при дигитализација на аналогниот премер од минатото, рече директорот  на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

-Со процесот на дигитализација настанале голем број на грешки во делот на сопственичките права, така што има многу голем број на случаи каде во имотните листови се појавуваат сопственици со на пример 2 или 3 метри квадратни, што значи дека во ваков случај или пак случај до 5 проценти грешка во премерите на катастарската парцела, граѓаните ќе мора да достават барање до Катастарот со кои ќе бараат иземање на ваквиот тип на сопственици, објасни Тунџев.

Тој појасни дека овој тип на барања ќе бидат без надоместок, а потребните документи граѓаните ќе може да ги достават до најблиската подрачна единица на Катастарот.

Најголеми проблеми од овој тип има во Драчево, Ѓорче Петров, Волково, Сарај и други.

– Преклопот од нов и стар план се влече подолг период како последица на дигитализација, токму затоа се отоворени и две нови подрачни функционални подрачни единици во Чашка и Македонска Каменица какде како и во градови како Гостивар, Берово, дел од Штип, Куманово сопственоста се утврдувала преку пописен катастар, што е процес кој мора де се заврши за да конечно се реши проблемот и овие граѓани да добијат имотни листови, вели Тунџев.

Извор ФОКУС, линк: https://fokus.mk/katastarot-ke-gi-chisti-fiktivnite-sopstvenitsi-od-vashiot-imoten-list/

Сопственоста низ призмата на урбанизмот – анализа на Порта3

Урбанистичкиот план од правен аспект претставува подзаконски акт којшто произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Генералниот урбанистички план (ГУП) и деталните урбанистички планови (ДУП) ги носи советот на општината (со исклучок на Градот Скопје, каде што ГУП-от го донесува Советот на Градот), во процедура строго пропишана во Законот за просторно и урбанистичко планирање. Просторниот план го носи Собранието на Република Македонија. Поради тоа крајно сериозно е донесувањето на плановите, бидејќи истите се основа за понатамошни инвестициски зафати со впечатливи финансиски вложувања, што е основа за севкупниот развој. ДУП-овите се основа за издавање услови за проектирање на градбите. Какви последици би имал инвеститорот кој целата финансиска конструкција, вложување во локацијата и изработка на проекти ги направил врз основа на легално издаден документ од општина, извод од план, а во меѓувреме планот се укине, инвеститорот не може да гради, а трошоците веќе ги направил. Ова мора да се има предвид и затоа е голема одговорноста на тие кои го носат планот да ја запазат процедурата за неговото донесување. Уставниот суд поведува постапка за уставноста на некој план само во случај кога е повредена процедурата за негово донесување.

dupjo7

Уставниот суд може да ја разгледува процедурата за донесување на планот и во колку не е во согласност со законот планот го поништува. Но, секој закон или подзаконски акт е само текст (во некои случаи обрасци и сл.), а ДУП е подзаконски акт којшто има и текст и цртежи. Уставниот суд не навлегува ниту во текстот, ниту во графичките прилози и по истите не поведува постапка за оценување на уставноста. Во некои случаи во текстот (одредбите од планот) или во графичките прилози се кријат елементи кои ја загрозуваат уставноста. Затоа и одговорноста на планерите и инженерите исто така е голема.

Ова укажува дека Уставниот суд не навлегува во суштината на планот, што е апсурд. Дали некој закон или подзаконски акт е во согласност со Уставот оценуваат уставните судии. Но што е со урбанистичкиот план како подзаконски акт – на пример ДУП. Бидејќи Уставниот суд не навлегува во планските решенија и одредбите во планот, коишто во некои делови сериозно може да ја обезвреднат сопственоста, којашто е една од темелните вредности гарантирана со Уставот на Република Македонија (не сум запознат дали на Правниот факултет се изучува урбаното право), во Уставниот суд неопходно е да одлучуваат рамноправно и експерти од урбанизмот по предмети од урбанистичките планови. Тие ќе можат навремено да ги увидат и да реагираат за спорните решенија во плановите.

4H5A7694
Жителите реагираа за неквалитет, но доцна е кога некој инвеститор пред вашата куќа или стан изгради зграда (зградурина) и ви го одземе сонцето, видикот, проветрувањето, зеленилото, воздухот со некомпатибилна наменска употреба. Ви ја повредил сопственоста којашто ви е гарантирана со Уставот, ви ја намалил вредноста на сопственоста, ве осиромашил. А што е со стручноста и одговорноста?
Морална одговорност секако сносат сите учесници во изработката на
планот (планери и ревиденти, мислења и согласности) и во неговото донесување
Градот, односно општината преку советниците.

Но како што напоменав на почетокот, планот го донесуваат избраниците на народот, советниците.

4H5A7738
Всушност одговорноста се релативизира и како и за секој закон или подзаконски акт, којшто може да има далекусежни последици, временски или материјално никој не одговара – планот е донесен во име на народот преку неговите избраници, но последиците ги трпи истиот.
Покрај градежната вредност кои се другите елементи кои ја заокружуваат вредноста на сопственоста. Другите елементи всушност претставуваат соседско право (секоја планирана градба која се предвидува да се гради има свои соседи и предизвикува влијание врз нив), а тие се:
• Право на пристап до локацијата и градбата
• Право на осончување на одредени простории во станот или куќата
• Право на проветрување на градбите односно просториите
• Право на видик (кај градби на коси терени)
• Право на мир и тишина
• Право на брза евакуација
• Право на сигурност и стабилност на градбата и градбите околу неа со пропишани дистанци меѓу градбите од аспект на обрушување при природни катастрофи
Ова би биле клучните елементи кои ја заокружуваат вредноста на сопственоста. Секако во вредноста треба да се вклучат и амбиенталните и архитектонски вредности на градбата и градбите околу неа и тоа не е за потценување, доколку како што кај нас беше пракса во плановите се наведени препораки за архитектонско обликување врз основ на историски стилови. Ова мешање во плановите е крајно неодговорно и може да се смета како притисок на планерите и оние кои го донесуваат планот.
11
Исто така мошне значајни елементи на градежната вредност се близината на здравствени центри, близината на спортско-рекреативни центри, паркови, близината на транспортни центри, трговски центри, можноста за сигурно паркинг- место, поврзаноста на квалитетна инфраструктурна мрежа (квалитетна сообраќајна мрежа, електрична мрежа, водоводна мрежа, канализациска мрежа, брз интернет преку оптички кабли) безбедноста на квартот, можностите за безбедност и сигурност од аспект на природни катастрофи, пожари и сл. Но дали овластените проценители при утврдување на вредноста на станот или градбата го имаат ова предвид. Не сум уверен дека сите елементи коишто се набројани погоре се вклучени во проценките.
Погоренаведените елементи на соседското право, врзано со сопственоста, всушност се решаваат или треба да се гарантираат со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање. Постои правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Сведоци сме дека Законот за просторно и урбанистичко планирање беше често пати дополнуван и изменуван (не навлегувам дали од објективни или субјективни причини). Исто така бројни дополнувања и измени претрпе и овој правилник. Една измена е карактеристична. Во правилникот висината на градбите се утврдува во плановите како максимална, но понатаму во нареден член за плац од 500 квадратни метри висината на градбата се утврдува како минимална од 21 метар, понатаму за плац од 1000 квадратни метри висината на градбата се утврдува како минимална од…!? Ова е директен удар на соседското право, односно сопственоста.
Врз основа на соседското право и сочувување на вредноста на сопственоста висината на планираните градби се утврдува врз основа на урбанистички анализи кои ги вклучуваат погоренаведените соседски права и се утврдува како максимална – и не може поинаку, бидејќи се повредува Уставот на РМ. (Но ова не го виде Уставниот суд).

8265745

legalizacija

Закон за легализација на бесправно изградени објекти

Законот за легализација на бесправните градби директно влијае на сопственоста. Според истиот може да се легализираат градби кои се надвор од инфраструктурни коридори со нивните заштитни појаси, градби кои се надвор од некакви заштитени подрачја и сл. Притоа заборавајќи дека според нашиот Устав граѓаните на Република Македонија имаат еднакви права. Значи постојат бесправни градби една во инфраструктурен коридор, а на 1 м од неа друга бесправна градба, којашто е надвор од инфраструктурниот коридор. Сопственикот на градбата којашто се наоѓа во инфраструктурниот коридор не може да ја легализира за да стекне сопственост (имотен лист), а сопственикот на градбата којашто се наоѓа надвор од инфраструктурниот коридор може да ја легализира со што стекнува имот (добива имотен лист), сопственост којашто има своја вредност. На овој начин повреден е Уставот на РМ бидејќи граѓаните немаат еднакви права. (Но и ова не го виде Уставниот суд.)
Всушност требаше да се донесе Закон за амнестија на бесправната градба, каде што сите сопственици на бесправните градби се амнестираат, со што сите стекнуваат сопственост, односно имотен лист. При рушење на бесправните градби кои се вон планските решенија, односно се наоѓаат во заштитени подрачја или на инфраструктурни коридори сопствениците се обесштетуваат. На тој начин Уставот немаше да биде повреден. Законот за амнестија на бесправната градба беше препорачан од експертите за земјишна политика при ФАРЕ некаде во 1997- 1998 година, по примерот на други европски земји. Италија на пример е земја во која пред да се донесе Законот за амнестија на бесправната градба имала приближно 3,5 милиони бесправни градби (Венеција е еден од градовите со најголем број бесправни градби). Ова е податок од експертите за земјишна политика на ФАРЕ.

divo1
Кога зборуваме за бесправната градба, сеедно дали е легализирана или не (освен онаа која плански се поклопува со предвидените површини и висини за градба) таа директно влијае на соседското право, намалувајќи ја вредноста на легалните градби, во некои случаи значително.
Градоначалниците, советот на општините и урбанистите планери треба добро да размислат за поставување нови градби или надградби во веќе плански изградени и оформени населби, бидејќи ова директно влијае врз сопственоста, многу често намалувајќи ја нејзината вредност.

Но што е со јавното право, односно јавниот интерес?

Планските програми имаат важна улога при зачувување и надградување на јавниот интерес во просторните и урбанистичките планови. Затоа добро обучени мултидисциплинарни експертски тимови, врз основа на сеопфатни анализи треба да работат во изготвувањето на планската програма. Програмата е обврзувачка за тимот на планери кои го работат планот. Низ планските решенија треба да дојде до израз јавниот интерес. Што кога јавниот интерес ќе надвладее над соседското право намалувајќи ја вредноста на сопственоста, дали тоа може да се процени и соодветно надокнади? Ова се однесува кога вредноста на градбите паѓа од причини што одредена инфраструктура се води близу градбите, како приоритет кој произлегува од јавниот интерес. Материјална надокнада следува ако градбата се наоѓа во инфраструктурниот коридор и се руши, но за оние градби што се непосредно до инфраструктурниот коридор и ја загадуваат околината (патишта) или ја загрозуваат (нафтоводи, гасоводи, електродалноводи) намалувајќи им ја вредноста, нема решение. Законодавецот и за вакви случаи сериозно треба да размисли и изнајде решение.
Се поставува прашање дали секогаш е сочуван или надграден јавниот интерес или е обезвреднет за сметка на некои приватни интереси и политички притисоци на кои подлегнуваат и планерите и урбанистите.Транзицијата низ кои поминува општеството, недоволно изградената демократија, ниското ниво на општествена свест и разни видови коруптивни влијанија се причина во поедини планови да не е доволно сочуван или надграден јавниот интерес, односно јавното право. Ова значи дека и планерите се под разни видови притисок. Но дали планерите се доволно обучени? Урбанизам се изучува во рамките на архитектонските факултети. Дипломираниот архитект веднаш може да почне да работи на урбанистички план, но не може да го води, да раководи со планерски тим. За тоа се потребни повеќе години работно искуство. Во минатото, со постари правилници за урбанистичко планирање, беа потребни најмалку пет години работно искуство и полагање пред стручна комисија во рамките на министерството надлежно за урбанизмот, за да се добие овластување за водење изработка на урбанистички планови. Денес овластувања дава Комората на овластени архитекти и инженери. Урбанистичкото планирање е сложен мисловен процес со мултидисциплинарен пристап. Раководењето на вакви планови бара добра едукативна надградба за да се усогласат постулатите од мултидисциплинарната работа. Најдобро едукативно наградување е во поголемите планерски куќи, (кои веќе скоро и да ги нема), каде се работат скоро сите видови планови и кои се составени од стручни лица од повеќе области. Во нив се создаваат експерти од областа на урбанизмот. Но план без визија не е план, што значи планерот треба да биде и визионер.

20180622131412_4H5A3452
Како и да е, планот со планските решенија не треба да ја намали вредноста на сопственоста, напротив треба да ја зголеми, преку зголемување на вредноста на градбите и вредноста на земјиштето. Но кога тоа е спротивно од наведеното, без разлика по чија иницијатива, планот мора да се најде пред Уставниот суд. За да не дојде до вакви непријатности, пред сè од аспект на зачувување на јавниот интерес и неповредливост на сопственоста, пред да се донесе планот, министерството коешто е надлежно за урбанизмот мора да има развиен оддел од експерти од повеќе области кои стручно, детално, сеопфатно преку мултидисциплинарна анализа го проценуваат планот и во колку е во ред даваат согласност за да може советот на општината да го донесе планот. Дали министерството надлежно за урбанизам денес го има потребниот капацитет? Не сум сигурен. Веројатно може да настанат пропусти, кои во крајна инстанца пак би требало да завршат пред Уставниот суд, па според ова Уставниот суд мора да има свои експерти, организирани во посебен оддел, кои ќе го дадат своето мислење (може ли за предмети од урбанизмот рамноправно со другите експерти по уставно право да одлучуваат и експерти од урбанизмот како уставни судии, бидејќи сопственоста е една од темелните вредности на Уставот, а нејзиното обезвреднување во планските документации може да го видат само урбанисти?)
И за на крај: пожелно е, од многу причини, под итно да се формира ново посебно Министерство за урбанизам и домување (по примерот на САД) каде што ќе има професионалци.

Автор: Мирко АНДОВСКИ-ВАЛАИЧАРСКИ, дипл.инж.арх.

Превземено од онлине портал ПОРТА 3 – линк до оригиналот – https://www.porta3.mk/sopstvenosta-niz-prizmata-na-urbanizmot/

До 30 јуни е рокот за доставување Геодетски елаборат за Легализација

katastar mzsv georeport

Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување
со бесправно изградените објекти (“Службен весник на РМ” бр.190/2017), е продолжен рокот за легализирање до крајот на месец декември 2018 година.
Од 01 јануари до 30 јуни 2018 година, овозможено е за сите оние граѓани, коишто за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација да стекнат право во овој дополнителен рок, да поднесат нови барања за утврдување на правен статус на бесправен објект со комплетна
документација.
Барателите кои немаат доставено Геодетски елаборат за утврдена фактичка состојба на бесправен објект до 31 декември 2017 година, можат да достават Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект, најдоцна до 30 јуни 2018 година.

21 Март – Светски ден на Геодетите

geodetic-surveying-featured

Geodesy is a symbol for a business surveyor

Теодолит од XIX век во колекцијата на Кат-стар Про

FB_IMG_1517655867360

Теодолит од крајот на XIX век ја збогати колекцијата на инструменти во витрините на Кат-стар Про.

Овие инструменти биле значаен фактор во развојот на геодетската дејност.

Јавна трибина по текстот за измена на Законот за Катастар на Недвижности

444

Врз  основа  на  предложените  законските  измени  на  постојниот  Закон  за  катастар на  недвижности,  изготвени  од  страна  на  Агенцијата  за  катастар  на  недвижности,  како Управен  одбор  на  Комората  на  трговци  поединци  овластени  геодети  и  трговски друштва  за  геодетски  работи,  цениме  дека  сите  членки  на  Комората  е  неопходно  да бидат  транспарентно  и  навремено  информирани  по  однос  на  споменатите  измени,  и истовремено,  проактивно  да  покажат  иницијатива  и  да  се  вклучат  во  една  поширока дискусија,  односно  јавна  трибина,  на  којашто  вообичаено  се  образложуваат  сопствени видувања  и  предлози  што  резултирале  врз  основа  на  стекнато  искуство  и  работење  во приватниот  сектор.

Барањето  на  Комората,  доставено  до  нејзините  членки  да  достават  свои конкретни  предлози,  сугестии  и  мислење  врз  база  на  доставениот  Нацрт-материјал  по измените  на  постојниот  закон,  не  вроди  со  плод,  од  причина  што  многу  мал  број  на колеги  се  одѕваа  на  дописот,  така  што  во  целата  постапка  недостасува  критичка  мисла и  поттик  за  реализација  на  измените  на  постојниот  Закон  за  катастар  на  недвижности  , кој ќе  биде  применлив  и  корисен  за  приватната  геодетска  пракса.

Во  очекување  на  Ваш  придонес  во  креирањето  и  обликувањето  на  претстојните измени  на  споменатиот  закон,  Ве  покануваме  да  земете  активно  учество  во  рамките  на јавната  Трибина,  закажана  на  02.02.2018  година,  (петок),  во  Амфитеатарот  на Градежниот  факултет  во  Скопје,  со  почеток  во  09.30  часот,  на  којашто  во  присуство  на претставници  на  Агенцијата  за  катастар  на  недвижности,  јавно  и  отворено  ќе  се дискутира  по предлог-измените  на  Законот  за  катастар на  недвижности.

Цениме  дека  единствено  на  ваков  начин  ќе  може  да  се  даде  конструктивен придонес  на  предложените  измени  на  постојниот  закон.

 

Со почит,

Претседател на  Комора  на  трговци поединци  овластени  геодети  и  трговски друштва  за  геодетски  работи  на  РМ

м-р Горан Јованоски, дипл.геод.инж.,  с.р

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци

world-map-georeport

Македонија и Бугарија ќе разменуваат картографски и геодетски податоци, како и катастарски материјали. Тоа го предвидува Меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за катастар и недвижности на Македонија и бугарската Агенција за геодезија, картографија и катастар, што денеска беше потпишан во Струмица, во рамки на првата заедничка седница на владите на двете држави.

Размената на катастарски информации, особено за пограничните области, ќе помогне во реализацијата на повеќе економски проекти за подобрување на локалните самоуправи во двете земји.

Во документот се предвидува реализирање заеднички регионални проекти од заеднички интерес, финансирани од фондовите на ЕУ.

Со размената на информации се создаваат и услови за поврзување на геодетските мрежи, што ќе даде позитивен ефект врз дејностите во геодетската област, картографијата, катастарот во рамки на европската заедница.

Меморандумот е со рок од десет години.

Што е Геодетска дејност?

boundary1

Дали некогаш сте си поставиле прашање што е Геодетска дејност?

Геодезијата како научно-техничка дисциплина опфаќа широк ранг на научни, инженерски и административни проблематики. Од утврдувањето на математичкиот модел на планетата Земја до физичка делба на парцела (нива) помеѓу двајца браќа во Зелениково.

…..

Но, дали Геодетската дејност е добро дефинирана, промовирана и пласирана од избраните претставници, од стручната фела, од администрацијата која е платена за тоа од државата?

Ова нека биде само идеа и поттикнување на темата.

Ова тема ќе ја истражуваме и анализираме детално.

Делегацијата на Комора на Генералното Собрание на советот на геодетите на Европа и ИНТЕРГЕО

komora delegacija clge

Во периодот од 28-30.09.2017 година, во Потсдам, Германија, делегацијата на Комората на трговски друштва за геодетски работи во состав, м-р Горан Јованоски- претседател и м-р Надица Мишеска и м-р Никола Рибароски-членови на Управниот одбор на Комората, остварија посета на Генералното Собрание на советот на геодетите на Европа и Саемот за геодезија и геоинформации ИНТЕРГЕО во Берлин.

Се подготвуваат законски измени со нови рокови за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

legalizacija vizuelno objekti

Министерство за транспорт и врски подготвува измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Со измените на овој закон се дава можност на сите лица кои од кои било причини не успеале досега да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак тоа да го комплетираат (не доставиле соодветна документација во согласност со законот), во пропишаниот рок да го направат истото тоа, под истите услови што важеле досега.

„Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти се уредуваaт условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти. Од март 2011 година со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кога започна процесот на утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, беа донесени повеќе изменувања и дополнувања на законот во различни сегменти, вклучувајќи и измени во рокот за поднесување и комплетирање на барањата со поднесување на елаборати. Овој рок за поднесување на геодетски елаборати во согласност со последниот рок заврши заклучно со 31 декември 2016 година. Со овие предложени измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, односно тој да биде од денот на отпочнувањето на примената на овој закон, односно од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година“.

Катастарот воведува нови поефтини цени

Logo_Katastar

Новиот директор на Агенцијата за Катастар на Недвижности, Борис Тунџев, после работниот состанок со претседателот на Комората на Геодетски фирми Горан Јовановски и министерот за транспорт и врски Сугарески, објавија нови моменти во работењето на Катастарот (АКН)


Го објавуваме интегралниот текст од изјавата на Министерот за Транспорт и Врски, г-дин Сугарески по денешниот состанок со претседателот на Комората , г-дин Горан Јовановски и директорот на АКН г-дин Борис Тунџев.


Изјава, Горан Сугарески, 25.08.2017
Во изминатиов период во рамки на редовните средби со граѓаните, како надлежно министерство нотиравме одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат при остварувањето на нивните имотни права и користењето на некои услуги од нашиот ресор, и затоа на моја иницијатива денес остваривме исклучително важна работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности и со Комората на приватни геодети. Ја користам приликата да ја информирам јавноста дека отворивме многу сериозни прашања за унапредување на геодетската политика и зголемување на ефикасноста и брзината на услугите што ќе биде во функција на квалитетно, навремено и ефикасно сервисирање на потребите на граѓаните и институциите. Најавувам реализација на уште едно предизборно ветување на новата Влада, а тоа е намалување на цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности до 50 %, што во пракса ќе значи дека граѓаните за истите ќе плаќаат значително помали цени од досегашните. Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека е неопходно да вратиме дел од овластувањата на приватните геодетски фирми. Имено, наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централната власт, заради забрзување на услугите праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми, кои ќе ги исполнат неопходните услови. Впрочем, приватните геодетски фирми претходно имаа такви овластувања согласно Закон, но истите им беа одземени за сметка на Агенцијата за катастар. Ние сме убедени дека со ваквиот пристап ќе ја вратиме конкуренцијата што дополнително ќе го унапреди квалитетот на услугите. Се разбира, го отворивме и прашањето за утврдување на пазарна цена на услугите што ги нудат приватните геодетските фирми. Се согласивме долната граница на цената на услугите да остане регулирана како и досега, додека горната цена на услугите ќе биде регулирана во согласност со пазарните услови. Разговаравме и за ублажување на казнената политика и воведување на мерката опомена. Превземавме обврска да направиме одредени анализи и во најкус можен рок да излеземе со конкретен предлог кој повеќе ќе се темели на превентивни мерки и политики отколку казни по секоја цена кои беа форсирани од претходната влада. Наша цел не е да бидеме страховлада туку да останеме сервис на граѓаните и мотор на економскиот развој. Најавувам дека ваквите средби ќе станат редовна пракса бидејќи наша заедничка цел е унапредување на геодетската дејност во Република Македонија и нејзино прилагодување на потребите на граѓаните и институциите.

Превземено од Комора на овластени Геодетски фирми

Борис Тунџев – нов директор на Агенцијата за Катастар на Недвижности

boris-tundzev

Нов директор на Агенцијата за катастар и недвижности е колегата м-р Борис Тунџев дипл.геод.инж. Тој е магистер по технички науки од областа на Геодозијата.

Тунџев од 2011 со 2016 беше претседател на Коморaта на трговски друштва за Геодетски работи. Член е на комората на овластени архитекти и инженери и член и делегат во Собранието на Советот на геодети на Европа.

Цени и вредност на Геодетските мерни инструменти

76410122-measuring-geodetic-instruments-and-drawings-are-on-the-table

Геодетски мерни инструменти – главен алат за спроведување на Геодетски теренски инженерски активности!

Канцелариските инженерски пресметки од геодетската струка, во финална фаза прикажани како координати или друга форма на геометрија разбирлива за другите општествени сектори, на терен во проектите, доверливо и точно, се спроведуваат со геодетски мерни инструменти и опрема.

Бидејки се работи за инструменти со харедверски и софтверски елементи кои треба да постигнат  точност на мерењата во секакви надворешни теренски услови и нивната цена е релативно висока.

totalni-stanici-georeport

Цената и вредноста на геодетските инструменти ќе ја анализираме од два аспекти.

1 – Фабричка, производна цена, дадена од производителите

2 – Цената во однос со потребата,  односно искористеноста во геодетскиот инженеринг и теренските мерења

Координати – математички модели и пресметки

FB_IMG_1497741063916

Кога Геодетско стручно лице ќе рече: Ви испорачуваме координати, должини и површини – тој освен неколку бројки на хартија, мисли и на следниве математички пресметки кои се теоретската подлога за добивање координати во соодветен координатен систем.
FB_IMG_1497741048953

Основни математички модели со пресметки од кооординати

FB_IMG_1497740911965
FB_IMG_1497740919343

FB_IMG_1497740974296FB_IMG_1497741001707FB_IMG_1497741119044 FB_IMG_1497741106107 FB_IMG_1497741072742 FB_IMG_1497741063916 FB_IMG_1497741055990 FB_IMG_1497741041481

Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

FB_IMG_1496930412050

Агенцијата за катастар на недвижности ја организира Десеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци, на Тема: “Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор како и универзитетите, во процесот на управување со геопросторните информации”, која се одржува од 8-9 Јуни 2017 година во “Музеј на македонската борба” во Скопје

Целта на оваа конференција е споделувањето на искуствата меѓу земјите од Регионот од областа на катастарот и инфраструктура на просторни податоци со цел воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемениот број на трансакции, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.

На регионална конференција учествуваат катастрите од Словенија, Хрватска, Федерација Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и од Македонија. Исто така тука се присутни и коморите на приватните геодетски фирми од земјите на Балканскиот Полуостров кои за прв пат учествуваат на оваа конференција и се надеваме дека во годините што следуваат нивното присуство ќе биде во поголем број и ќе стане традиционално.

На регионалната конференција присутни се и нашите пријатели од шведскиот, холандскиот и норвешкиот катастар, исто како што и во изминативе 10 години континуирано ни даваа огромен придонес за развојот на катастрите од Балканот. Но и претставници од EuroGeographics, UN-GGIM Europe, Council of European Geodetic Surveyors, претставници од факултетите од Бугарија, Хрватска и од Македонија.

Изминативе 10 години благодарение на регионалната соработка помеѓу катастрите се обезбеди можност за учење едни од други, можност за споделување знаење и добри практики, можност за меѓусебен позитивен натпревар во развојот на катастрите, но и можност за нови иницијативи во регионалната соработка како, на пример, воспоставување прекугранична соработка во областа на размената на податоци и сервиси од националните ГНСС-системи, заедничкиот настап на земјите од регионот пред меѓународните организации, како и заеднички настап со регионални проекти од областа на катастарот и инфраструктурата на просторни податоци пред донаторската заедница.
Како резултат на оваа заедничка соработка Европската унија го финансираше проектот ИНСПИРАЦИЈА – Инфраструктура на просторни податоци во земјите од Западен Балкан – со цел промоција и јакнеење на капацитетите на земјите од Западен Балкан во процесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата. Потоа следеше ИМПУЛС проектот, кој е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и има за цел да го поддржи градењето на капацитетите на националните агенции за катастар и геодезија во воспопставувањето на национална инфраструктура за просторни податоци, воспоставување на техничка интероперабилност помеѓу институциите од Регионот, како и развој на услуги и сервиси со цел размена и споделување на геопросторните податоци помеѓу земјите од Регионот. Кон почетокот на оваа година започна со имплементација Регионалниот проект-Strengthened Professional Access To Information About Land (SPATIAL) in the Western Balkan Region–финасиран од страна на Холандското министерство за надворешни работи во рамките на МАТРА предпристапната програма.Со овој проект се планира да им се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до расположливите геопросторни информации. Иницијативите на директивата за повторна употреба на информациите од јавниот сектор, ИНСПИРЕ директивата, развивањето на услугите за глобален мониторинг за заштита на животната средина, управувањето со глобални геопросторни информации (UN-GGIM) за Европа, дигиталната агенда на Европа како и Агендата 2030 Глобално управување со земјиште и одржлив развој , катастар 2034 FIG се перспективи кои го трасираат патот на националните агенции за катастар и земјишна администрација.

Сугарески: Претстојат темелни реформи во Катастарот

АКН

– Влада планира да се занимава со темелни на суштински реформи поврзани со областа на геодезијата и катастарот со вклучување на што е можно поголем број на релевантни субјетки – рече Сугарески на десетта Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци во организација на Агенцијата за катастар на недвижости.

Сугарески очекува искуствата од земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторните податоци, дапридонесат за воспостување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за оддржлив развој на општеството во целина.

На конференцијата учествуваат директори на катастрите на Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и од Бугарија.

10 години Приватна Геодетска пракса, 40 години Виша Геодетска Школа, 70 години Геодетска Управа

godisnina-geodetska-fela-1

ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМОРАТА НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА CLGE ВО ЛОЗАНА

CLGE Lozana 2017 Komora Geodeti

Во периодот од 19.04.2017 год. – 23.04.2017 год, на покана од Советот на Европската Асоцијацијана Геодети, која во соработка со Генералното здружение на геодети на Европа организираа Семинар, што се одржа од 19-23 Април 2017 година во Лозана-Швајцарија, Комората на Геодети имаше свои претставници од управниот одбор.
image-0-02-05-234db06102843be1899327cd5ca323a3c30dd6e8c24895507f0b4461b82e7bb5-V (1)

За време на нивниот престој во Лозана, согласно Агендата на настанот, претставниците на Комората учествуваа на меѓународната WPLA / CLRKEN Конференција на тема: Земјишна администрација и управување со земјиштето во ерата на информациите, на којашто работилницата беше вградена и прославата по повод 100 години на IGS.

Преку следење на презентации на неколку колеги искористена е можноста за дискусија каде се разменети искуства од работењето во геодетската пракса.

Повеќе информации на официјалната страна на Комората – линк –

 

6 Мај – ДЕН НА ГЕОДЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

geodeti na instrument grafika

Честитка до Геодетската фела по повод 6 Мај – Денот на Геодетите во Република Македонија.

geodetsko merenje totalna stanica na prizma georeport

 

 

 

 

 

 

 

Georeport

Агенцијата за Катастар на Недвижности и Комората на Геодети одржаа работен состанок

rabotna sredba AKN i Komora 10.04.2017

Во Агенцијата за катастар на недвижности, на ден 10.04.2017 година, се одржа заеднички состанок со членовите на Управниот одбор на Комората, директорот и високи претставници на Агенцијата за катастар на недвижности.
rabotna sredba AKN i Komora 10.04.2017 2
По усвојувањето на точките од дневниот ред на состанокот, се пристапи кон усвојување на Записникот од претходната седница, одржана на 05.10.2016 година, коишто заклучоци во најкус можен рок ќе бидат доставени до сите Трговски друштва за геодетски работи и до сите подрачни одделенија на Агенцијата.
Во продолжение на состанокот, се дискутираа прашања и проблеми со кои се соочуваат приватните геодетски фирми во секојдневното работење и се изнаоѓаа начини за можни решенија за нивно надминување и отстранување во иднина.
Како трета точка се водеше дискусија за изработка на нов Закон за катастар на недвижности, во којашто Работна група, за прв пат има 4 претставници од редовите на приватните геодетски фирми, со напомена дека бројот на претставниците од редовите на Комората, вклучени во креирањето на новиот закон, најверојатно ќе биде двојно зголемен. Како производ од работењето на Мешовитата Работна Група, формирана од претставници на Комората, Агенцијата, Градежниот факултет и надворешни соработници, постои веќе изготвен нацрт-документ на којшто се потрошени значителен број работни часови. Овој нацрт-документ ќе претставува една појдовна основа за изработка на новиот закон, со тоа што во претстојниот период финалниот предлог за новиот закон ќе биде дистрибуиран до сите приватни геодетски фирми, до Градежниот факултет во Скопје и преку организирање на јавни дебати и трибини, се планира да се постигне посакуваната цел, односно, новиот закон да биде во полза на сите геодети. Стартот за отпочнување со изработка на Законот е предвиден за почетокот на месец мај, а веќе на почетокот на месец јуни е планирано да го имаме првичниот драфт нацрт на истиот.
Четвртата точка на состанокот, се однесуваше на координацијата за одржувањето на настанот по повод организирање на прослава на тројниот јубилеј 70 години постоење на Агенцијата за катастар на недвижности, 40 години од висока образовна дејност на Градежниот факултет-Скопје и 10 години од востановувањето на приватната геодетска дејност во Република Македонија. По повод овој настан, кој е планиран за 10-ти јуни 2017 година во Скопје, ќе биде промовирана репрезентативна заедничка Монографија на трите институции, понатаму ќе се доделат плакети на поединци за значајни достигнувања и придонес во развојот на геодезијата, за на крај да се одржи и Редовно Годишно Собрание на Комората на трговски друштва за геодетски работи за 2017 година.
На овој настен, ќе му претходи и одржувањето на Регионалната 10-та по ред Конференција за Национална инфраструктура на просторни податоци, закажана за периодот од 8-9 јуни 2017 година во Скопје, на која се поканети претставници на регионалните катастри, регионалните геодетски комори, претставници на Советот на геодетите на Европа, претседателката на ФИГ, итн.
Заеднички заклучок на присутните е дека состанокот помина во одлична работна атмосфера и дека точките предвидени за дискусија во целост беа исцрпени.

Можеби ве интересираclose