Геодетски апликации на современите smart телефони и GPS уреди

geodesy app

Денеска, кога сите користиме барем по еден smart телефон, а 90% имаат и некоја основна верзија на А-GPS , GPS или понапредните дури и GPS/GLONASS ресивери, се поинтересни стануваат и GEO-апликациите кои би можеле да ги користиме.

garmin_gpsmap64_page-topo-europakarte-1Идентификација на парцела, приближна површина, информативна должина на рута или вертикален профил на локален пат … Сите овие функции можат да битат корисни при првичен теренски увид.

Секако, ова не значи дека може да се користи било кој паметен телефон или било која бесплатна апликација за професионални потреби, но сепак е сегмент кој е во развој и може да се примени во Гео – работењето, односно да олесни некои задачи кои се од општ карактер.

Следејки го овој тренд со масовно користење на популарните Android оперативни системи, некои производители на квалитетни GPS уреди почнаа на пазарот да нудат рачни GPS/GLONASS уреди со метарска точност на позиционирање и со Android оперативен систем на кој можат да се инсталираат најразлични бесплатни и професионални апликации.
Имавме на тест  GARMIN Monterra® GPS/GNSS картирање со Android™ платформа

monterra 1Одличен рачен GPS/GNSS уред, кој со добри апликации може да искористи како многу ефикасна алатка за картирање и идентификување на локации од карта, секако во одредени дејности, согласно точност ана позиционирање.

Можеби ве интересираclose