Финалaлен извештај од проектот Катастар на недвижности и регистрација 2005-2015

proekt katastar nedviznosti 2005 2015

Главната цел на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“кој се имплементираше во две фази ( 2005-2010 и 2010-2015 ) беше да се изгради еден ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и регистрација, со што ќе се придонесе за развојот на ефикасен пазар на земјиште и недвижен имот на територијата на Република Македонија.
За да се покрие целата територија на Република Македонија со катастар на недвижности во што пократок рок, беше донесена одлука да се започне проект финансиран од страна на Светска банка наречен„Катастар на недвижности и регистрација“ (КНР). Проектните активности беа фокусирани кон:
1. Забрзување на воспоставувањето на катастарот на недвижности (КН) и запишување на правата на недвижностите;
2. Подобрување на процесите и процедурите преку реконструирање на канцелариските функции и воведување автоматизација и ИТ-технологија;
3. Подобрување на институционалниот капацитет и човечките ресурси на АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување и развој на човечки ресурси;
4. Развивање на капацитетите на Владата за формулирање политики со цел да се создадат ефикасни пазари на недвижности.

Директни корисници на проектот КНР се граѓаните на Република Македонија, а особено актуелните и потенцијалните сопственици на недвижен имот, инвеститорите, експертите и компаниите кои учествуваат во трансакциите со недвижен имот, банките, единиците на локалната самоуправа, државните управни органи и професионалните корисници.

Целосниот извештај и обраќањето на директорот на Агенцијата за Катастар на Недвижности, г-дин Славче Трпески , можете да го погледнете ан овој линк: http://www.katastar.gov.mk/mk/Brosura.pdf

Можеби ве интересираclose