Признавањето на инженерските професионални квалификации во Европската Унија

Komora OAI Makedonija

Во склоп на македонската недела на инженерството на 18 октомври 2017,  Комората заедно со LATTANZIO Advisory го организираа настанот „Признавањето на инженерските професионални квалификации во Европската Унија и меѓународниот аспект на инженерската дејност, согласно Европската директива за професионални квалификации“, кој се одржа во хотел Мериот.

Предавачи на настанот беа еминентни домашни и меѓународни предавачи за семинарот – меѓудругите – Генералниот секретар на Европската федерација на инженерски асоцијации (FEANI) Dirk Bochar од Брисел; Потпретседателот на Европската Асоцијација на инженерски Комори (ECEC) Hansјорg Letzner од Италија; Претседателот на Бугарската Комора на архитекти Борислав Игнатов; Рената Гомбоц, претставник од Словенечката инженерска комора.

Настанот го посетија околу 100тина инженери, кои имаа исклучително позитивно искуство во однос на темите, предавачите и организацијата на настанот.

НА СТРАНАТА НА КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ИНЖЕНЕРИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ ОД НАСТАНОТ. ПРИТИСНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

Можеби ве интересираclose