Предавања од проф. Карел Павелка (Czech Technical University in Prague – CTU)

gradezen fakultet geodezija skopje

Почитувани колеги,

во името на Раководителот на катедрата за Виша геодезија проф. д-р Златко Србиноски, ја користам оваа прилика да Ве поканам на организираните предавања од проф. д-р Карел Павелка, кои ќе се одржат во петок (4.05.2018 г.) од 11 часот во салата за состаноци на Градежниот факултет во Скопје.

Професорот Павелка е во официјална посета на нашиот факултет на покана на Деканатот на ГФ.

Презентациите кои ќе бидат презентирани се со следниот редослед:

– Презентација за Градежниот факултетот од Прага со осврт на студиските програми и можностите за мобилност на студенти(времетраење 30 мин.).
– Употреба на безпилотните летала за картирање на археолошки локалитети и историски споменици (времетраење 30 мин.).
– Примена на магнетометар и георадар при аквизиција на просторните податоци (времетраење 30 мин.)

Добредојдени се сите заинтересирани слушатели,

Со почит,
доц. д-р Златко Богдановски

Можеби ве интересираclose