GARMIN GPS во инженерски активности

GARMIN-etrex-banner

GPS? Глобален систем за позиционирање.
Одредувањето локација со сателитско позиционирање е веќе секојдневие, а секако е неизбежна технологија во инженерството, посебно во теренски поврзани активности.
3Д локацијата (координати) е основен момент при секое планирање, проектирање, изведба или надзор на објекти на теренот. Зависно од потребата и фазата, се бара различна точност на позицијата, но тоа е широка и стручна тема па конкретно се прецизира со проектните барања.
Тема на овој текст е примената на рачен GPS уред GARMIN во некои инженерски активности.

GARMIN eTrex GPS serija

Рачните GPS уреди позиционират со навигациска точност, односно точност доволна при првична обиколка на теренот, при првично добивање на висински профил со основни информации за понатамошно планирање или теренска навигација до позиции кои е потребно да се најдат на терен.
Ако се избере соодветен модел со GPS/GLONASS приемник, може да помогне во многу инженерски активности на терен. Новите GARMIN Модели имаат вградени топо карти и можност за поставување државен координатен систем што може да биде од корист за прибирање и картирање на специфични точки, профили и површини.


Сите снимени теренски податоци (точки, линии, површини), може да се превземат, прегледуваат и обработат на компјутер преку соодветни апликации и со export да се применат во некоја CAD или GIS апликација за работа.
GARMIN basecamp_tour_full_02


Од аспект на буџет, GARMIN рачни GPS уреди може да се набават со цени од 7480 до 35000 денари, зависно од бараните карактеристики, но и основниот модел го дава главниот податок – 3Д локација на терен.


Детални информации за GARMIN на овој линк
www.garmingps.mk/etrex.html
или контактирајте на 078 306 200


 

Можеби ве интересираclose