Гео Информациски Системи – информации поврзани на локација

AAEAAQAAAAAAAAbCAAAAJGE1NWQyY2YxLWYxNWUtNGU5Ni04NTY5LTM4ZjExNzQ3N2YxNQ

GIS – технички поим со широко значење, краток назив за Гео Информациски Систем.

Претставува систем во кој на гео-локација  (3D координати) се поврзуваат различни информации со кои подетално ќе се опише локацијата.

Е сега, зошто GIS?

Најбрз, најпрегледен, најлесен начин да се дадат информации за одреден простор (локација), а тоа да биде еднозначно/разбирливо за поширок круг корисници е суштината на Гео Информациските системи.

Capture9

Идеата е што повеќе информации за реалниот свет, просторот околу нас, преку осмислен организиран систем, да се приврзат за конкретна локација (точка/позиција) од просторот.
data_gis

Кој би имал придобивки од GIS?

Од случаен интернет корисник, па до раководни лица во институции.

Гео Информациски Систем претставува и наједноставна туристичка карта, а и најсложен систем за комплетно урбанистичко управување со просторот. Секако, сите системи се развиваат според потребите на корисникот и типот на информација која сака да ја презентира.

Во стручната, инженерска јавност, се попопуларни се GIS на инфраструктурни објекти (BIM – Building Infrastructure Management). Главната цел на еден ваков систем е креирање просторна база на податоци за сите елементи на објектот со нивна 3D локација во соодветен локален или глобален координатен систем.

Navisworks3

На секој елемент од објектот се приврзуваат информации кои ќе бидат корисни при понатамошното редовно одржување и ремонти. Тоа може да бидат информации за материјалот и начинот на одржување, податок со термин  за редовен сервис или контрола, податок за извршени проверки и многу други конкретни информации.

Можеби ве интересираclose