Продолжени роковите за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

legalizacija vizuelno objekti

Рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година. Ќе биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година.

Ова се дел од измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата го усвои на последната седница.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека измените се направени по направените анализи и консултации со граѓаните и геодетските фирми.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси, напомена дека тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година.

Освен ова, со измените се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.

Досега се легализирани околу 90 илјади дивоизградени објекти од вкупно поднесените 350 илјади барања за легализација.

Можеби ве интересираclose