Ново од 2006 година е стартот на приватната Геодетска пракса а со тоа и приватните Гео Компании. Води ли ова кон подобра Геодезија?

Ново во 2006 година е почетокот на приватната геодетска пракса, со што се очекува подобрување на состојбите првенствено со ажурноста на Катастарот, а и во сите области каде просторните податоци се користат за планирање и анализи.
Неколку месеци по донесениот Закон со кој геодетскиот премер за ажурирање и одржување на катастарскиот систем се префрла во рацете на приватни Геодетски фирми се појавија и првите субјекти во овој значаен општествен сегмент.
Сегашните состојби во Катастарот укажуваат дека многу треба да се направи за да добиеме еден современ Катастар кој со кратки шалтерски процедури ќе обезбедува и одржува податоци за сопственоста и други атрибути на недвижностите во нашава држава. Нормално е да се очекува дека со стартот на приватниот сектор стандардите во оваа дејност ќе се подигнат но сепак е рано да се оценува до кое ниво ќе оди развојот.
Според Законот, да се регистрира друштво за геодетски работи треба да се задоволат одредени услови од областа на стручна подготвеност (лиценца за работа) и техничка опременост со соодветни технологии што ќе ја задоволат побараната точност на просторен податок што ќе се евидентира во Катастарот.

На оваа тема ќе елаборираме информации, предлози и критики од сите заинтересирани учесници во овој значаен општествен сегмент.

До брзо видување, имајте убав ден!
А.Тушев, дипл.геод инж
e-mail: mail@georeport.mk

14.05.2006

Можеби ве интересираclose