Социјално ранливите категории ќе плаќаат 50% поефтино за геодетски елаборати

Спасов - Трпевски

Владата на Република Македонија преку МТСП  донесе одлука со која се намалува цената на чинење на геодетски елаборати за бесправно изградени објекти за 50 %, при што покрај за корисниците на социјална парична помош, оваа поволност ќе можат да ја користат и лицата корисници на постојана парична помош, како и самохраните родители на деца со пречки во развојот.

-Со оваа мерка се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти, делови на објект за 50 отсто и тоа- за објект од 50 м2 и за објект од 51 м2 до 150 м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за бесправно изградени објекти на објекти од 50 м2 од 2.000 денари на 1.000 денари и да се намали цената за легализација од 51 до 150 м2 од 41 денар/м2 на 20 денари/м2, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Оваа мерка ќе стапи во сила од почетокот на наредната недела, по објавување на измените во службен весник на Република Македонија.

Социјално ранливите категории, за кои е наменета оваа мерка, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до геодетските фирми.

Извор: Влада на РМ

Можеби ве интересираclose